Штотуку сакав да отворам и јас ваква тема. Значи и јас сум во истата двоумица кој телефон да го изберам. Хуавеито ми е 1000 ден поскапо во мојата тарифа али тоа не е проблем. Предностите на хуавеито се неколку: екранот тоа што го спомнаа погоре, батеријата му е 1730мач наспроти зте со 1600, има 16м бои напсроти 256к мислам беа на зте, екран отпорен на гребење. Другото горе-доле е исто. Имам фора до 11 јули да размислам ама најверојатно Хуавеи ќе го земам, сепак ќе треба да го користам две години и овие предности дотогаш ќе бидат едни од најслабите опции во споредба со новите телефони кои секојдневно излегуваат. Гледам т-мобиле во каталогот најавуваат два нови алкател телефони, можеби некој од нив ќе ти се допадне.