Да точно е тоа дека се помалку се склучуваат бракови, а од друга страна има се повеќе разводи и.т.н. никој тоа не го негира ... но не се согласувам дека само жените 100% само тие се виновни за овие денешни општествени случувања !
Реално да ги гледаме работите 50% се виновни жените, а 50% се виновни мажите !
Зашто го велам ова ... светот е отиден по ѓаволите, а моралот е опаднат на најниско историско можно ниво бидејќи денеска е такво(модерно ли како да го наречам незнам)време во кое машките се палат, гледаат и трчаат по шмизли, спонзоруши, ку*ви и ороспии, а женските се палат и трчаат по фраери, шизици, метросексуалци или пак по маалски шерифи, бучни и насилни момци, гангстери и мафијаши... денеска никој не трча по мирни и поштени девојки, исто како што никоја не трча по мирни и поштени (’’прости‘‘, ’’глупи‘‘ и ’’заостанати’’)дечковци ... да ме пљукате у фаца ако во реалноста надвор не е вака ... работите кои што порано биле на цена денеска се на дно, работите кои што порано биле на дно сега се на цена !
Затоа имаме и ќе имаме се помалку бракови, а се повеќе разводи и затоа имаме и ќе имаме се повеќе и повеќе ергени и стари девојки ... вината лежи и кај двата пола не само кај едниот пол, а сето ова е поради крајно искривените вредности, а сето тоа е производ на денешниот систем во кој на прво место се ставаат парите, личниот комфор и личното задоволство, а сето останато се става на петнаесетто место !
Ова не го зборам од религиска гледна точка, не сум религиозен, работите се многу едноставни за да се сфатат ... во сите изминати системи на прво место се ставало семејството и децата(и во Феудализмот и во Социјализмот...), но денеска е Капитализам систем во кој на прво место се ставаат материјалните работи како образование, кариера, работа, бизнис, пари... и секој/а прво си го гледа личниот комфор и личното задоволство и секако во никој случај не смее да се промаши/пропушти моменталниот тренд/мода !