Крвав петок во Турција

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување
На МК Википедија најдов интересен напис за Шеријатот во кој се вели:
Исламистичката моќна база е милионот на сиромашни, особено урбаното сиромаштво движејќи во градовите на внатрешноста. Тие не се меѓународно распространети и поврзани (единствено исклучок е „Муслиманското братство“). Нивната реторика се противи на западната култура и западната моќ.[45] Политичките групи кои сакаат да се вратат на традиционалните исламски вредности повеќе се извор на закана за секуларна влада на Турција[46].Овие движења може да се сметаат како нeo-шеријатизам.[47]

http://mk.wikipedia.org/wiki/Шеријат
 
Симптоматична е формулата за сите револуции на Блиски Исток последниве неколку години.
Неколку стотици демонстранти, голем број од нив божемни студенти со легитими барања бараат смена на власт оти е диктатура.
Секако поддржани од западните медиуми кои го опишуваат ова како насилен чин.

Се ова во моментите кога Турција односно нивните корпорации веќе го купија пола Балкан и почнуваат да му ги замрсуваат сметките на западноевропските корпорации дома со нивниот капитал.
И во моментите кога Грција има најслаба политичка и економска моќ да им биде противтежа, и кога Турција за момент е растеретена од домашните проблеми со Курдите со претседател кој е растеретен од евроинтеграции.
 
Во најмала рака треба да си даде морална оставка поради полициската акција. Овие илјадници и илјадници слики кои пристигнуваат од Турција заедно со видео материјал говорат дека полицијата си го поминала прагот на делување.
Тоа е во најмала рака што очекувам од лидер да направи. Ова е само почеток во Турција, крајот се знае кој е. Вчера и во Бешикташ демонстрантите се судриле со поилицијата со помош на багери. На сила со сила се враќа. И неможам да ги сфатам полициските сили, па тие кон кого ова го прават се нивни браќа и сестри. И јас очекувам воен преврат, војската помага од првиот ден. Така и треба, чим не му иде паметот. Она што е интересно Ердоган е поддржан од ЕУ, значи Турција е интересн случај за разгледување од повеќе аспекти.

Погледнете ги само овие слики, за восхит!
http://imgur.com/a/JvJD3
 
Во најмала рака треба да си даде морална оставка поради полициската акција. Овие илјадници и илјадници слики кои пристигнуваат од Турција заедно со видео материјал говорат дека полицијата си го поминала прагот на делување.
Тоа е во најмала рака што очекувам од лидер да направи. Ова е само почеток во Турција, крајот се знае кој е. Вчера и во Бешикташ демонстрантите се судриле со поилицијата со помош на багери. На сила со сила се враќа. И неможам да ги сфатам полициските сили, па тие кон кого ова го прават се нивни браќа и сестри. И јас очекувам воен преврат, војската помага од првиот ден. Така и треба, чим не му иде паметот. Она што е интересно Ердоган е поддржан од ЕУ, значи Турција е интересн случај за разгледување од повеќе аспекти.

Погледнете ги само овие слики, за восхит!
http://imgur.com/a/JvJD3

Сега баш сакав да ги постирам сликиве. Полициските сили почитуваат наредби односно им имаат благ до среден brain wash направено. Ердоган е поддржан од ЕУ, но Турција отсекогаш била стратешки значајна за САД, па веројатно и се поставува прашање кој ќе превладее тука. Мислам дека нема да дозволат да се радикализира и ќе го симнат Ердоган, али тоа се игри што не може да ги предвидиме ко обични смртници.
Сликиве се пример како треба да изгледа сложен народ, само вака може нешто да се постигне! Видете како се грижат едни за други, како се сплотени за да постигнат нешто што сите го сакаат, да ја добијат промената што им треба.
Искрено се надевам дека во добар правец ќе се одвиваат работите во Турција.
 
Ердоган го најде виновникот, Твитер му е крив!
http://mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNewsNewsCategory/128/106606927
Анкара, 3 јуни 2013 (МИА) - Турскиот прмиер Реџеп Тајип Ердоган ги обвини денеска социјалните мрежа, а посебно Твитер, дека се одговорни за немирите и уличното насилство во Истанбул, Анкара и Измир и во десетина градови во Турција.
Ердоган ги нарече демонстрантите „екстремисти“, а Твитер „најлошиот немирко“ во турското општетство.
- Во Турција постои еден најлош немирко и тој се вика Твитер, рече турскиот премиер, тврдејќи дека на него може да се најдат „најголемите лаги“.
Изјавата на премиерот Ердоган доаѓа по денешната обнова на протестите во Истанбул и Анкара, како и во Измир во помал обем.
Од синоќа во делови од најголемиот турски град, Истанбул се поставени барикади, најчесто од автобуси од градскиот сообраќај. Во Измир демонстрантите и денеска фрлале молотови коктели кон зградата во која се наоѓа седиштето на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на Ердоган, додека во Анкара демонстрантите се забарикадирале во еден трговски центар.
Претставник на турското Министерство за внатрешни работи изјави дека се уапсени 1.750 лица, но и дека најголемиот дел од нив по сослушувањето се ослободен.
Асоцијацијата на турските лекари информира дека досега се повредедни илјада луѓе, само во Истанбул и уште 700 во Анкара.
106599994
Демонстрациите почнаа минатиот понеделник, како мирен протест против уривањето на истанбулскиот парк Гези на плоштадот Таксим, со цел на тоа место да се изгради, како што велат демонстрантите, „кичерајски трговски центар во квази-османлиски стил“, но набрзо тие прераснаа во најмасовните и најжестоки демонстрации во Турција во последниве децении.
Демонстрациите сега прерсанаа во политички протести против Владата, владејачката АКП и премиерот Ердоган. На протестите во Истанбул демонстрантите бараа оставка од Владата и прекинување со „исламизацијата на турското општество“.
Политичкио експерт и професор на универзитетот „Босфор“ во Истанбул, Корај Чалишкан изјави за лондонски „Гардијан“ дека премиерот Ердоган „повеќе никого не слуша“, што според него го објаснува и револтот на младите и на турската јавност. ти/сп/13:09
 
Ќе си псуе мајката Ердоган за паркот и трговскиот цел живот...
 
Прочитавте Реџепи што напишал ? Ќе се скинете од смеење...

На местото на паркчево во османлиското време постоел трговски центар, троа поголем. Ататурк урнал дел од трговскиот центар, и изградил градби кои симболизирале секуларност и исламофобија.


:vozbud::vozbud::vozbud:
 
Турција има еден чуден устав таму нешто. Мора да остане секуларна, ако не во тој случај има право да реагира војската. Ердоган доколку си игра со она што Мустафа Кемал Ататурк го направи ќе биде набиен на колец. Знаете Ататурк како го чуваат таму. Во секоја куќа и фирма има слика од него. Турција е пример за Исламските земји и како треба да се стремат они. Се надевам дека ќе успеат да го зачуваат тоа што го изградија пред неполн век и да го сочуваат.
Еве што пренесуваат. ТРТ на македонски јазик:

http://www.trtmacedonian.com/trtworld/mk/news.aspx?dil=mk

Телевизија:
http://www.trtmacedonian.com/trtWorld/Canli/Live.aspx?y=tv&dil=mk
 
Нормално дека им пукна филмот на турците од таа low-level, полека, но сигурна исламизација на земјата.Забрана за ова, забрана за она, па не сме повеќе 15век упм! :mad:
Resistance!!!

421px-Fist.png
 
Искрено не успевам да најдам смисла во постапките на турскиот народ. За разлика од пред 10 години кога беа левичарите на власт, денес Турција бележи висок економски напредок и издигнување на средната класа. Заостанатите социјалистички закони кои ја укопуваа економијата како на пример забраната за странци да можат да купуваат имот во Турција ги избришаа, а со тоа неколкукратно зголемувајќи го странскиот капитал. Куповната моќ и стандардот се зголемија, сега живеат како господа.

Партијата на Ердоган успеа да создаде економски просперитет за период од 10 години додека левичарите не успеаа да постигнат ништо иако беа на власт 50 и кусур години.

И сега го гледаат како тиран. Студенти кои протестираат само затоа што се индоктринирани да веруваат дека социјализмот е лек за се во општеството.
Дури и си го крстиле движењето #OccupyGezi... налик на OWS

Ако нешто вакво се случеше во западна Европа, сите ќе се изнасмееја на протестантните хипстери. Но затоа што Ердоган е муслиман сите застануваат на страната на левичарите.
 
Очигледно почна премногу да им пречи Ердоган на САД па решија да се ослободат од него.Мислам дека нема да успеат.
А приказните за исламизација ми се повеќе од смешни.Две-три закончиња кои се однесуваат на ограничување на продажбата на алкохол и дозвола за носење на бурки во училиштата се далеку од воведување на шеријатското исламско право во Турција.Јас барем,не можам да ја поимам Турција со шеријатско правно уредување,тоа би било еквивалент на самоубиство на државата и потенцијалот кој го има Турција.Би кажал,популистички потези на Ердоган,ништо повеќе од тоа.
Турците се паметен народ,доста попаметни од нас кои се однесуваме душебрижнички на форум и се грижиме за наводната опасност наречена исламизација која наводно го демне турскиот народ:facepalm: Абе смешки:D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom