Пет докази на Тома Аквински за постоењето на Бог

  • Креатор на темата Креатор на темата Ставрогин
  • Време на започнување Време на започнување
Сериозно, мислиш дека теоријата на Витгенштајн за јазичките игри е противаргумент на онтолошкиот аргумент?

Заебано подраче е тоа, затоа што јазичките игри можат да се употребат и против науката. Всушност, епистемологијата на Витгенштајн од втората фаза е крајно непријателски расположена спрема било каков обид за рационално засновање на познанието. Тежок агностицизам и релативизам. Јазичките игри всушност претставуваат копрена која не можеме да ја подигнеме за да го видиме светот каков што е...
И тоа како. Хипотетички, ако Витгенштајн би го прашал Расел да му го објасни онтолошкиот аргумент, во секој момент би можел да го стави на лизгаво подрачје кајшто Расел би морал да се врати назад и да преформулира, и така до бесконечност, бидејќи и самиот аргумент е ветар во магла.

Точно дека епистемиологијата му е непријателски расположена кон било кој вид на спознание, но ако било што сака да каже, е дека секој метод е подобар од филозофијата, дури и со сите постулирани епистемиолошки проблеми за науката.
 
Ај да се кладиме дека за темава не ми треба повеќе?

:)

Без навреда, но смешно е да демонстрираш некаква интелектуалност со постирање линкови од Вики. Башка вториот линк благе везе ти нема со темата.

Фино е ако сакаш да дискредитираш некој став, да напишеш барем една твоја реченица, еве барем како што Змејко направи за петте аргументи на Томче.
 
Интелектуален снобизам.

Темава има потенцијал за 100+ страни и е една од најдобрите на подфорумов, шкртнете нешто, не е трагедија и да згрешите.
 
Точно дека епистемиологијата му е непријателски расположена кон било кој вид на спознание, но ако било што сака да каже, е дека секој метод е подобар од филозофијата, дури и со сите постулирани епистемиолошки проблеми за науката.

Точно така, но практично двете одат во ист кош, и филозофијата и науката. Разликата помеѓу нив во однос на познанието станува квантитативна, а не квалитативна. Најголемата разлика во Универзумот е онаа помеѓу 0 и 1, затоа што е квалитативна, и таа разлика е многу поголема од онаа помеѓу 1 и 1 000 000.

Филозофијата кај Витгенштајн од истражувањата не вреди ни 2%, а науката е само малку подобра. Но ниту едната ниту другата не нудат некое знаење, туку само илузија на знаење.

:)
 
Без навреда, но смешно е да демонстрираш некаква интелектуалност со постирање линкови од Вики. Башка вториот линк благе везе ти нема со темата.

Фино е ако сакаш да дискредитираш некој став, да напишеш барем една твоја реченица, еве барем како што Змејко направи за петте аргументи на Томче.

И да го повторам сето тоа што го кажа тој? Веќе напишав, целата логика на Аквински е фалична бидејќи се потпира на еден единствен аргумент кој е фаличен.
Почнав да пишувам нашироко и при анализата на вториот доказ сфатив дека ќе го напишам истото пет пати.
На макро ниво, сите приложени хипотези на Аквински се сведуваат на истиот fallacy.
Не знам ergo Господ
Не ми треба да се консултирам со тоа што рекол, како рекол едикојси од пред сто години за да знам што е штуро во небулозите на попот ниту пак моето да го китам ко новогодишна елка.
 
Чичко Тома си ги базира "доказите" врз Аристотелскиот поглед кон светот и космосот, тој поглед е многупати докажан како погрешен, така да сите докази на Тома се базираат на неточни замисли.
 
Не баш. Аргументите на Тома Аквински можат комотно да постојат и без Аристотел. Многумина овде можеби никогаш не прочитале ништо од Аристотел, па сепак можат без проблем да ги разберат доказите на Аквински. Тоа не ти е добар противаргумент.
 
Точно така, но практично двете одат во ист кош, и филозофијата и науката. Разликата помеѓу нив во однос на познанието станува квантитативна, а не квалитативна. Најголемата разлика во Универзумот е онаа помеѓу 0 и 1, затоа што е квалитативна, и таа разлика е многу поголема од онаа помеѓу 1 и 1 000 000.

Филозофијата кај Витгенштајн од истражувањата не вреди ни 2%, а науката е само малку подобра. Но ниту едната ниту другата не нудат некое знаење, туку само илузија на знаење.

:)
ИСтражувањата се едвај филозофија, повеќе се антифилозофија и прирачник како да препознаваш глупости и да станеш циник. Тој не ни тврди дека нуди знаење, сосема напротив. Крајно корисно.
 
Тоа е одлична дефиниција за Истражувањата, но тоа што го кажа за глупостите може да се примени и на пресветата наука...

:D
--- надополнето: 12 јуни 2013 во 01:11 ---
И да го повторам сето тоа што го кажа тој? Веќе напишав, целата логика на Аквински е фалична бидејќи се потпира на еден единствен аргумент кој е фаличен.
Почнав да пишувам нашироко и при анализата на вториот доказ сфатив дека ќе го напишам истото пет пати.
На макро ниво, сите приложени хипотези на Аквински се сведуваат на истиот fallacy.
Не знам ergo Господ
Не ми треба да се консултирам со тоа што рекол, како рекол едикојси од пред сто години за да знам што е штуро во небулозите на попот ниту пак моето да го китам ко новогодишна елка.

Чисто процедурално, премногу си млад и јаврија (Гурџи за претседател) за вака да се расфрлаш со дискредитации на кој ќе стигнеш. Тома Аквински, вака или онака, одиграл голема улога во интелектуалната историја на западниот човек. Се сомневам дека ти ќе бидеш од таква важност...

:)

Да се плука е најлесно.
 
Не баш. Аргументите на Тома Аквински можат комотно да постојат и без Аристотел. Многумина овде можеби никогаш не прочитале ништо од Аристотел, па сепак можат без проблем да ги разберат доказите на Аквински. Тоа не ти е добар противаргумент.

Навистина ли ти се потребни поголеми против аргументи?
Доказиве се базираат на фалична циркуларна логика, според мене, толку застарен начин на размислување што не ни треба да се дискутира сериозно.
 
Тоа е одлична дефиниција за Истражувањата, но тоа што го кажа за глупостите може да се примени и на пресветата наука...

:D

:)
Тотално! Само овде имаш две опции: 1. да се држиш до постулатите на младиот Витгенштајн секогаш кога изнесуваш научна хипотеза
и 2. да го имаш во предвид скептицизмот кон епистемиологијата, дури и во науката. и според мене, и двете се валидни.
 
Навистина ли ти се потребни поголеми против аргументи?
Доказиве се базираат на фалична циркуларна логика, според мене, толку застарен начин на размислување што не ни треба да се дискутира сериозно.

Сега е тоа ново тврдење, кое нема врска со твоето претходно тврдење за Аристотел. Тоа ти се вика ретерирање. Инаку, мене не ми се потребни против аргументи, но доказите на Аквински се интересни и од денешен аспект. На пример, целата логика на креационизмот можеш да ја најдеш во петтиот доказ на Аквински.
--- надополнето: 12 јуни 2013 во 01:19 ---
Тотално! Само овде имаш две опции: 1. да се држиш до постулатите на младиот Витгенштајн секогаш кога изнесуваш научна хипотеза
и 2. да го имаш во предвид скептицизмот кон епистемиологијата, дури и во науката. и според мене, и двете се валидни.

И јаре и паре, а?

:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom