Споделување исхрани, диети, програми за вежбање....

  • Креатор на темата Креатор на темата Dzaro
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
16 јули 2010
Мислења
214
Поени од реакции
51
Диетата или како што е објаснето во темата Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело е најбитна за намалување па и за зголемување на телесна тежина.

Сепак едно мора да се знае секоја диета различно реагира на секој организам и затоа не очекувајте да земете исхрана од друг дека баш кај вас ќе функционира како кај него. Треба да си испробате која вас најдобро ќе ви одговара според начинот, времето на оброците и финансиите како најбитни.

Тренингот исто така е многу биден фактор во зависност што сакате да постигнете.

Како да се тренира и за што се тренира (мислам на тренинг програма за губење масти, програма за качување мускулна маса, програма за фитнес, програма за ......)
Затоа во оваа тема ќе бидат споделувани и тренинг програми.


Со таа цел пошто е се убаво објаснето во темата погоре околу диетите оваа тема ја отвара за сите форумџии кои се присутни на форумов, а најмногу за подфорумов фитнес и бодибилдиг да ја споделат својата исхрана и тренинг програма независно дали се понежен пол или погруб :) пол.
Ќе ја спомнам и оваа тема за малку да ја обновиме каде што се споделуваат рецепти за да ви стане повкусна храната што ја јадете.


Мислам дека паметно ќе биде секој од поискусниве членови први да ја сподели својата тренинг програма и начинот на исхрана со тоа што кога некој нов би се соочил со овој проблем и сака да го обликува своето тело да ги прочита прво нивните постови

Мислам на @Myers, @Gjoroski, @MajMyH, @sajSiGa, @AceCaleb, @Isak Keyten .......

Ќе ги замолам сите што ќе постираат тренинг програма или диета да наведат со колку килажа почнале и со колку завршиле, што постигнале а што изгубиле.

--- надополнето: 6 јуни 2013 во 16:38 ---
Иако јас не се сметам за стручен како горенаведените ќе ја споделам мојата диета и мојата програма за да биде пример како сакам да изгледаат постовите.

Почнав да држам диета за намалување телесни масти
Имав 115кг висок 175см

Исхрана:
08:00
овесни снегулки или оние благите од кам со малку млеко јогурт 100 грама
11:00
едно парче стек варен или протеин една дозерка
13:00
една туна
17:00
еден стек, салата(патлижан или марула или краставица ....) 50-80 грама ориз или 150 гр компир
18:30
тежински тренинг
20:00
само протеин или праам шејк со урда белки стек...околу 200 калории
Со оваа исхрана стигнав до 96 кг и ја сменив диетата.
Како што наведов погоре не кај секого работат исто диетите па и кај мене со новата диета не сакаше да работи т.е. стоев на 96 кг.

Тренинг:
На гладно преку еден ден понеделник среда петок недела орбитрек 30 мин
Тежински тренинг
Понеделник гради, бицепс
Вторник грб, трицепс
Среда рамо, јамки, подлактица
Четврток гради, бицепс
Петок грб, трицепс
Сабота рамо, јамки, подлактица
Недела одмор

Од понеделник почнувам со нова шема

Исхрана

08:00
Прв оброк
50 гр. овес, во вода со протеин.
11:00
Втор оброк
2 цели јајца, 2 белки.
14:00
Трет оброк
1 туна (без зејтин)
17:00
Четврт оброк
150 гр стек, и зелена салата.
18:30
Тренинг
20:00
Петти оброк после тренинг
1- дозерка протеин со 50 гр овес мешано со вода.
22:00
Шести оброк
100 гр урда (нискомасна) и за 1 саат у кревет

Тренинг:

На гладно преку еден ден понеделник среда петок недела орбитрек 30 мин

Тежински тренинг:
Понеделник раце
Вторник грб
Среда гради
Четврток одмор
Петок рамо,јамки
Сабота раце
Недела одмор
Со среќа нека ми е
 
Еве да споделам 3 искуства:
Во основа цел живот сум над просечна телесна тежина ама не ме спречувало во спорт кога сум имал потреба. Диети и програми кои биле успешни за мене:
1. 2008 година - диета едноставна наутро внес на јаглехидрати + јогурт, пладне овошје парче, ручек протеин + салата и толку, вежбање кај Злате на Кеј според негова програма во основа кардио. Резултат во 2 недели 9 кг доле и основа за добра кондиција и 100% успех за тоа за кое се спремав. Малце беше хард кор ситуацијата имав само две недели и заради тоа беше малку ригорозна исхраната.
2. 2010 година - диета Кето значи висок внес на протеини со 20 грама јаглехидрати дневно, класичнен програм во теретана 5 пати неделно со интервален тренинг 1 во две недели. За 4 месеци видливи одлични резултати намалување на 18 кг со задржување на мускулна маса. Суплементи протеин, амино.

Вториов пример Кето+теретана беше многу успешна варијанта за мене и сега се обидувам да го повторам со замена на теретаната со вежби во домашни услови (теретана опцијата неизводлива во моментов) ама за жал телово е постаро и бара повеќе помош од суплементи па ќе видиме што ќе испадне на крај.
 
http://winstonsalempersonaltraining...io_After_an_Overnight_Fast_Maximize_Fat.3.pdf

овде е објаснето како тоа нема ќар од кардио на гладно, всушност можеби и спротивно!
Зависи какво кардио.
Ако правиш пешачење не гледам никаква потреба за додавање јаглехидрати.
Плус инсулинот е липогенски,а ако пешачиш не ти треба многу енергија да го правиш тоа.
 
Еве уште една интересна работа што ја применувам и дава добри резултати кај мене
Истата диета како што ми е пишана погоре
Не сум сигурен дали е варијација со јаглехидрати али јас вака ја правам
Еден ден 50 грама овес за ручек компирот и за вечера пак 50 овес
Втор ден само 50 + 50 овес без компирот
Трет ден само протеин без јаглехидрати
И пак истото одпочеток


Sent from my iPad 4 using Tapatalk HD
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom