Има една разлика само во постот на Анчо и сегашната ситуација. Кога генерацијата на Анчо заминувала во војска, девојката со сигурност знаела дека кога (ако) ќе се вратат ќе има свадба. Знаеле и родителите, знаеле и пријателите, сите знаеле какви им се плановите, зошто тогаш таква била ситуацијата за повеќето млади парови. Завршуваш средно, одиш војска, девојка ти те чека, се враќаш, правиш свадба, па дете. Сега сите тие што заминуваат, најчесто по работа, не се знае дали ќе се вратат и дали кога ќе се вратат ќе сакаат пак да бидат со својата избраничка која ја избрале пред да заминат. Плус во војска немаш многу шанси за маневрирање и запознавање девојки, со тоа се создава некаква лажна сигурност дека дечкото нема да има можност да ја изневери оставената девојка, па пак ќе кажам се дава надеж дека кога ќе се врати ќе има свадба. Затоа девојките од тоа време се држеле за таа лажна надеж. (Мада дедо ми кога бил војска, партизан ако не беше, ми кажуваше за една мед. сестра од Битола која му остана жарче се додека не почина.

)
Во денешно време се знае, замине ли од државата, не се враќа. Или ќе те земе и тебе после 1-2 години или ќе ти раскине преку скајп (ќе си најде странќиња, софистицирана, отмена) а ти веќе две години постара и со сите филмови и планови во неповрат. Денешните жени одат на сигурно. Ако жената познае дека нешто не е како што треба во овие две години, нај нормално ќе си бара друг партнер за остварување на крајната цел. Такви не направи животот, никој не е крив. Ако во минатото (блиско минато еве на моите родители) се знаело дека првата женска што ќе ја фатиш ќе ти биде и жена во 90% од случаите, ова правило денес не важи.