Пет докази на Тома Аквински за постоењето на Бог

  • Креатор на темата Креатор на темата Ставрогин
  • Време на започнување Време на започнување
Врти сучи, начукавме пет страни за Томче. Можеби сепак не е до толку досаден и неважен.

:)
 
Па да. Освен што ја има напишано најважната книга во историјата на филозофијата, за што друго би дискутирале за него?

:)
Како што побрзо да го заборавиме.
 
Бидејќи јавриите :D на темата не можат да ја согледаат важноста на аргументите, и бидејќи не им се доволно up to date, еве на пример за првите два докази може да се каже дека се значајни затоа што укажуваат на фундаменталната неспособност на човечкиот ум да замисли постоење на ентитет или настан без причина за истиот. Кант во Критиката на Чистиот Ум тврдеше дека каузалноста не постои во природата, туку дека таа е функција на нашиот ум, која тој им ја наметнува на нештата.

На примерот на Бинг Бенгот тоа лесно се согледува. Не верувам дека било кој има некаква претстава за тврдењето дека пред Биг Бенгот немало ништо. Можеме тоа да го формулираме апстрактно, но дали суштински го поимаме истото?

Кант тврдеше дека парадоксите се јавуваат затоа што просторот и времето, исто како каузалноста се функции на нашиот ум, со чија помош ние воспоставуваме ред во сетилноста. Тие реално не постојат независно од нас.

Интересно... ако земеме дека времето и просторот првенствено се концепти на нашиот ум.. тогаш може ли богот на Аквински не [само] биде first mover, туку и да биде директно инволвиран/креатор во сите нешта што се случуваат долж времепросторот симултано (ако смеам да го употребам тој збор)? Бидејќи концептот минато-идно-сегашност во тој случај се руши и е само наша идеја, а самиот Бог го креира(л) тој време-простор или ја креирал нашата концептуализација за истите ....

Всушност и физиката ни го вели истото, дека за универзумот нема „сегашност“ како некаков параметар што се случува во „моментот“, нема такво нешто, туку само настани долж низ времепросторот.
 
Како што побрзо да го заборавиме.

:pos:

Добар си ти, добар. Кант ја има кажано најважната работа било кога кажана, а тоа е дека ние никогаш не допираме до некоја апсолутна стварност, заради природата на нашиот сензитивно когнитивен апарат. Знам дека тебе како на ортодоксен сциентист ти зујат ушите од ова тврдење, и чувствуваш мачнина во стомакот, ама ако почнеме за ова, ќе избегаме многу далеку од Тома. :)
 
Не сакам да одам офтопик и да ја расипувам темавам па ќе ти одговорам крактко. со тек на време ќе сфатиш дека набројаното е само орудие со кое баграта која секојдневно не краде му дава облик т.е. ги украсува своите дејствија и глумат интелектуалци. Одвреме навреме ќе откријат и по некоја нова техника уште повеќе да не испокрадат. Ништо друго. Ес симпл ес дет.
Тие се прави интелектуалци а ти си работничка класа, токму поради тоа што не си интелектуалец. Ајде сега на спиење, утре стани порано, дојди дома подоцна, за туѓи бели дворови...
 
А ние научени на Мики и Чорбаџијата...


:D


Може мислење за Кант конкретно за темава ?

Многу е комплициран тој однос, но крајниот заклучок на Критиката на Чистиот Ум е дека постоењето на Бог, исто како ниту една друга догма на религијата, никогаш нема да можат да бидат докажани со помош на чистиот ум. Во втората Критика, на Практичниот Ум, Кант го враќа Бог назад во игра, но тоа е Бог до кој се стига преку етиката, а не преку чистиот разум.
--- надополнето: 12 јуни 2013 во 03:00 ---
Интересно... ако земеме дека времето и просторот првенствено се концепти на нашиот ум.. тогаш може ли богот на Аквински не [само] биде first mover, туку и да биде директно инволвиран/креатор во сите нешта што се случуваат долж времепросторот симултано (ако смеам да го употребам тој збор)? Бидејќи концептот минато-идно-сегашност во тој случај се руши и е само наша идеја, а самиот Бог го креира(л) тој време-простор или ја креирал нашата концептуализација за истите ....

Всушност и физиката ни го вели истото, дека за универзумот нема „сегашност“ како некаков параметар што се случува во „моментот“, нема такво нешто, туку само настани долж низ времепросторот.

Времето и просторот не се концепти, туку (не знам точно кој е вистинскиот збор за да ја пренесам мислата на Кант) форми со кој нашиот ум се носи со стварноста. Но тоа е максимум што можеме да извлечеме од Кант. Секоја претпоставка како е надвор од тие форми, и од каузалноста, е во доменот на метафизиката и на фантазијата. Шопенхауер надвор од тие форми ја најде Вољата, но интуитивно, Ниче ја најде Вољата за моќ. Но пак ќе речам, од аспект на Кантовата филозофија, тоа се заклучоци кои не следат.
 
Богами за религија не да треба да ти биде поматен умот...

Не секоја дискусија за Бог мора да има врска со религија. Прашањето за Бог е поголемо од тоа дали некој верува постои некаков ентитет му наложува да пости во петок...
 
Многу е комплициран тој однос, но крајниот заклучок на Критиката на Чистиот Ум е дека постоењето на Бог, исто како ниту една друга догма на религијата, никогаш нема да можат да бидат докажани со помош на чистиот ум. Во втората Критика, на Практичниот Ум, Кант го враќа Бог назад во игра, но тоа е Бог до кој се стига преку етиката, а не преку чистиот разум.
Еден куп дрндање на празно. Ама Ниче тоа троа подобро го кажал.
 
Времето и просторот не се концепти, туку (не знам точно кој е вистинскиот збор за да ја пренесам мислата на Кант) форми со кој нашиот ум се носи со стварноста. Но тоа е максимум што можеме да извлечеме од Кант. Секоја претпоставка како е надвор од тие форми, и од каузалноста, е во доменот на метафизиката и на фантазијата. Шопенхауер надвор од тие форми ја најде Вољата, но интуитивно, Ниче ја најде Вољата за моќ. Но пак ќе речам, од аспект на Кантовата филозофија, тоа се заклучоци кои не следат.

Проблемот е што Кант не поживеал доволно долго за да види дека простор-времето е независно од нашиот ум.
 
Но дека нашиот ум е зависен од тие две.

Значи ние сме набљудувачи затворени во системот, а не стоиме надвор од него и затоа никогаш нема да дознаеме која е апсолутната вистина.
Damn, I am good at this, suck it up Kant! :D
 
Не секоја дискусија за Бог мора да има врска со религија. Прашањето за Бог е поголемо од тоа дали некој верува постои некаков ентитет му наложува да пости во петок...


А што е Бог без религија која го обожува? Кој Бог не е концептуализиран во религија?
 
Еден куп дрндање на празно. Ама Ниче тоа троа подобро го кажал.

Прво да се разбереме за Кант. Од Кант водат две струи. Едната води, преју Фихте и Хегел, преку Маркс и Хајдегер, се до твоите омилени Французи. :D

Меѓутоа другата, преку Фреге, и преку серија прочистувачи аргументи, прилично директно води до Трактатот. Трактатот е практично прераскажана Критката на Кант, но наместо вивисекција на умот, се прави вивисекција на јазикот.

Од тој аспект, без Кант нема Витгенштајн. ;)
--- надополнето: 12 јуни 2013 во 03:16 ---
Проблемот е што Кант не поживеал доволно долго за да види дека простор-времето е независно од нашиот ум.

Ништо не е независно од нашиот ум. Кант бил бескрајно во право.

:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom