Собири и протести против СК 2014

Дали се потребни граѓански протести против проектот "Скопје 2014"


  • Вкупно гласачи
    185
B

Borg_Drone

Гостин
Абе цел литературен свет почнал тогаш да го критикува овој рококо и барок стил кој си го водел Лудвиг четиринаесетти, ама ние сега сакаме барок стил, стил кој вклучува: префинетост,
нежност, кокетирања, водење безгрижен живот, и слично во земја која деведесет и девет проценти од населението нема вода во очите....:ROFLMAO:
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
За да се разбере барокот, човек треба да има префинет вкус и културна поткованост. Но кај нас најважно е да се одржат зградите од Колишевско Доба изградени во стилот на албанскине бункери, зошто нели Скопје не треба да прерасне во европска метропола, за да не конкурира на Београд или Атина???


Инаку видов некоја слика од тоа како би изгледал трговскиот и повеќе фасадата ми изгледа на рококо. Меѓутоа, не знам дали некој од оние кои по партиска директива се залагаат за необнова на ГТЦ разбира што е рококо и неговата уметничка и естетска вредност, оти само перфектен архитект со голем уметнички талент може да креира барокни или рококо дела.

Мислам дека ако Скопје би можел да се представи во некое жив карактер тогаш сигурно би бил Дел Бој со неговиот лажен француски сјај од рококо и барок, со својата сериозност и покрај тоа што е за подсмев, со својата фраза дека следната година во ова време ќе бидеме милионери која Коце ја мантра на секое.
Најсериозно мене ме мрзи, но да го земи да го анализира некој психолог ликот на Дел Бој нема да може да најде подобра метафора за денешното Скопје.

 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Мене ми е сеедно само ГТЦ да се модернизира и да заличи со околина само не сакам барокниот стил бидејќи на таков начин го уништува оригиналниот (автетичност) и препознатлив како скопје ,а не како париз .
А кој е препознатливиот изглед на Скопје?!
Пред 1963 г. Скопје било град на неокласицизмот, со исклучок на ориенталниот Чаир и Гази Баба.
 

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
aj da protestirame za delenje na makedonija od jugoslavija,koa veke trgnavme na vreme da gi praime rabotite
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Мислам дека ако Скопје би можел да се представи во некое жив карактер тогаш сигурно би бил Дел Бој со неговиот лажен француски сјај од рококо и барок, со својата сериозност и покрај тоа што е за подсмев, со својата фраза дека следната година во ова време ќе бидеме милионери која Коце ја мантра на секое.
Најсериозно мене ме мрзи, но да го земи да го анализира некој психолог ликот на Дел Бој нема да може да најде подобра метафора за денешното Скопје.
Барокот бил за подсмев, а брутализмот и комунистичката квази- модерна архитектура се сериозни? :pos:
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 23:13 ---
Ти ако знаеш да разликуваш поезија од проза јас ќе се обесам, а не пак уметнички стилови.

Тенгало едно неписмено.

Баш ми е ќејф кога ме навредуваат. Знам дека кога не можат да ми одговорат на мое интелектуално ниво, веднаш се оди на навреди.
 

Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
А кој е препознатливиот изглед на Скопје?!
Пред 1963 г. Скопје било град на неокласицизмот, со исклучок на ориенталниот Чаир и Гази Баба.
Од попознаните неокласични градби би ги издвоил колибите од керпич каде престолувале локалните императори и преторијанците.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Баш ми е ќејф кога ме навредуваат. Знам дека кога не можат да ми одговорат на мое интелектуално ниво, веднаш се оди на навреди.
:facepalm:

Синтагмата интелектуално ниво не може да оди со тебе во никаков контекст, освен како пародија...
 
B

Borg_Drone

Гостин
А кој е препознатливиот изглед на Скопје?!
Пред 1963 г. Скопје било град на неокласицизмот, со исклучок на ориенталниот Чаир и Гази Баба.
Што се занесуваш само со тврдењава не знам.Ние сме многу далеку за рококо и барок стил да воведуваме, прво воопшто не ни личи (со оглед на историјата) да се прави тоа во регион кој низ историјата одсекогаш се сметал за најсиромашниот дел од Европа, остави ја ти Франција и другиот Западен свет кој го превземеле овој стил од Французите, едно е Франција друго ти е Македонија, Македонија ама баш никаква поврзаност нема со рококо и барок стил.
Прво ние сме гола вода за да воведуваме вакви глупости кои веќе се сметаат за крајно невкусни, не ни личи, сега ако сметаш дека само за нашава елита дека одговара тогаш да, но за остатокот од народот не.
Не се вклопува едноставно стилот со сликата која ја одбележувала секогаш Македонија.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.172
Поени од реакции
18.235
Ќе платите превоз и сендвич?Без кечап и мајонез, штетно е.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Како што пишав и во темата за Скопје 2014та, јас одамна се помирив со етикетите и нема да ме премислат да одам и на овој и на сите слични протести. Јас се држам до тезата дека ако нешто ти пречи а можеш да допринесеш, макар и само со појавување и зголемување на масовноста, тогаш треба и да превземеш мерки и да не е*еш жива сила за мислењето на другите, тие што те знаат кој си и што си се битни другите не.
Најголемата грешка и тоа што ме иритирало секогаш е муабетот "Џабе е протестов пак ќе си тераат како што сакаат, ништо нема да постигнеме", ова го слушав претходно од луѓе околу мене тие 20% што ги познавам што не се поддржувачи на сегашнава власт. Зборувам за луѓе кои имале 24 часа време на располагање, значи имале време за протест. Па да излезе една 10тина од Скопјево што не го поддржува срањево (и било кое друго срање) не верувам дека ќе биде џабе, друго е 700 друго е 70 000 души. Крај краева дури и да не верувам во успешноста на ова, ќе излезам ради принцип и мирна совест дека сум на правата страна.

Па ја не реков дека ќе е џабе протестов туку прашањето е колкав ќе биде одзивот. Лесно е да се типка на тастатура нечини ова нечини она, бар за еден потпис сите што поминуваат во петок низ град може да се попишат...
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Од попознаните неокласични градби би ги издвоил колибите од керпич каде престолувале локалните императори и преторијанците.
Ауф, сакаме да сме вицкасти.

Анцо нека ни постира слики од центарот на старо Скопје пред 1963 г., па да ја видиме архитектурата.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.719
Поени од реакции
13.438
Приметувате дека овој трола? Баталете го, си собира денарчиња и за ова, посекако во тарифник.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Би сакал да го чујам мислењето на господинот @c i t r o
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Приметувате дека овој трола? Баталете го, си собира денарчиња и за ова, посекако во тарифник.

Жими таквото зема. Овој за беспари се замара. :icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom