Домен и DNS подесувања!

  • Креатор на темата Креатор на темата Interperf
  • Време на започнување Време на започнување
многу голема работа ќе ти завршат ... шо да ти распраам ...
значи ако си од Ск можеш директно да го однесеш формуларот кај нив .. ако не си можеш по пошта да им го пратиш ...

инаку наместо фирма ќе си ставиш твое име и презиме ..
Јави се прашај ги .. нема каде да згрешиш ...
 
Мислам дека најмалку треба да е некаква организација, не сум 100% сигурен, но мислам дека е така. Најдобро можеш и по мејл да ги контактираш, имам купувано преку нив и контактирано преку мејл, брзо враќаат 12/24 часа :)
 
.mk; name.mk: може да регистрираат и физички лица!

Инаку Марнет работи по стариот правилник во тек е изготвување на нов во кој ќе ги корегираат сите заостанати глупости што ги приморуваат корисниците меѓу кои и ова да може секој да регистрира што сака и како сака, да истекуваат домените и да се бришат од база и да може да се пререгистрираат да може да се закупуваат оние кои се со друга екстензија зафатени без одобрување ако првиот е по одреден рок не е закупен што е голем хендикеп со стариов правилник.
И додека сме кај Марнет, наскоро се надеваме треба да профункционира и законот со кој ќе се овозможи легализација за отворен пазар за регистрирање на домени од страна на правни субјекти и со тоа ќе паднат и цените, услугите ќе одат многу побргу отколку сега што се чека и по две недели за активација. Фирмите што ќе работат ќе може и преку нет да им се плаќа со картица како што е секаде во развиениот свет и без формулари и глупости ќе може да регистрирате.
Едина глупост што произлезе се и овие кирилични домени што наскоро ќе бидат активирани и се чиста глупост.
 
"14. Доменот може да биде регистриран на различни ДНС сервери од ДНС серверите на МКхост, ако и само ако при нарачка на доменот достават минимум два коректно поставени именски опслужувача за предметниот домен, видливи на интернет. Коректно поставени именски опслужувачи се оние опслужувачи кои имаат соодветна програмска поддршка за именско опслужување и притоа: 1) имаат точно еден SOA запис за предметниот домен, 2) имаат NS запис за секој именски опслужувач кој клиентот ги навел при нарачка на доменот, 3)имаат А запис за секој именски опслужувач, а чиешто име се наоѓа во предметниот домен, сите именски опслужувачи кои барателот ги навел при нарачката даваат идентичен одговор на упити во поглед на претходните 3 точки."

Дали ова треба да значи дека мора да користам и други услуги од МкХост? Дали може да ја хостирам страната на друг хост и да користам различен CMS па само да го преименувам постоечкиот сајт новиот .мк домен? Дали е ова финта? Фала на објаснувањето поздрав!
 
Значи вака, во текстот вели дека може да користиш HTTP хостинг + DNS хостинг од МКХост со што од техничка гледна точка си покриен целосно од страна на МКХост, или да наведеш твој DNS хостинг при што ќе треба технички да наместиш се како што треба за да биде доменот регистран. Правилото за правилно техничко подесување на DNS сервери е од страна на МарНЕТ, со него според мене се потврдува дека корисникот знае да ја користи услугата што ја купува, а со тоа се избегнуваат понатамошни недоразбирања и проблеми кои што би настанале при ситуација на неписмен корисник, работи од типот на - купив домен, а не ми работи (затоа што корисникот не знае да намести правилно именски опслужувачи, а од страна на МарНЕТ се е наместено како што треба).

Според мене, најдобра опција е сам да си наместиш технички се што е потребно (или да купиш ДНС хостинг од некаде, со или без HTTP хостинг - мислам дека можеш да купиш од МКХост само хостинг) а одкако се ќе биде наместено лично да појдеш во МарНЕТ со лична карта и да си го регистрираш доменот на твое име во твоја сопственост.
Адресата на МарНЕТ е бул. Партизански Одреди, бр. 17, Скопје - карши Соборен Храм.
http://marnet.mk
http://marnet.mk/?page_id=50 - ценовник
http://marnet.mk/?page_id=46 - регистрација

Ако не можеш сето ова да го обавиш тогаш слободно регистирај преку МКХост, ќе ти завршат работа.
Лично имам многу позитивно искуство и со МКХост како компанија и со МарНЕТ како институција ажурни се, работат, се е во ред, задоволен сум.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom