„Белите слонови“ на Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата chipicaoo
  • Време на започнување Време на започнување

chipicaoo

unknown
Член од
11 септември 2011
Мислења
763
Поени од реакции
874
Локација
@Easter Island
Изразот Бели Слонови означува голема промашена инвестиција која на Западот ја употребуваат.Па така потикнат од големата експанзија на градење и ширење и одавање важност на СКОПЈЕ 2014 решив да ги барам Белите Слонови кои што во изобилство ги има.Највеќе ми остави во печаток МОСТОТ ОКО И МОСТОТ НА УМЕТНОСТА.
МОСТОТ ОКО си викам дали е мост или директно води до една лимена ограда влез на археолошкиот музеј и толку.Се чудам по него ке одат само оние кои ке го посетуваат музејот и назад не може да никаде да се оди на друго место од другата страна на Вардар пример кон Бит-пазар Универзитето Кирил и Методиј едноставно сите што сакаат да поминат од левата страна не можат од мостот Око.Нит има некои скали кои водат доле на кејот на Вардар или оставено место за излез за мостот да стане мост.Преку овој мост не се оди никаде другде освен до блезот на музејот екслузивна патика или мост како што го нарекуваат за една употреба со задолжителна повратна карта.
МОСТОТ НА УМЕТНОСТА води само до влезот на Јавното обвинителство чудо невидено гледаш уметност релаксација и правац кај јавниот обвинител прва и последна станица нема више каде да се оди се вртиш лево десно ама џабе нема каде понатаму.
Си викаш абе не сум нит за музеј нит за јавен обвинител одговор фино лепо погоре ке се проодиш и ке го поминеш камениот мост кој е изграден пред едно 500 години и ке си поминеш на другата страна или малку подоле кај Холидеј ин каде исто градителите пред 50 години нашле начин да ја спојат левата и десната страна на Скопје.Инаку зашто би служеле мостовите.
Е ова се некои од Белите слонови на Скопје ме интересира дали и вие некој Бел слон ке најдете и ке го споделите.
(Инаку темата се однесува на сите промашувања во Скопје бидејќи гледам темата Скопје 2014 е општа па решив да направам за утките на владата)
 
Кога на еден странец му покажав слики од Скопје со изградените споменици, објекти и мостови знаеш што ми кажа? Ми кажа: вашиот град изгледа како некој смешен имагинарен град од Star Wars филмовите :D
 
Кога на еден странец му покажав слики од Скопје со изградените споменици, објекти и мостови знаеш што ми кажа? Ми кажа: вашиот град изгледа како некој смешен имагинарен град од Star Wars филмовите :D

Арно ти кажал, дури и полошо изгледа од имагинарен град од Star Wars.
 
ќе се запише во историјата како најголема перилница на пари , а тие што мислат дека е нешто убаво слободно нека си напраат еден тур до загреб или љублјана па после нека даваат импресии
 
ќе се запише во историјата како најголема перилница на пари , а тие што мислат дека е нешто убаво слободно нека си напраат еден тур до загреб или љублјана па после нека даваат импресии
Мене не ми е јасно како тој Јанко од Јади Бурек може да збори дека му се допаѓа Скопје 2014, и знаете што уште вели? Кажа дека исто како што за крстот на водно имало негодување така и за Скопје 2014 има негодување. Како може воопшто да ги спороедува тие две ствари. Ми идеше да му се јавам во емисија и да го прашам колку го плаќаат од ВМРО да го каже тоа, ама што ако му се јавев кога одма ќе ме исклучеше.
Него да не идам офтопик, ке кажам само дека тие пари можеа да се искористат за навистина нешто корисно како на пример отварање нови работни места, наместо тоа се фрлија за глупости.
 
Ужас...навистина ужас. Не би сакала нон-стоп да критикувам, но еден англичанец пред неколку месеци што дошол на тура на Балканот, ги разгледуваше споменици и градбите, и ми пријде мене и на моја другарка и ни се обрати само со зборовите: What's this? Disneyland? :D
 
Ти што не му одговори: No, this is Grujoland :D
--- надополнето: 20 јуни 2013 во 15:01 ---
И Дизниленд носи пари :D
Еве нашиот музеј на македонија носи пари. 100 денари влезница е;)
 
Ти што не му одговори: No, this is Grujoland :D
--- надополнето: 20 јуни 2013 во 15:01 ---

Еве нашиот музеј на македонија носи пари. 100 денари влезница е;)

100 денари за странците се мали пари а тие се доминантни сега летно време
 
Мене не ми е јасно како тој Јанко од Јади Бурек може да збори дека му се допаѓа Скопје 2014, и знаете што уште вели? Кажа дека исто како што за крстот на водно имало негодување така и за Скопје 2014 има негодување. Како може воопшто да ги спороедува тие две ствари. Ми идеше да му се јавам во емисија и да го прашам колку го плаќаат од ВМРО да го каже тоа, ама што ако му се јавев кога одма ќе ме исклучеше.
Него да не идам офтопик, ке кажам само дека тие пари можеа да се искористат за навистина нешто корисно како на пример отварање нови работни места, наместо тоа се фрлија за глупости.

нема што да се праи , што е тоа е сега ...нека гледаат за понатака да не го унаказуваат дабетер градот :)
 
Да фак,за што се работело,ја па сешто помислив..белите слонови уште да летаа Дамбовци ќе се викаа..мостовите се промашај,требаше еден мост не два..требаше помалце споменици..се друго е верглање по кој знае кој пат у место..И од кај ги вадите тие англичани,французи и африканци ,нели нема туристи..what is this,,disneyland ? :pos: кретенизам.. а порано што беше..енглез вика,what is this..palanka? стварно глупа тема.
 
нема што да се праи , што е тоа е сега ...нека гледаат за понатака да не го унаказуваат дабетер градот :)
За жал уште ќе се доунакажува градот. Вчера прочитав на едно место дека ке граделе некакви барокни сендвичарници кои не личат на ништо. Кога ги видов само ги склопив очите и си помислив во себе: Ехххх моја македонијо..........
--- надополнето: 20 јуни 2013 во 15:09 ---
100 денари за странците се мали пари а тие се доминантни сега летно време
Јас ке отидев да го посетам ама кога видов дека е забрането фоткањето се откажав :)
 
За жал уште ќе се доунакажува градот. Вчера прочитав на едно место дека ке граделе некакви барокни сендвичарници кои не личат на ништо. Кога ги видов само ги склопив очите и си помислив во себе: Ехххх моја македонијо..........
--- надополнето: 20 јуни 2013 во 15:09 ---

Јас ке отидев да го посетам ама кога видов дека е забрането фоткањето се откажав :)

Кога може лимени може итн.барокни..значи штом може лимени апла Стоилко,може и сламени,камени..зашто да не и барокни.
 
Кога може лимени може итн.барокни..значи штом може лимени апла Стоилко,може и сламени,камени..зашто да не и барокни.
Врв на се ќе биде ако тие што продаваат хамбургери се облечат во стилот на барокот со перики и шарени облеки како Моцарт што се облакал :D
 
еве citro ќе ви каже за Скопје во 2014та :D
А чекај бе до 2014 нема шанса да завршат допрва ГТЦ, Владата, министерства, палати мора да го променат рокот барем до 2017та
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom