Не може да се патува барем не во минатото. За да се вратиш во минатото сите молекули, атоми, кваркови... треба да се вратат во таа претходна состојба ?! а тој феномен не е ограничен на некој локален простор во кој ќе се манифестира тоа минато време туку е глобално на целиот мултиверзум. Единствено ако не функционира како ,,филмска лента,, па во секој кадар е снимана моменталната состојба на целиот мултиверзум, па може да се патува од еден во друг кадар. Но настанува еден друг проблем кога веќе ке се премине во минатото се изменува иднината т.е. сегашноста нема да е иста како што ја знаеме бидејќи е веќе дефинирана, но додека иднината не е, па во игра се сите променливи.
P.S. Сепак можеби и јас грешам.
Грешиш

Ништо не треба да се враќа во претходна состојба. Ти можеби си отпатувал во минатото, но за тебе како битие времето продолжува да си тече напред. На некој начин и патот во минатото е дел од твојата иднина

Но точното е дека самото твое присуство во минатото, дури и за милисекунда, отвара ново поглавие во мултиверзумот.
Истите тие физички закони кои дозволуваат патување во време дозволуваат и таканаречени паралелни димензии, така да се е поврзано и разработено.