Мешаш различни периоди ... пред ХХХ год. друг начин на живот, друго време, други сфаќања и други потреби ... денес друго време, друг начин на живот, други сфаќања и други потреби !
Да нашите претци немале ни пет пари во џебот но во тоа време парите како пари и немале баш иста улога каква што имаат денеска, тогаш не биле битни толку парите колку што било битно да имаш ниви, да имаш стока и многу деца секако за да го работат сето тоа, они самите си ја создавале храната, работеле земјоделство и сточарство и самите си ја произведувале храната, па и облеката, куќите ги граделе од дрво, камен и кал(поточно со лепешки од стоката), живееле претежно/воглавно покрај реки(вода) и тогаш немало ниту образование, ниту еманципација ниту пак имало (т) од техника ниту (е) од електроника како денеска ... или ти галиба мислиш дека Трпе од село Кушкундалево во 1900 год. имал смартфон и интернет ... ама немал пари кутриот Трпе да си ги плаќа сметките и затоа клетите Турци го отепале ...
П.С. Велиш ние денешните генерации сме биле научени на луксуз ... извини друже но 21 век сме и имањето/користењето на: струја, вода, телевизор, мобилен, компјутер, интернет, автомобил и.т.н. претставува ПОТРЕБА, а не луксуз ... смешно е денеска интернетот, компјутерот, мобилниот, автомобилот и.т.н. да се сметаат за луксузи, луксуз е едно, а потреба е друго !
Ние имаме потреба за храна, вода и љубов, се друго е луксуз и расипништво.


