Ребраст каиш

  • Креатор на темата Креатор на темата party bracker
  • Време на започнување Време на започнување
Јас го сменив на 23000 км, 5 години стар. На изглед беше супер... кога го извадивме, е тогаш да видиш како изгледа...

А зимава менував клинасти, го загледа мајсторот у чајка и вика до 100,000 нема гајле.
 
ти си знаеш.

Не ќе го менам летово, и предницата напред по малку ми цвика кога вртам во лево, јабучицата и лагерот се узреани за смена. Имам еден пријател шо работи во ПСА, ќе го замолам од таму да ми земе делови.
 
У бре, па ја сум 6-та година на 80,000 поминати, го гледав пред некое време изгледаше супер, ни напукнат ни конци а запците му беа одлични.
Ако прајме муабет за оригиналниот , ќе те вози до 100.000 км. Мада од ко ќе го смениш, читај шо ти пиши струмикс. Заменските делови не се исти по квалитет со оригиналните.

А зимава менував клинасти, го загледа мајсторот у чајка и вика до 100,000 нема гајле.

Клинасти и ребрасти не е исто... клинастиот и да ти се скини ке немаш алтернатор, серво и клима (ако има колата серво и клима). толку. колата се вози без проблем до најблискиот сервис.

Ребрасти, не би ти посакал да ти се скини. Се виткаат вентили, се кршат клипови... големи шансите се да треба да се вади главата, најмалку рамнење, нови вентили, диктон и масла... ако немаш среќа, можно е тотално да го уништи моторот.
 
Ако прајме муабет за оригиналниот , ќе те вози до 100.000 км. Мада од ко ќе го смениш, читај шо ти пиши струмикс. Заменските делови не се исти по квалитет со оригиналните.

Клинасти и ребрасти не е исто... клинастиот и да ти се скини ке немаш алтернатор, серво и клима (ако има колата серво и клима). толку. колата се вози без проблем до најблискиот сервис.

Ребрасти, не би ти посакал да ти се скини. Се виткаат вентили, се кршат клипови... големи шансите се да треба да се вади главата, најмалку рамнење, нови вентили, диктон и масла... ако немаш среќа, можно е тотално да го уништи моторот.

Зарем новиве мотори на ПСА немаат тоа заштита од такви случаеви?

Инаку за каишот од франција ќе ми го донесат, имам човек што работи во ПСА.
 
Kakva zastita od skinat rebrast be druže. :D
Kaj nekoi koli so standarden 4 klipen 8v motor ventilite nemaat dopirna tocka so klipovite,kaj ovie i da se skine kaisot nema posledici za motorot. Kaj site dizeli i 16v benzinci se skina li kaisot otidoa ventilite,znae da se skrši i bregasta ili klip.
Zatoa pamet u glava,menjavanje na rebrast na sekoi 50.000km ili na 3-4 godini bez razlika na kilometri maksimum.
 
Зарем новиве мотори на ПСА немаат тоа заштита од такви случаеви?
Имаат бе... спремен си да ја пробаш? Шансите експериментот да успее ти се 50-50. Сега ти, како сакаш прави.
 
Имаат бе... спремен си да ја пробаш? Шансите експериментот да успее ти се 50-50. Сега ти, како сакаш прави.
Е сеа ме зезаш, прашувам зошто сум чул дека имаат некаква заштита од скинат каиш, инаку нареден месец стига каишот и клинастиот го порачав ;)
 
Момци (и девојки?) да не знаете кај да најдам ребраст каиш за Land Rover Freelander, од кој производител, дали има разлика во бројот (димензии) или сите пасуваат? На чале, во овластениот сервис на Маккар, му побарале 16,000 ден. некако многу ми се гледа...
 
16 000 за ребраст???? не ме заебавај човек хах.... барај на друго место ценава е ненормално страшна!!!
 
Момци (и девојки?) да не знаете кај да најдам ребраст каиш за Land Rover Freelander, од кој производител, дали има разлика во бројот (димензии) или сите пасуваат? На чале, во овластениот сервис на Маккар, му побарале 16,000 ден. некако многу ми се гледа...

Која година е Ланд Ровер???Ако е 1999ш-2000 модел и е дизел,има иста макина ко БМВ 320Д.Ке си бараш за БМВ,а во Чаир има дукани колку сакаш......
 
ај да си прашам и ја за мојава - сменив ребраст пред 2 000 километра некаде - купив оригинал фленор и ми рекоа следно менување на 4/5 години или на 40/50 000 километра...

е сеа ме интересира - пошто погоре некој пиша на дизелаши или 16 вентислки мотори обавезно се кршат клипови се криват вентили и слично - мојава ланчија ( ипсилон ) е 8 вентилса па во случај да скине каиш ( недај боже на никој не посакувам ) дали би искривило вентили и слично или шансите се помали?

моторот е исти како на пунто ( најслаб мотор 44 киловати )
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom