Колку глуп потег на Јоветич беше ова со интервјуто, не ми се верува, сакал да биде како Баџо, кога ке летнеш во облаци опасна работа, го манипулира Рамадани, Баџо не сакал да си замине од Фиорентина туку го продале спротивно на неговата волја, затоа за фановите на фиорентина никогаш нема да биде Баџо, ниту блиску туку ке биде исвиркуван кога ке дојде во Фиренца, какви мрсулковци, мислам дека треба да се расчисти со сите играчи што се под закрила на Рамадани, Фиорентина никогаш не правела проблем на играчите што сакале да си одат. и ако се стрпеше Јоветич немаше ни овој пат да има проблеми, ама со изјавава само си го навлече гневот на навивачите а богами и на Дела Вале бракава, кои не се баш во најдобри односи со газдите на Јувентус, а наивниот Јоветич е искористен во оваа да не речам ама војна, помегу Дела Вале и Ањели семејството, мн глупав потег што влезе сред ова, навистина мислам дека го користат Марота и Ањели, само го налути Андреа ДВ, сега се категорични дека нема да го продаваат под 30, и нема да му исполнуваат желби на Јоветич кој ке плати тој ке го добие. И навистина ми е преку к*р од вакви играчи што мислат дека може да прават што сакаат, ја разбирам и нивната желба да си оди од некој клуб и да премине во клуб со поголемо педигре, ама не може да забораваат дека некој вложил во нив и дека благодарение на тој клуб се промовирале како и грачи, на крајот сето ова е бизнис и си потпишал договор до 2016, и си ризикува да си ги седи на клупа.
А погоре читам дека не го бивало Корвино, само еден матија настасич го преодадовме за 30 мил, каде е Јоветич, лјаич кои сега вредат околу 45- 50 мил, Фелипе мело 25 мил, и мн други ги пиша Вуки погоре, а од она што го читав по италјанскиве медиуми, Корвино е заслужен и за пола од играчиве што дојдоа откако тој си замина, а како поважни ке ги кажам Борха Валеро, Родригез и Рончаглиа, кои веке биле договорени во јануари. Едноставно дојде период кога требаше да се направат промени, инаку Корвино е еден од подобрите спортски директори во италија, јесда напрае некои грешки како таа на Монтоливо.