Прашања за Исламот III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Не беше некое време на форумов, па да ти пренесам.
Целата комуникација со Партизанот се сведува на: „Е не е така бе, е како не ти знаеш, е нема врска бе...“ јас со глава ти гарантирам, дека со ѕид побрзо ќе се разбереш, отколку со Партизанот.

so mene najdobro mozes da se razberis , a za komunikacija so mene , slobodno mozam da kazam deka ne ste seriozni , barem eden od vas , , vasata komunikacija so nas , e samo zaradi potsmev , so losi nameri , navredi i psovki , toa e vasiot stil na razgovor, pa kakva komunikacija ocekuvas od mene,koga vie ne ste seriozni i ako ste seiorozni , vasite nameri se sosema drugi.bi te sovetuval da si bidis vozdrzan vo iznesuvanje zabeleski, , toa ke da e podobro za tebe, i ne zaboravaj slobodno mozes galavata vo zid da si ja udiras , za da mozes pobrzo da se razberis so zidot.:tapp:
 
Прашањето на Ставрогин апсолутно не е на место и најмалце треба да стои на овој подфорум, вака како што е формулирано. Би можело да се одговори на него на друг подфорум, иако одговорот не е така едноставен, бидејќи многу фактори се пресудни тука.

А и твојот одговор е избрзан, бидејќи забораваш дека Албанците во Р. Македонија речиси сите се муслимани. И ако дојде до граѓанска војна помеѓу овие два етноси, ти со твојата констатација: "муслиманот не би требало воопшто нити да се меша и интерферира во таква војна(едноставно недолично и непотребно е да се бори за била каква кауза која е надвор од исламот)...", однапред го определи победникот. Или, или, оставаш простор само за Џихад, односно Света војна во која муслиманот ќе треба да му ја преземе власта на македонецот и да воспостави шеријатска држава. Јас не гледам од твојава констатација друг излез.

Затоа реков дека за да се одговори на ова прашање, потребен е пристап од многу страни и агли.

Па муслиманот само во џихад т.е во борба на Аллаховиот пат можи да се бори,се друго ти е надвор.
Хипотетички: Ако Албанецот се бори за голема Албанија во која ти како муслиман ќе имаш помали верски слободи која е поентата да се бориш за нив? Фактички ти тогаш индиректно придаваш повеќе вредност на националниот идентитет од самиот ислам(нешто што би требало дубоко да те замисли).
Фактот дека се циркумцизирани и дека носат исламско име не ги прави муслимани,намерите и целите ги прави она што ги прави т.е им дава идентитет.
Затоа реков,едноставно муслиман при таква војна не интерферира бидејќи е муслиман и за него постои само борба на божјиот пат(се друго ти е надвор).Доколку мора,тогаш избира врз база на добивката за исламот во тоа место.Ако Македонците нудат повеќе од Албанците(и вајс верса секако) без да ми трепне око ќе прифатам.Јас сум борец за мојата вера и верата на моите идни генерации.Мене не ме интересираат голема албанија,косово,бугарија и што ти ја знам,мене ме интересира верата.
 
Јас сум борец за мојата вера и верата на моите идни генерации.Мене не ме интересираат голема албанија,косово,бугарија и што ти ја знам,мене ме интересира верата.
Кај беа твоите предци да се борат за христијанството? Или повеќе даваа муслиманите? Дури цела торба....
Си мислев дека босанскана изрека “гори од турака је потурак“ е само мит. Но не сум бил во право.
 
Па затоа веќе реков дека не може се да биде под присила,и ти да си одлучуваш што е присила што не е. Убаво напишав дека ако нема друго решение а во прашање е животот,тогаш Нужда закон мења и нема што ти да мислиш тука :)

Ви се забранува мрша, крв, свинско месо и тоа што е заклано во нечие друго име, а не во Аллаховото, и тоа што е задавено и убиено, и што при пад е загинато, и со рог забодено, или од ѕвер начнато, освен ако сте го заклале пред да умре, и што на жртвениците е жртвувано,
....
А на тој што ќе биде принуден, кога има глад, без намера да стори грев, Аллах ќе му прости и Милостив ќе биде.(сура Ел-Маида,3)

И тука немаш многу простор за твои субјективни мислења :)
Јас не би имал што да додадам на ова,бидејќи навлегуваме во беспотребни филозофирања.
Можеш да преминеш на другите прашања.
ок, ми одговори и со мисла и со цитат. супер!
е сега, канибализам? прост пример, со оние спортистите што им падна авионот на андите и за да преживеат мораа да ги јадат загинатите.
и како за крај, еве за да не филозофирам, дали има покајување? или има казна за тие луѓе кои при присила спасиле живот, јаделе свинско, ..... и други несекојдневни ситуации кои се спротивни на исламот? а и што со нив после смртта? каде идат?
 
Кај беа твоите предци да се борат за христијанството? Или повеќе даваа муслиманите? Дури цела торба....
Си мислев дека босанскана изрека “гори од турака је потурак“ е само мит. Но не сум бил во право.

Може да се објасниш подобро? фала :) ( немам лоша намера ) ако нетие мака?
 
Може да се објасниш подобро? фала :) ( немам лоша намера ) ако нетие мака?
ова е сосема друга тема, и долга за раскажување. иако би требало да знаеш на што се мисли.
П.С. доволно како пример ќе ти бидат јаничарите
 
Кај беа твоите предци да се борат за христијанството? Или повеќе даваа муслиманите? Дури цела торба....
Си мислев дека босанскана изрека “гори од турака је потурак“ е само мит. Но не сум бил во право.

Одговорено во предходниот пост.Не се работи за “торба пари“ туку за најголемата вредност т.е идентитетот.Ти кога влегуваш во војна нема да влезеш поради тоа што “ќе заработиш“ туку поради тоа што си Македонец.За мене тоа е исламот,за тебе нацијата.
Друга важна работа,моите предци и предците пред нив не ме интересираат а и не се топик на дискусија.Јас муслиман не постанав поради моите предци туку поради фактот што верувам во исламската верзија за бог.

Зошто си ти атеист? Бидејќи предците биле атеисти или нешто друго е во прашање?
И да,кога би избирал помеѓу христијанин и муслиман,кого би избрал?
 
Ти ги спомна предците, не јас. Кога веќе се повикуваш на нив, зошто не кажеш дека твоите предци биле христијани. А тоа дека ти си станал муслиман по своја волја на друг раскажувај, немој мене. Сум израснал со муслимани од сите нации. Нема таков што своеволно прифатил ислам.
Јас зошто сум атеист е ирелевантно за темава. Но накратко, затоа што ниедна религија, познавајќи ги сите, барем поголемите вклучително и источните не ме убедила во вистинитоста на своите книги, макар да кога би морал да бирам, би избрал џаинизам дефинитивно. А за конкретниот случај ќе стојам на страна на нацијата, не на верата.
 
Добро од кај си сигурен дека предците биле христијани па после примиле ислам? а туку така учеше во основно
 
Јас муслиман не постанав поради моите предци туку поради фактот што верувам во исламската верзија за бог.

Зошто си ти атеист? Бидејќи предците биле атеисти или нешто друго е во прашање?
И да,кога би избирал помеѓу христијанин и муслиман,кого би избрал?
На која возраст се случи тоа? Кога постана муслиман?
 
Добро од кај си сигурен дека предците биле христијани па после примиле ислам? а туку така учеше во основно
:facepalm:
“бог да чува“, што ли се не ве учат во џамиите. Богами и Ариел е вон конкуренција.
 
:facepalm:
“бог да чува“, што ли се не ве учат во џамиите. Богами и Ариел е вон конкуренција.

Не те прашав каков детергент користиш те прашав одкај си сигурен
 
Pak ke kazam, Sveti Avgustin da znael sto ke donese negovata izmama so sozdavanjeto na islamot, 1400 godini podocna, so sigurnost ke batalel taa opcija za smiruvanje na pleminjata
 
Не те прашав каков детергент користиш те прашав одкај си сигурен
Не ти ни кажувам за мојот детергент. Реков дека и без прашак тие имамите и оџите перат поубаво и од ариел. Знам дека си ти умен момак и можеш да сфатиш.
 
Ти ги спомна предците, не јас. Кога веќе се повикуваш на нив, зошто не кажеш дека твоите предци биле христијани. А тоа дека ти си станал муслиман по своја волја на друг раскажувај, немој мене. Сум израснал со муслимани од сите нации. Нема таков што своеволно прифатил ислам.
Јас зошто сум атеист е ирелевантно за темава. Но накратко, затоа што ниедна религија, познавајќи ги сите, барем поголемите вклучително и источните не ме убедила во вистинитоста на своите книги, макар да кога би морал да бирам, би избрал џаинизам дефинитивно. А за конкретниот случај ќе стојам на страна на нацијата, не на верата.

Можи биле христијани,можеби политеисти.Можеби верувале во Аполон,Јупитер,Валхала ....
Тоа биле моите предци ,не јас(тие за себе,јас за мене).

Нема таков што своеволно прифатил ислам? Значи,дефакто ти “ВЕРУВАШ“ дека исламот е наметната религија и дека не е слободен избор поради фактот што сеуште не си сретнал таков?

Вториот болд:А ако нацијата ти кажува дека “Само Христијани можат да бидат Македонци?“
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom