Волонтери знам дека ги има безброј по болнициве како и по училиштава, градинкиве и.т.н. ширум државава, но за ова првпат слушам волонтери во ВЛАДА и тоа само за два месеци додека овие другиве си го прчат по одмори ...

По болнициве и школиве ги плаќаат од 4-7 илјадарки отприлика(на месец) а
колку ќе ги плаќаат волонтерите во влада ... ќе стигнат ли до цели 10 илјадарки на месец ...

... х а ј д е н а р о д е н а в а љ у ј ...
Шала на страна но со оглед на катастрофалната положба на младите во државава гарант во рок од пар минути ќе се јават на овој оглас стотици младинци кои би работеле и за тие пари ... башка у влада ...

--- надополнето: 17 јуни 2013 во 17:53 ---
Ова е најдобар показател дека дефинитивно како држава сме го стигнале па и поминале Бангладеш ...

Штом имаш на лагер еден куп невработена младина која е подготвена да работи дури и за тие смешни пари мислам дека треба да ни биде јасно на сите до каде е стигната економската ситуација во државава(особено најтешка за младата популација) !