Прашања за Исламот III

Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
Нема никакви сличности помеѓу Богомилството и Исламот.Прва работа што ми текнува во врска со богумилите,е дуализмот.
Богомилството би претставувало тежок ерес во однос на Исламот.
Еве,прочитај нешто за Богумилите:http://www.bogumili.com/index.php?option=com_content&view=category&layout=blog&id=50&Itemid=78

Богомилите немале едно верување, туку биле расподелени на секти со различни обреди и верувања. Нормално дека Богомилство во целина гледано од исламска призма се смета за ерес, но јас зборев за одредени фракции ( богомилски) кои нашле сродност во исламското учење.
 
W

Werther

Гостин
Причините за примање на Исламот од страна на Македонците за време на Османлиите,реално,можеме само да ги претпоставиме.Дали се работело за тоа дека Муслиманите повеќе давале,дали се работело за торба или пет,можеби зачувување на крвните линии или пак репресивниот систем,даноците и зулумите го сториле своето,не можеме да знаеме.Гледано од денешна перспектива,каков народ сме и на кое дереџе сме дојдени поради нашите карактеристики како колектив,најмалку имаме право да им префрламе зошто го сториле тоа.Денес,пола од народот да го прашаш,му е гајле за нацијата и државата.
Дел од Македонците примиле Ислам,исто како што го примиле Христијанството и јас не гледам разлика во тие процеси.
Инаку изреката,за жал,не е мит.Човекот има тенденција да се натпреварува во глупоста и тоа добро му оди.
Исламот бил повеќе наметнувам, голем дел биле присилени. Најчесто тоа го правеле заради избегнување на даноците. Барем ова е најрелевантно до сега.
 
M

Muranyi

Гостин
но јас зборев за одредени фракции ( богомилски) кои нашле сродност во исламското учење.
Кои се тие сличности помеѓу Исламот и верувањето на одредени фракции на богумилите?
Постави нецелосен линк од книгата,ако ја има онлајн преправи го.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Чекај, лаички можеме до сабајле да зборуваме. Првин, Богомилите имале различни верувања и не биле на исто сите до еден. Голем дел од нив пет пати на ден се молеле на еден Бог, не го признавале Исуса за син Божји, петок им бил ден за одмор и молитва, итн.

Ти ја препорачувам книгата: Islamizacija Bosne i Hercegovine од Mehmed Handzic која можеш тука да ја прочиоташ: nsko-hercegovakih-muslimana-hadi-mehmed-handi
Не е лаички, јас незборам напамет. Апсолутна лага е болдираното. Богомилите го сметале творецот на овој материјален свет за зол, за нив Богот на Аврам бил лично и персонално Сатанаил, ако ти тука гледаш сличност со исламот, можам само 100% да се согласам со тебе.
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
Ај погледни што сум ти болдирал па размисли. Имаш право не е за смеење за плачење е.
Првиот болд, Знаеш ли воопшто кои биле богомилите и кога постоело тоа движење? Каков ислам какви бакрачи во тоа време.
Вториот болд, пак некои си тези за да бидете посебни нели? Кого тоа убедувате?


Ај погледни болдираното. И ти си го напишал истото што и јас.
Не сум знаел дека овие простори се викаат Шпанија или Италија. Значи цел живот сум бил во заблуда.


Никој пријател не го спори тоа, но поентата беше што членот се повикаше на претците а не си ги знае. И сега се прават поголеми муслимани од сите. Жално :(

Во ред е Атеист тоа за Богумилското движење. Ама не беа ли босанците пред да го примаат исламот Богумили? За второто, реков дека има мислења и тези дека имало мал број муслимани уште пред да дојдат Османлиите , благодарение на блиското присуство на арапите и нивната секојдневна ( повеќе трговска) комуникација со другите. И не се однесува тоа за Македонија туку за Балканот воопшто.

Третото: Сакале да признаете или не, ние сме сепак посебни и различни од вас.;)
 
W

Werther

Гостин
Богомилите немале едно верување, туку биле расподелени на секти со различни обреди и верувања. Нормално дека Богомилство во целина гледано од исламска призма се смета за ерес, но јас зборев за одредени фракции ( богомилски) кои нашле сродност во исламското учење.
Кои фракции бе фракцијо една ? Немало поделби во Богумилството, тие биле, едни. Живееле аскетски живот, често се преселувале и и се спотиставувале на тогашната црква, и зарди истата и ги нема веќе.

Никаква црна сродност нема, со тие книжулињата што мафташ овде, во канта фрли си ги.


Богумилите верувале во дуалната природа на стварноста, муслиманите не.

Крај.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Третото: Сакале да признаете или не, ние сме сепак посебни и различни од вас.;)
Ако под вас ме подразбираш и мене, јас најискрено ти се заблагодарувам на комплиментот...
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Ама не беа ли босанците пред да го примаат исламот Богумили?
Не. Не биле богомили. Богомилите бегајќи од прогонот на Византија, стигнале насекаде (меѓудругото и во сегашна Босна, каде голем број се задржале) дури и до Англија и Ирска. Но тоа било незнатен број.

И уште еден факт. Не ја знам точно годината, но факт е дека Византија го вовела Христијанството како официјална религија и било прогонувано се што не го прифатило христијанството. Ни богомили ни муслимани имало.
За второто, реков дека има мислења и тези дека имало мал број муслимани уште пред да дојдат Османлиите , благодарение на блиското присуство на арапите и нивната секојдневна ( повеќе трговска) комуникација со другите. И не се однесува тоа за Македонија туку за Балканот воопшто.
Не се мислења. Точно е дека дошле муслимани во незнатен број и пред Османлиите, но тие не вршеле исламизација.
Третото: Сакале да признаете или не, ние сме сепак посебни и различни од вас.;)
Ептен сте посебни. Поголеми папи и од папата. Да не ја кажам таа босанската, ќе се навредиш.
 
Член од
7 мај 2013
Мислења
1.580
Поени од реакции
385
Избегнувајте национални дискусии на оваа тема.
Убаво напиша SHANE,јас сум муслиман затоа што сум убеден во Исламската концепција за Бог и се што тоа верување повлекува.
Исламот како религија нема премногу допирни точки со националностите,дозволено е да се декларираш како припадник на нација,но не и да сакаш и мразиш во името на таа нација.
Македонец,србин,хрват,американец ако прифати ислам е мој брат по вера,националноста не ми е битна,и така би требало да гледа секој верник муслиман.
верник муслиман не би требало да се замара со богумили,потурици,вакви,онакви.. јас знам што сум и кој сум.
Не се интересни тие приказни за турци,торбеши,јаничари оставете ги за чаршиски муабет ионака суштински ништо не менува ништо.
Многу е глупо кога ќе кажат дека за време на османлиите луѓето биле присилени да примаат ислам а од друга страна да се фалиш дека некоја црква е изградена во 15,16,17 век :)
Кој ги правел тие цркви? Да не ги криеле во земја додека турците биле тука? :)
Мислите ли дека за 500 години ќе останеше еден христијанин на балканот да беше насилно спроведуван исламот?
Тоа се приказни за лекции по историја до 8мо одделение,овде сме сите возрасни.
Да се вратиме на темата, и прашања за Исламот.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Многу е глупо кога ќе кажат дека за време на османлиите луѓето биле присилени да примаат ислам а од друга страна да се фалиш дека некоја црква е изградена во 15,16,17 век :)
Кој ги правел тие цркви? Да не ги криеле во земја додека турците биле тука? :)
Мислите ли дека за 500 години ќе останеше еден христијанин на балканот да беше насилно спроведуван исламот?
Тоа се приказни за лекции по историја до 8мо одделение,овде сме сите возрасни.
Да се вратиме на темата, и прашања за Исламот.
Сигурно османлиите дошле тука со туристичка виза, или можеби за да ги направат црквите што ги спомна.
Јас стварно незнам зошто не му направија споменик на Сулејман, наместо тоа глупи луѓе на Гоце Делчев, Питу Гули и остали зулумќари правеа, што со оружје се дигнале против кутрите османлии.
Најверојатно османлиите дошле тука од преголема љубов кон луѓето на балканот, нема друго. Ти што мислиш?
 
Член од
7 мај 2013
Мислења
1.580
Поени од реакции
385
Сигурно османлиите дошле тука со туристичка виза, или можеби за да ги направат црквите што ги спомна.
Јас стварно незнам зошто не му направија споменик на Сулејман, наместо тоа глупи луѓе на Гоце Делчев, Питу Гули и остали зулумќари правеа, што со оружје се дигнале против кутрите османлии.
Најверојатно османлиите дошле тука од преголема љубов кон луѓето на балканот, нема друго. Ти што мислиш?
Абе не викам ја дека дошле со преголема љубов,само не бил и толкав терор колку што сакате да представите.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Абе не викам ја дека дошле со преголема љубов,само не бил и толкав терор колку што сакате да представите.
Ако некој дојде и ти го земе детето на сила за да направи јаничар од него, каков терор ќе биде тоа? Ако некој ти ја земе ќерката и ја силува каков терор ќе биде? Ако некој ти го запали селото каков терор ќе биде? Нормален, преголем, премал?
 
Член од
7 мај 2013
Мислења
1.580
Поени од реакции
385
Ако некој дојде и ти го земе детето на сила за да направи јаничар од него, каков терор ќе биде тоа? Ако некој ти ја земе ќерката и ја силува каков терор ќе биде? Ако некој ти го запали селото каков терор ќе биде? Нормален, преголем, премал?
Хаха,абе ајде батали прикаски ти реков.
Тоа реков дека е за 8мо одделение,овде сме возрасни.
бтв. да се вратиме на темата,некое прашање имаш?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Хаха,абе ајде батали прикаски ти реков.
Тоа реков дека е за 8мо одделение,овде сме возрасни.
бтв. да се вратиме на темата,некое прашање имаш?
Имам. На кој начин историските факти за вас се прикаски а прикаската на Мухамед вистина?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom