1. не... тоа го мислат тие што гледаат на минатото како нешто што треба да се случи што е нелогично. са миот велиш ако некој се вратеше ќе откриевме до сега што значи кога некој "ќе" иде во минатото тоа не е "ќе" туку нешто што веќе се случило, тој не го менува минатото туку учествува во неговата креација (нели - 2). Така што зависноста меѓу инволвираните настани меѓу минатото и иднината би биле циклични а не каузални со што било каков параадокс е невозможен. Тука јазичниот елемент игра улога затоа што ниеден човечки јазик не е приспособен за да опише нешта кои не се случуваат каузално (што е нормално бидејќи нема таква потреба во секојдневниот живот ) и претставено јазично се доаѓа до различна претстава од суштинската со што се извлекуваат погрешни заклучоци.
Како ако времето се успори за некого тој патува во иднимата? Тој всушност патува во иднината, сите патуваме нели... само што тој патува многу побрзо низ време-просторот (1 s = 300000 km). Кога патуваш побрзо низ просторот патуваш понапред и во времето затоа што тие 2 градат неразделна "смеса". Привидното успорување е заклучок на другите поради временската дилатација, за него времето тече сосем нормално. Нит нему нит некому друг нечие време успорува или убрзува... всушност што тоа би знаело, fast forward / slow motion? Така да ако пристигне некој 10 години во иднина на Земјата а тој тоа го доживеал за 1 година тука нема ништо привидно, можеш да речеш дека баш патувал во иднината (твојата од аспект 10 години пред тоа).
А теоретски има модели и за патување во минатото, но како што реков поради цикличноста на настаните евентуалното нивно остварување еден ден би имало премногу бизарни компликации.