Собири и протести против СК 2014

Дали се потребни граѓански протести против проектот "Скопје 2014"

  • Вкупно гласачи
    185
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053
Утнат ти е муабетов во земјотресот се турнати три-четири атрактивни градби а веќе скоро сите ќе се обноват. И ај да речеме дека офицерскиот дом и стариот театар треба да имаат место околу плоштад. Тие објекти после х време можда ќе имат душа откако ќе се обноват зошто постоеле во времето пред Скопје да биде разрушено. Другите куќарки немале толкава вредност да се обновуваат. Се ова од уставен суд и другите будалаштини се трагикомедија да се коментираат. Прво од урбанистички план па до стил трошење пари итн... Ова за Кензо Танге си грешка голема. Тој во тоа време бил светски архитект а сега јас и ти тука да го оспоруваме не можеме пошто човекот е познат во светски рамки. И во Скопје се има докажано иако целосно не е реализиран неговиот план. И тој немал дозвола да го обновува Скопје туку дефакто Скопје морало да се обнови пошто цело централно подрачје било турнато. Не споредувај сега глупости Кензо Танге со власта, оваа власт нема ама баш никаква дозвола да го инсталира овој кичерај туку баш напротив со сила се обидува да го протурка.. А Тоа тој каков стил употребил е една работа а друга работа е каква вредност имал тој стил до ден денес. Ако мислиш дека ГТЦ и останатите објекти се нула тогаш си грешка голема, пошто во тоа време тоа се монументи во цел регион а тука збориме посебно за ГТЦ. Нив времето ги има изедено пошто не се одржавани и реновирани онака како што треба. Оваа власт со нејзините луди идеи не се обивуа ништо да ревитализира него се обидува да го антиквизира Скопје поради други причини....
Архитект си по професија? Приложи да видиме што ти си нацртал и измислил?

Ако не приложиш тогаш твоето го сфаќам како смешно, паушално и непрофесионално.

Тоа е исто како некој што продава бои и лакови да оди да го коментира Симон Трпчевски како свирел клавир. Тебе може тоа да ти се допаѓа или не, ама ти неможеш да тврдиш за нешто дали е квалитетно или не. Тоа е разликата .

Цитро ви го тури до крај на грло со новиот објект во Берлин, ама очигледно џабе.

Јас не судам дали ГТЦ е промашен или не, затоа што не сум компетентен да судам за тоа и да си давам право како што вие сите си давате право. За Кензо Танга може да суди човек што е многу поголемо име од него, а не незнајни јунаци.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522

Архитект сум сега што правиме?
Не знам јас ти кои аргументи ги имаш против тоа што јас го кажав во горниот пост, да ги чуеме твоите ред по ред. Не е тука прашањето кој сум јас туку кои се фактите, приложи да видиме во што е разликата со твоето тврдење. Се до сега што се изнапиша јас не видов еден пост околу ГТЦ неговиот идентитет од времето '72 кога е изграден па до ден денес. Фактите се дека ГТЦ е монумент за Скопје не е некоја запуштена куќарка од времето на Тито..
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053
Архитект сум сега што правиме?
Не знам јас ти кои аргументи ги имаш за тоа што јас го кажав во горниот пост, да ги чуеме твоите ред по ред. Не е тука прашањето кој сум јас туку кои се фактите, приложи да видиме во што е разликата со твоето тврдење. Се до сега што се изнапиша јас не видов еден пост околу ГТЦ неговиот идентитет од времето '72 кога е изграден па до ден денес. Фактите се дека ГТЦ е монумент за Скопје не е некоја запуштена куќарка од времето на Тито..
Дај прикажи зграда, објект, куќа што ти си направил и дај да видиме какви признанија си добил?

Јас ништо не зборувам за ГТЦ, затоа што не сум компетентен да го зборувам. Јас можам да кажам дали ми се допаѓа или не, а за тоа дали е квалитетен или не може да каже стручно лице, но и тоа е релевантно. Такви има илјадници “вундеркид“ архитекти што не проектирале ништо во животот, а продаваат муда за бубрези и елита.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Дај прикажи зграда, објект, куќа што ти си направил и дај да видиме какви признанија си добил?

Јас ништо не зборувам за ГТЦ, затоа што не сум компетентен да го зборувам. Јас можам да кажам дали ми се допаѓа или не, а за тоа дали е квалитетен или не може да каже стручно лице, но и тоа е релевантно. Такви има илјадници “вундеркид“ архитекти што не проектирале ништо во животот, а продаваат муда за бубрези и елита.
Е си ја погоди поентата ама пошто веројатно не ја пратиш дискусијава сега треба да ти се објаснува од почеток. Ти знаеш ли чив проект е ГТЦ и чив проект е и чива замисла е менувањето на фасадата на "новиот ГТЦ". Првиот е човек со најмногу признанија во тоа време во цел регион а за вториов квази проект тоа е дело на Грујо и на Чаушевски овој вториот е архитект со 0 денови стаж односо ќе му дојде нешто како политички поттрчко.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.887
Поени од реакции
14.379
Архитект си по професија? Приложи да видиме што ти си нацртал и измислил?

Ако не приложиш тогаш твоето го сфаќам како смешно, паушално и непрофесионално.

Тоа е исто како некој што продава бои и лакови да оди да го коментира Симон Трпчевски како свирел клавир. Тебе може тоа да ти се допаѓа или не, ама ти неможеш да тврдиш за нешто дали е квалитетно или не. Тоа е разликата .

Цитро ви го тури до крај на грло со новиот објект во Берлин, ама очигледно џабе.

Јас не судам дали ГТЦ е промашен или не, затоа што не сум компетентен да судам за тоа и да си давам право како што вие сите си давате право. За Кензо Танга може да суди човек што е многу поголемо име од него, а не незнајни јунаци.
Ахем, ахем... a simple Google search
Или накратко : реставрација на објект изграден во 1451 година.

Цитро ни го турил до крај на грло:eek: Нов објект :eek: ?!
:pos::pos::pos:
 
Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
За ваков народ да дојдам јас на власт би земал цел плоштад и околина све би откорнал и би го вратил на состојбата од пред 6-7 години.Калдрма од времето на Краљевина Југославија,еден голем круг со дива трева на сред плоштад и полски вециња кои беа декор на местото на бунарчето на вљубените.И јас не се слагам на пример со оној хотелон што се гради,со онаа ретардираната вртелешка,со зградана карши Бристол што ќе им затвори поглед на станарине,ама тоа болно лупетање као градот се силувал,незнам што.Кое силување бре,што имаше претходно па да се силува?Ни се смеел светов?Сега нон-стоп луѓе,групи туристи се сликаат со спомениците,градбите,а пред тоа плоштадот ни личеше на виетнамски ќенеф.Бевме едини град у Европа со таков беден и безличен "плоштад" .A за трговкиот искрено ме боли таквото како ќе изгледа едино нека го затворат пошто есен-зимо не се припарува од ладно и промаја.
 
Чекај бе вртелешката е мала работа за овој уставниот суд, што правиме грчки антички стил
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053
Ахем, ахем... a simple Google search
Или накратко : реставрација на објект изграден во 1451 година.

Цитро ни го турил до крај на грло:eek: Нов објект :eek: ?!
:pos::pos::pos:
Да, ви го тури, пошто се гради комплетно нов објект во барок стил.Изгледа ти незнаеш да читаш.

Каде виде ти тука рестврација на објект?
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.514
Поени од реакции
20.609
Прага,Братислава,Варшава..цел источен блок! Цели квартови..источен Берлин,погледај мој пост погоре.Многу комунистички згради се преадаптирани,дали во неокласика дали во современ стил. По која логика тоа што го граделе комунистите не смее да се пипне денес,по која.?? Свето ли е?
има причина зашто се појавуваат правци и стилови во архитектурата и зашто истите во одреден период се потиснуваат од нови ... архитектиурата треба да говори сама по себе за периодот и местото во која е изградена . Архитектурата секогаш се стреми да се движи напред исто како и секоја наука , зашто како таква доколку не еволуира во нешто подобро не може да опстои, како што е и самото човештво.Барокот никогаш не бил присутен на овие простории во ред е да се проба но врз база на барок да се дефинира цел град не е возможно зашто веќе станува збор за наметнување на лажни вредности. Ние имаме наш македонски стил иако е сиромашен сепак е наш ( охрид крушево велес дебар струмица итн.) од тука треба да почнеме и да создаваме сопствен идентите ... Како ? Треба на архитектите да им се дозволи да ја реализираат својата идеја, истите не се ни глупави ни некреативни. Моментално живееме во период на модерна архитектура зашто таа говори за периодот кој го живееме моментално. Еден Le Corbusier ја има посетено македонија и има извадено сегменти од охридската архитектура за од истата да го создаде едно од 5те правила по кој се водат многу архитекти на денешницата. Еден од најпознатите архитекти воошто има кажано дека архитектурата никога не треба да се навраќа назад, туку постоечката секогаш да се надоградува што е спротивно од се она што ние го правиме. Живееме во минатото наметнуваме лажни вредности кој не се наши и никогаш нема да бидат.
Земи ја за пример Влада на РМ , архитект е Петар Муличковски кој преку синтеза на идеја од Охридска куќа го создава современиот изгледа на она што денес го викаме ние Влада на РМ. Стилот по себе е уникатен и никаде не може да се види на друго место . Зашто би позајмувале стил од некој друг народ ? Зашто е убав , поубав од нашиот ? Или зашто некој ни наметнува дека така треба да биде ? Едноставно стануза збор за самосвесност на вреднување на она што е наше а тоа не може да го види обичниот човек зашто секогаш истиот гледал дводимензионално , а по тоа се разликуваат архитектите од останатите луѓе !!!

Еве едно просто прашање , Зашто да не се гради во Јапонски стил ? Може би индиска архитектура ? Последица од неразбирање на вредностите на архитектурата кога луѓето кој не ја разбираат по инстинкт на она што е "убаво" пробуваат да бидат архитекти. Има причина зашто постојат архитекти а не политичари кој се обидуваат да се бават со архитектура. Архитектурата е наука и пред се уметност и треба да се остави на тие знаат да ја толкуваат т.е. разбираат !!!!
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
А сега од кај што го ископа врати се види која година е граден.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.887
Поени од реакции
14.379
Да, ви го тури, пошто се гради комплетно нов објект во барок стил.Изгледа ти незнаеш да читаш.

Каде виде ти тука рестврација на објект?
Под нов објект подразбираш нов дизајн и градење на зграда која дотогаш не била тука или и реконструкцијата се смета за нов објект ако се вклучени нови материјали за градење?
Палатава си постоела уште од 15ти век, само работата е што била срушена и сега ја градат пак.
 
Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
А сега од кај што го ископа врати се види која година е граден.
Пред 150 години е изграден,што ти е фората?Сегде низ светот и ден денес се градат градби во тој стил.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
1.365
Поени од реакции
2.053
Под нов објект подразбираш нов дизајн и градење на зграда која дотогаш не била тука или и реконструкцијата се смета за нов објект ако се вклучени нови материјали за градење?
Палатава си постоела уште од 15ти век, само работата е што била срушена и сега ја градат пак.
Тогаш зошто целосно пак ја градат кога можат на тоа место да направат зграда од стакленици? Нели модерна архитектура бла бла филмови?
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Пред 150 години е изграден,што ти е фората?Сегде низ светот и ден денес се градат градби во тој стил.

Епа пред 150 години си прилегал тој стил а да не збориме каква вредност има денес зашто е толку стара градба. А баш напротив никаде во светот во 2013 година па натаму не се гради од корен антика освен ревитализација како таа горе нешто што постоело порано па се гради пак. А кај е трошењто на парите тука?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom