- Член од
- 19 август 2010
- Мислења
- 1.365
- Поени од реакции
- 2.053
Архитект си по професија? Приложи да видиме што ти си нацртал и измислил?Утнат ти е муабетов во земјотресот се турнати три-четири атрактивни градби а веќе скоро сите ќе се обноват. И ај да речеме дека офицерскиот дом и стариот театар треба да имаат место околу плоштад. Тие објекти после х време можда ќе имат душа откако ќе се обноват зошто постоеле во времето пред Скопје да биде разрушено. Другите куќарки немале толкава вредност да се обновуваат. Се ова од уставен суд и другите будалаштини се трагикомедија да се коментираат. Прво од урбанистички план па до стил трошење пари итн... Ова за Кензо Танге си грешка голема. Тој во тоа време бил светски архитект а сега јас и ти тука да го оспоруваме не можеме пошто човекот е познат во светски рамки. И во Скопје се има докажано иако целосно не е реализиран неговиот план. И тој немал дозвола да го обновува Скопје туку дефакто Скопје морало да се обнови пошто цело централно подрачје било турнато. Не споредувај сега глупости Кензо Танге со власта, оваа власт нема ама баш никаква дозвола да го инсталира овој кичерај туку баш напротив со сила се обидува да го протурка.. А Тоа тој каков стил употребил е една работа а друга работа е каква вредност имал тој стил до ден денес. Ако мислиш дека ГТЦ и останатите објекти се нула тогаш си грешка голема, пошто во тоа време тоа се монументи во цел регион а тука збориме посебно за ГТЦ. Нив времето ги има изедено пошто не се одржавани и реновирани онака како што треба. Оваа власт со нејзините луди идеи не се обивуа ништо да ревитализира него се обидува да го антиквизира Скопје поради други причини....
Ако не приложиш тогаш твоето го сфаќам како смешно, паушално и непрофесионално.
Тоа е исто како некој што продава бои и лакови да оди да го коментира Симон Трпчевски како свирел клавир. Тебе може тоа да ти се допаѓа или не, ама ти неможеш да тврдиш за нешто дали е квалитетно или не. Тоа е разликата .
Цитро ви го тури до крај на грло со новиот објект во Берлин, ама очигледно џабе.
Јас не судам дали ГТЦ е промашен или не, затоа што не сум компетентен да судам за тоа и да си давам право како што вие сите си давате право. За Кензо Танга може да суди човек што е многу поголемо име од него, а не незнајни јунаци.