Експерти кооолку сакаш во државава,секој е со минимум 3 факултета завршени,секој се разбира во се и е спремен да плука по нашето,а е спремен да ги прифати срањата од турски,индиски и бугарски серии.Дарко немал врска од филмови правење,Сашко и Тони немале врска од глумење а во лична карта мене Милчо Манчевски ми пишува под име и презиме.
Мислам народов е створен за хејтање и гледање исклучително на лошите страни,а ако ги има и барем малку тогаш барање на повеќе и ништо повеќе од тоа.Да се надеваме дека никогаш нема повеќе да биде снимен македонски филм,затоа што никој во Македонија нема врска од режирање и глума,освен членовиве на кајгана кои имаат одено на приватни часови кај Спилбер,Тарантино и Нолан,ама не се занимаваат со тоа затоа што им е страв дека ќе биде премногу добро направено за нашиве простори и ќе направат огромен успех на кој ќе му позавидат сите.