Последици од дрогата

А

Атомската мравка

Гостин
Сум немал никаков контакт со дрога во животов (дури ни цигар немам испуштено, само 1 дим пред којзнае колку години) и само би ти кажал секоја чест за храброста да споделиш искуства на форум и да те подржам во одлуката да се тргнеш од тие срања.. животот ти дал уште една шанса па затоа биди паметна и искористи ја најдобро што можеш без такви “задоволства“. ;)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Секако дека да, често имам вртоглавица, понекогаш паѓам и у несвест ради слабото срце, никако не смеам да се заморувам, строго ми е забрането да пијам алкохол и да пушам цигари. Fuck my life.
Значи кај тебе проблем бил срцето не дрогата.
Другар ради истиот проблем премлад почина
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Isak Keyten, Nessa Alcarin, дечки немам толкави познавања околу дрогата ама не би ме чудело и нешто друго да зема. Плус пие многу алкохол. Многу пие. И секако дека му помагаме !
 

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
Ги испусти интернетот деците особено во последно време, на интернет на секој чекор веќе тревата ја декларираат демек не зема ништо, нема завист, добра е да се зема и незнам што. ВО студентскиве е жално ова што се случува, преку 50 % дуваат на велико, ги гледаш дека кризираат и на секој можен начин доаѓаат до неа. Има батки кои живеат во студентски само да продаваат, никој не ги чепка а сите ги познаваат. Особено оние кои идат прва година тука, дома колку толку биле контролирани и му било брането, идат ваму, а батките кои се главни во ширење на срањево се населени на спратовите за бруцоши во глобала и тогаш почнува се, прво да тргнат на гаге, после тоа си оди така секој ден и тоа се појако и појако. Лани имав девојка која се обидов да ја советувам да се тргне од ова срање али НЕ! и ако ми каже некој дека нема зависност од тревата абе ајде, девојчето последните 200 денари наместо за јадење за трева ги даде, а гладуваше два дена но битно трева зеде. Не пробувајте ништо, ако имате проблеми ниту дрога, ниту цигари, ниту алкохол ги решава, знам дека 90% ќе одговорат дека треба да се проба се додека си млад, ОК добро е и јас сум пробал се али ниту се дрогирам ниту пушам, ниту пијам. Се опивам еднаш во 10 месеци, и 90 % кога сум излезен сум или со едно сокче или со вода обична. Имам другар кој вика дека ако не пивнел некоја чашка или ако не дува демек не може да и се пушти на некоја девојка :facepalm:, се е до психата и размислувањето, ако решиш ќе и се пуштиш и капка алкохол во тебе да нема и ќе си бидиш спремен за било каков исход.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
А може некој мене, како на четиригодишно дете, да ми дефинира што е дрога?

Баш онака, една школска дефиниција, во стилот дрогата е супстанца бла,бла,бла...
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Ги испусти интернетот деците особено во последно време, на интернет на секој чекор веќе тревата ја декларираат демек не зема ништо, нема завист, добра е да се зема и незнам што. ВО студентскиве е жално ова што се случува, преку 50 % дуваат на велико...
хаха луд, тоа во корчагин 50% во втора година дуваа, 80% продуваа додека да матурираат :pos:
Па важат едни од најталентираните студенти на сите факултети.
 

MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
хаха луд, тоа во корчагин 50% во втора година дуваа, 80% продуваа додека да матурираат :pos:
Па важат едни од најталентираните студенти на сите факултети.
До кога? Може да се паметни сега засега али со дозата со која си на почеток тешко дека ќе одиш до крај. Јас да сум газда на фирма во иднина и ми дојде вработен надуван ако сака може да биде најпаметен на светот али ќе лета од работа или пак утрото да се успива поради што бил направен парче вечерта. Јас си знам по мене жив пример, еве не пушам, не пијам, не се дрогирам али земам суплементација за во теретана и тоа многу, на почеток ми беше страв да земам обичен протеин а сега работи кои се стварно јаки јас веќе ги сметам за гола вода и не му ставам многу на значење дека сум го испил, за скоро време планирам да земам уште појако бидејќи не сум стигнал до замислената цел со досегашните. Така ти е и таму, на почетокот можеби со неколку дима ќе се опушти и ќе го долови ефектот али понатаму тоа му станува секојдневие. Прва работа не може да оди вечно така поради што му бара се повеќе и повеќе а втора работа и поради финансиите бидејќи знаеме сите колку пари чини, а нашиве плати не се многу големи да може да си дозволи некој по 100евра месецот за трева и да гледа фамилија. Барем ова е од моја гледна точка.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Сакам да кажам не ти држат предрасудите ако некој понекогаш си праи од чисти мерак дека е неодговорен, недисциплиниран, нема работна навика, се успива, кризира итн итн.. нема никаква врска тоа. А и незнам од кај ти е муабетот дека ќе земаш поголеми дози и ќе те тера на појако да преминеш

:pos:
 
Член од
25 мај 2013
Мислења
115
Поени од реакции
68
Ако дува ќе јаде. Марата тера на јадење, колку и да не си гладен. Друго зема, не е само мара. ;)
Гледам дека добро ја познаваш темава и имам едно прашање..
Дали "Мара" тера на пиење вода!? Седев во кола пред некој ден и набљудував едни мафиози :D и дечкиве си дуваа. Еден од нив може 10 пати во рок од пола саат пиеше вода.. :)
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Гледам дека добро ја познаваш темава и имам едно прашање..
Дали "Мара" тера на пиење вода!? Седев во кола пред некој ден и набљудував едни мафиози :D и дечкиве си дуваа. Еден од нив може 10 пати во рок од пола саат пиеше вода.. :)
Па убаво е да се пие вода и ако не дуваш. Може јадел ќебапи. Не знам.
 

Eva Molotow

Anti-social Engineer
Член од
6 јуни 2008
Мислења
532
Поени од реакции
392
Гледам дека добро ја познаваш темава и имам едно прашање..
Дали "Мара" тера на пиење вода!? Седев во кола пред некој ден и набљудував едни мафиози :D и дечкиве си дуваа. Еден од нив може 10 пати во рок од пола саат пиеше вода.. :)
Те дехидрира и препорачливо е да пиеш вода.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Аууууу ти си бил дежурен психијатар, натемате.... Ти треба да кажеш како другите да го живеат животот??? Штом си немал искуство со дрога, не ни треба да пишуваш и да делиш совети. Не можам да го опишам јас вкусот на чоколадото, ако не сум каснала ни една коцка.

Неса не дека кажува кој како да живее туку факт е дека дрогата може да го уништи човекот...Тој даде совет-нејзино е дали ке го искористи.
И знаеме сите дека доколку почнеш со дрога-ако заглавиш тешко тебе...Ете девојчето си го "средило"животот...Не смее да се возбудува, да работи...Колку луге умираат секој ден.Па зошто да си го уништи животот само од љубопитност да проба?

И ме интересира...доколку не е одговорено на прашањето,креаторот на темата да одговори доколку сака зошто ја натерало да користи дрога?
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
23
Поени од реакции
39
И ме интересира...доколку не е одговорено на прашањето,креаторот на темата да одговори доколку сака зошто ја натерало да користи дрога?[/quote]


Едноставно тој период бев премногу депресивна и сметав дека бегањето од реалноста ке ми помогне...сега би направила се за да го вратам времето назад ама јеби га тоа е , за секој проблем има решение, поседувајќи по наркотици НЕ е излез од проблемите туку напротив, уште толку ти одмага.
--- надополнето: 6 јуни 2013 во 13:50 ---
Како да ти пишам приватна порака?

У инбокс :)
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Насловот на темата е јасен, подфорумот во кој се наоѓа го прави уште појасен.
Зошто, како и дали по своја волја се станува зависник може да дискутирате во оваа тема, каде што и ќе си ги најдете оф-топик мислењата.
Благодарам на вниманието, продолжете со дискусијата за последиците на дрогата по здравјето.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom