Жените во Македонија ставени пред тежок избор: Дете или работа?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.337
Поени од реакции
34.808
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Во неврзан муабет со една пријателка која наскоро треба да стапи во брак, а работи во прилично голема компанија, ја опфативме и темата за проширување на семејството - односно децата. Пријателкава е свесна дека и е време за создавање потпомство, но ме шокираше со изјавата: „Сакам да имам дете, ама страв ми е дека ќе ме избркаат од работа“.

Добро, можеби нема да ја „избркаат“ од работа, но големи се шансите да не и го продолжат договорот за работа (што би му дошло еквивалент на првото, нели) додека е на породилно отсуство. Потоа, најверојатно работната позиција веќе ќе биде пополнета со друг работник, а она одреден период ќе тапка во место додека си најде друга работа...

И нормално, во афект би и рекле: „Па добро бе, што ти е побитно, детето или кариерата“?

Ама... Не е се така едноставно. Има еден куп фактори кои треба да се земат во предвид. Што ако финансиската состојба во семејството е толку лоша што едноставно не смее да остане без работа? Што ако партнерот не носи (доволно) пари во куќата? Како е најпаметно да се изигра?

Дали би ја жртвувале работата за да создадете семејство? Дали би почекале додека работите се променат на подобро? Колку долго? Што ако воопшто не се променат, а со тоа ризикувате да останете долго, долго време без деца?

Жени, кои се вашите искуства и размислувања по ова тешко прашање?
 
Не е никаква тајна дека голем број работодавци апла прашуваат дали планираш да имаш деца наскоро, уште на интервјуто за работа. И голем број жени остануваат без работа некои веднаш по забременувањето, некои после извесен период, бидејќи работодавците сметаат дека мајките не се доволно посветени на работата.

Јас тврдам дека во Македонија жени кариеристки - нема т.е. во толкава мера се застапени, што се статистички скоро ирелевантни. Вработените жени во Македонија припаѓаат во најголем дел на следниве професии - текстилна индустрија и трговија (продавачки) и оние вработени во буџетските институции. Кај првите две категории нема начин за напредок во кариера, кај буџетарките нема интерес за напредок кај најголемиот дел, нивното мото е што помал работен ангажман.

Жените денес во Македонија, исто како и мажите, се соочуваат со несигурноста на одржување на едно работно место, така да, оваа причина на загрозеност поради потомството е уште една во низата други. Кога размислуваш низ препреки и таква е секојдневноста, мораш да го прифатиш фактот за неизвесната иднина и постојаниот напор да бараш нови извори на приходи. Така да, не верувам во тоа дека ќе се променат нешто на подобро нештата наскоро, верувам дека мораш да се прилагодуваш самата.

Малку може ќе излезам од темата, ама има и еден друг интересен момент кај денешните жени. Условите за живот тука кај нас се многу тешки, веќе споменав и се согласувам. Ама голем дел од младите жени, посебно од онаа група кои се уфилмани дека се некои кариеристки и модерни, се често склони кон најголемо пролонгирање на основање семејство. Од една страна имаме невиден замав и сила, демек јака еманципирана жена, а од друга страна невиден страв да одгледа дете. :)
 
Законски тоа е недозволиво, што значи може да ги тужи и да добие. На хартија. Во реалност гледаме што се случува. Судство кај нас не постои, не постои ни парламент, нас Владата ни е и тужител и судија и законодавец. Од таа причина не може да се очекува правда овде. Што значи, буквално жената треба да бира, дали сака деца или сака со мажот да имаат доволно финансии да платат сметки и да кснат нешто месецот, двете скоро невозможно. И после ќе ти го дрват да раѓаш деца, а остај што е огромна веројатноста дека без работа ќе останеш, во случај да ја задржиш, намален ти е износот од породилно.
Едноставно прекрасно. Јас не знам што им е на над 400.000 луѓе што ја напуштиле земјава, изгледа не трпат совршенство.
 
Не сум од род 'Женски', но во врска со темата, мене ме интересира и како размислуваат луѓето (и мажите и жените) кога се работи и одлуката на жената помеѓу кариера и деца.
Првиот проблем во нашава земја е оној во првиот пост спомената, дека со отсуство од работа жената ризикува да не може да се врати на истото работно место.
Меѓутоа што станува, за второ, трето дете? за три деца тоа отприлика би било отсуство од работа/кариера 3 години, без да се вклучува грижа околу децата/семејството.
Како ова да се изведе?

Може не е исто кога се размислува од машка гледна точка, ама ако станува збор за едно дете мислам дека изборот треба да биде јасен. Ако мажот е невработен, тогаш треба да се најде работа (да почне да работи,пријавен не пријавен сеедно) и да се има дете.
Понекогаш мислам дека во денешно време дека ние луѓето сме се посебични. Дека мора прво лично да си ги задоволиме потребите, да прошетаме, да средиме работите...ама тоа, според мене не треба да е така.
 
Во општество како денешново, не би се осмелила да родам дете без претходно да имам обезбедено финансиска стабилност како за мене, така и за тоа дете. Лесно е да се рече дека детето е побитно од кариерата, ама на тоа дете ќе треба да му се обезбедат и услови за нормален живот. Едно просечно тричлено семејство во државата тешко би можело да се издржува од ЕДНА просечна плата (а да не збориме за тоа дека ретко кој прима и просечна плата). Не е работата само да се роди, треба да се мисли и за понатаму.
Не велам дека не сакам да имам дете, но дефинитивно не би сакала да родам, а потоа да не сум во состојба да му овозможам колку-толку пристојни услови за живот, да се чудам од каде да најдам пари за да го облечам, нахранам, да се молам по банките за кредит за негово школување и сл...
 
Ајт, ајт, ништо не е. Еден човек работи во Словенија како градешник и при тоа ги издржува 3-те деца и жена/мајката им која е, мислам невработена.

Ама, каква ни е државата, не ме чуди воопшто.

Патем, да се надоврзам : има и' повеќето од мајки кои имаат три деца и пак работат, во кои и ние.
 
Још једна у низу е муабетов. Не е само она, 60% од девојкиве у МК се плашат од ова, и со причина, секој работодавец не се интересира дали планираш да имаш дете или слично, ил радиш ил не радиш. Мислам дека ова со закон е нерегулирано, ама за жал ја нема таа сила кој ќе санкционира такво нешто. Затоа жениве уопште не ги судам за одредени одлуки поврзани со работа, влијаат многу фактори од кои им зависи парче лебот, особено нив.
 
Ај едно дете, а што ако не останеш на тоа едно туку сакаш 3-4 во период од неколку години? Имам комшија кој има 5 деца у период од 10 години.
Значи да речеме женава у тие 10 години, отприлика 5 години не работела.

Незнам како иде тоа со породилно, дали државата покрива и остали такви ствари, ама ако не покрива државата тоа се огромни загуби за работодавец на пример, без разлика во која држава си.
 
Ај едно дете, а што ако не останеш на тоа едно туку сакаш 3-4 во период од неколку години? Имам комшија кој има 5 деца у период од 10 години.
Значи да речеме женава у тие 10 години, отприлика 5 години не работела.

Незнам како иде тоа со породилно, дали државата покрива и остали такви ствари, ама ако не покрива државата тоа се огромни загуби за работодавец на пример, без разлика во која држава си.

Македонско семејство со 5 деца е толкав исклучок што не вреди да се споменува во дискусија.

Инаку ФЗО ги презема трошоците за породилното, не е на товар на работодавецот, плус имаше до пред некое време случаеви каде намерно се злоупотребуваше породилното т.е. работодавците ,,вработуваа,, бремени жени, кои потоа им даваа надомест за услугата, сега направија промени, па треба да си минимум 6 месеци мислам во работен однос, за да би ти следело породилно.

Ти многу загрижен работодавецот да не бил оштетен...
 
Македонско семејство со 5 деца е толкав исклучок што не вреди да се споменува во дискусија.

Инаку ФЗО ги презема трошоците за породилното, не е на товар на работодавецот, плус имаше до пред некое време случаеви каде намерно се злоупотребуваше породилното т.е. работодавците ,,вработуваа,, бремени жени, кои потоа им даваа надомест за услугата, сега направија промени, па треба да си минимум 6 месеци мислам во работен однос, за да би ти следело породилно.

Ти многу загрижен работодавецот да не бил оштетен...

Секако... неможе некоја да се вработи и во рок од 5 години да роди 3 деца...знаеш има и такви случаеви кои гледаат да искористат на тој начин ;)
 
Ај едно дете, а што ако не останеш на тоа едно туку сакаш 3-4 во период од неколку години? Имам комшија кој има 5 деца у период од 10 години.
Значи да речеме женава у тие 10 години, отприлика 5 години не работела.

Незнам како иде тоа со породилно, дали државата покрива и остали такви ствари, ама ако не покрива државата тоа се огромни загуби за работодавец на пример, без разлика во која држава си.
Породилното го плаќа државата во целост, не работодавецот. Значи работодавецот нема никакви директни финансииски обврски. Проблемот е во тоа што за тој период од десетина месеци или година некој треба да ја работи таа работа што дотогаш ја работела родилката. Новиот работник може да се покаже и подобар па затоа често се случува родилката одкако ке се врати на работа бргу да биде отпуштена.
Во државен и јавен сектор нема вакви проблеми.
Од друга страна во приватниот сектор можеш да отчекуваш да бидеш отпуштен било кога така да човек нема никаква гаранција дека со тоа што е вработен ја обезбедил егзистенцијата на семејството па не држи вода она ,,прво да се обезбедам па потоа дете,, , никогаш во животот неможеш да бидеш сигурен дека си се обезбедил. Затоа сметам дека доколку човек сака дете не треба да се мисли многу од аспект на тоа како ке го издржува. Ке работи и ке го издржува. Никоја работа и кариера не е повредна од дете. Некои се филмаат дека се дел од ,,секскот и градот,,. Нека почекаат да неможат да раѓат па после ке ги прашам колку им значи кариерата без дете, ма да кај нас е многу дискутабилно тоа што е кариера па и обична шивачка или продавачка на орифлејм смета дека тоа и е некаква кариера. Напрсти се бројат жените кои имаат вистинска кариера.
 
Секако... неможе некоја да се вработи и во рок од 5 години да роди 3 деца...знаеш има и такви случаеви кои гледаат да искористат на тој начин ;)

Што и кого искористуваат?

Работодавецот е должен да ти плаќа придонеси, меѓу кои е и здравственото, на основа на тие средства Фондот исплаќа породилно и останати долгорочни боледувања.

Една вработена жена ќе помине 20, 30 години на работа и ти сметаш дека 1,5 години отсуство во кое ќе роди 2 деца (што е најчест случај) некако е искористувачки чин за да се оштети државата или работодавецот?

Колку деца сте по дома, а и колку планираш еве ти да имаш, да видиме колку ,,искористувачки,, потенцијал има/ло кај тебе?
 
Се плашеле за кариера..жените се плашат дека ако родат нема да можат да скитаат по журки,да искачаат со другарки идат по кафиња и сл.Тоа со работата им е само оправдување.
 
Нормaлно декa ке се плaши дa рaѓa когa не знaе утре дaли некој ке и јa штрaкне струјaтa, или ке јa избркaaт од стaн со се бебе. Не знaчи aко одбери рaботa место дете декa нејќе дете и сл. Доколку мaжот имa добри примaњa, во ред.. но aко не му е стaбилнa рaботaтa, или слaбо е плaтен, сосемa нормaлно е женaтa дa рaботи додекa не се стaбилизирaaт, требa утре дa живееш a не дa преживувaш. Е сегa секогaш постои ризик, сaмо не секој ризикувa свесно, некој сaкa цврсто тло под нозе.. и никој немa прaво дa ги осудувa тaквите.
--- надополнето: 18 јуни 2013 во 12:53 ---
Се плашеле за кариера..жените се плашат дека ако родат нема да можат да скитаат по журки,да искачаат со другарки идат по кафиња и сл.Тоа со работата им е само оправдување.


Ако е до толку рaботaтa немaло ни дa се oмaжи зaрем не???
 
За среќа јас не сум женско па да стојам пред таква тешка одлука. Иначе кога би бил јас би одбрал работа. Деца несакам ама ич. Поготово ако се погоди немирно :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom