Предлог за филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата VeGaS
  • Време на започнување Време на започнување
Па скратено се работи за љубов помеѓу тинејџерка и вампир.Одлична љубовна приказна.
Накратко објаснето:toe:
 
slumdog_millionaire.jpg


Дете од Мумбаи (Индија) кое израснува како скитник, станува натпреварувач во индиското шоу Кој Сака Да Биде Милионер, пред да оди во шоуто работи како послужувач на кафе.По завршувањето на шоуто го уапсуваат под сомнение дека мамел,каде го мачат да признае од каде ги знае одговорите, па тој почнува да си го раскажува животот низ се што поминал и дава објаснување на полицијата од каде ги знае сите тие одговори....

9/10 од мене оценка

Оскарот за најдобар филм во минатата година му припадна на филмот Slumdog Millionaire, а во трката за оваа награда беа и The Curious Case of Benjamin Button, Frost/Nixon, Milk и The Reader.

Од вкупно 10 номинации, филмот на британскиот режисер Дени Бојл, Slumdog Millionaire за победата во квиз на едно сиромашно момче од индискиот град Мумбај, освои вкупно осум Оскари.
 
Training day.
Дејствието се случува во еден единствен ден. Во овај филм се прикажува врската помеѓу чуварите на редот и мирот со криминалот. Дензел Вашингтон е искусен полицаец кој што има за задача да ги провери способностите на Итан Хок кој што сака да биде дел од неговата единица. Ми се допадна филмот поради неизвесноста и начинот накој се прикажани случките во него. Да не го раскажувам кој што го нема гледано нека го гледа и ќе си донеси сам одлука во врска со овај филм.
 
Training day.

Дејствието се случува во еден единствен ден. Во овај филм се прикажува врската помеѓу чуварите на редот и мирот со криминалот. Дензел Вашингтон е искусен полицаец кој што има за задача да ги провери способностите на Итан Хок кој што сака да биде дел од неговата единица. Ми се допадна филмот поради неизвесноста и начинот накој се прикажани случките во него. Да не го раскажувам кој што го нема гледано нека го гледа и ќе си донеси сам одлука во врска со овај филм.


Браво за Training Day одличен филм и исто ви препорачувам да го гледате ако го немате веќе.

Дали некој го има гледано The Reader? Кејт Винслет ми е една од омилените глумици и драго ми е што го доби оскарот за најдобра женска улога. Овај филм секако ќе ми биде на репертоарот наскоро (само да најдам добар торент :) )
 
25th hour
Многу хард кор филм со Едвард Нортон. Во овај филм глуми дилер на дрога кој што се наоѓа во многу тешка ситуација. Не знам што да кажам за филмов, а де не го раскажам, гледајте го второто клипче па одлучете дали да го гледате.

Chocolate (2008).
За сите оние што сакаат филмови со боречки вештини, ова е филм на кој што нема да зажалите ако му посветите внимание и го гледате. Ги почитувам суровите реални филмови од овај тип каде што нема летање, глупости и претерување со специјални ефекти. Дејствието на филмот се одвива околу ментално заостанато девојче кое има невидено брзи рефлекси. Во филмот има мешавина на боречки вештини и е реален со реални повреди на актерите ( ќе си видите во трејлерот), сниман е и приказната се случува во Тајланд. Мене многу ме бендиса, а за вас не знам и не можам да одлучувам место вас, гледајте го.
 
Срамота е да не ги гледате ,,Црно Семе " (животот на егејците) ,,После дождот'' (војната во 2001) ,,Mис Стон '' (животот на Македонецот)
Македонци сме или што сме? :oeoeoe:
 
Туку што го изгледав по трет пат филмот Големата Вода во режија на Иво Трајков.
Одличен филм кој не смеете да го препуштите. Уметничко филмско пресликување на маестралното дело од Живко Чинго со исти наслов.


u35016wx9h5.jpg


п.с. туку што прочитав дека Кејтан го глумело женско девојче :)
 
The Guitar

Го гледав денес филмов и стварно мислам дека е супер. Се работи за девојка која дознава дека боледува од рак и и останува уште 2 месеци живот, на работа доаѓа и ја отпуштаат, а дечко и и зборува како му требало време да се пронајде самиот и ја напушта. Така сама ќе пошне да живее во стан 2 месеца и да го напушти. Во текот на тие 2 месеца ќе го оствари детскиот сон да научи да свири гитара и сл. Понатаму проверете :wink:.
Фимов ми истави добар впечаток поради тоа што е малку мрачен и потежок за гледање ама се исплати дефинитивно. Одлична драма.
 
29ljq5l.jpg


Топ филм.. кој го нема глеано му го препорачувам..
Ме мрзи да го раскажувам...
Глумци одлични..
Приказна заплеткана..
Режисер одличен..
Одлична музика :)
Се на супер филмче,што сакате повеке :)
 
Body of lies

Топ филм.. кој го нема глеано му го препорачувам..
Ме мрзи да го раскажувам...
Глумци одлични..
Приказна заплеткана..
Режисер одличен..
Одлична музика :)
Се на супер филмче,што сакате повеке :)

Body of lies најреално прикажана задачата и делувањето на американските разузнавачи преку целиот свет. Затоа му давам оцена 9/10 и исто ви препорачувам да го гледате ако сте љубители на филмовите од жанр акција шпионажа. Режисер Ридли Скот (Гладијатор) Улоги: Расел Кроу , Ленардо ДиКаприо, Марк Стронг...
 
Cop Land.
Човек уште кога ќе ја види актерската екипа во филмов (Силвестер Сталоне, Харви Кајтел, Роберт Де Ниро, Реј Лиота) предвреме можи да оцени дека е добар филм. Посебно мене што ми го задржа вниманието е тоа што Слај глуми херој, но сепак едноставен добар човек, со невидена верба во своите соништа. Да не го раскажувам филмот гледајте го во сабота 28 февруар на канал 5 тв ( не забележав во колку часот, вечерен термин беше).
 
Предлог за некој онака стварно хорор филм? Понов, 2088/2009?
 
Tuck Everlasting


23w5r2s.jpg


If you could choose to live forever, would you?

Winifred "Winnie" Foster е 15 годишно девојче, ќерка на богат земјосопственик која не е задоволна од сопствениот живот. Изреволтирана од одлуката на родителите да се школува во интернат за девојки далеку од дома, бега во блиската шума која е во сопственост на нејзиниот татко, каде го сретнува "17"-годишниот Jesse Tuck. Тhe Tucks се семејство кое живее скромно во шумата и за разлика од целиот свет, тие се луѓе што не брзаат никаде и сите работи ги прават полека. Меѓутоа, имаат тајна која по никоја цена не смее да биде откриена. По краткиот разговор со Jesse, Winnie веќе инволвирана во ситуацијата и како таква закана за нивната тајна, е киднапирана од неговиот брат. На почетокот се противи и сака да се врати дома, но постепено ги запознава подобро, го засакува начинот на живот кој тие го живеат и доброволно останува. Во меѓувреме таа и Jesse се заљубуваат. Набргу ја дознава и нивната тајна, тие се бесмртни. Најстариот член на семејството, таткото на Jesse се обидува да и објасни зошто бесмртноста и не толкав благослов како што се чини. Ја учи како не треба да се плаши од смртта, туку од животот што нема да го изживее, дека не треба да живее засекогаш туку едноставно да живее. Работите се комплицираат кога ќе ги пронајде човекот кој ја знае нивната тајна и сака да го искористи изворот на младоста за да се збогати. Останува прашањето дали нивната тајна ќе биде откриена и дали Winnie ќе се одлучи на бесмртност и живот со Jesse, или на нормален живот без него.

Прекрасна приказна :pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom