Само ти реплицирав што правеше Русија во врска со резолуциите за Југославија и Либија.
Мене одамна ми е јасно дека на САД не им треба дозвола од трети страни за да извршат напад врз одредени земји, ниту па на Русите им требале дозволи за да ги остварат своите цели. Сепак СБ на ООН претставува некакво тело што до одреден степен ги оневозможува одредени земји да прават што сакаат. Колку да не дојдат големите во конфликт.
Инаку тешко дека САД би направиле профит со продавање оружје на бунтовниците. Да продадеш да речиме 3-40 000 пушки и нешто експлозив и не е којзнае што профит. Впрочем, дури и да остварат десетици милијарди долари профит (што на пример не е случај ни со најголеми воени зделки) никогаш таа сума нема да ја надмине сумата на нафта и гас што би се продала од Сирија.
А пази, бунтовниците не купуваат оружје, го добиваат гратис.
Друга работа е, што толкавите огромни профити, всушност не се причина за напад на некоја земја. Ејпл на пример прави годишен профит од 40 билиони долари. Илјадници други фирми прават профити далеку поголеми отколку оние на нафтените копмании.
Не се работи ни за нафтата. САД имаат повеќе од доволни извори на нафта. Го имаат под контрола најголемиот (сега веќе поранешен) извозник на нафта и многу други.
Авганистан на пример е земја сиромашна со нафта, а досега Авганистан е најдолгата окупација на САД.
Во јавноста владее мислењето дека САД војуваат за нафтата, но воопшто не е така. Да, има врска нафтата, но не толку колку што има главната причина заради која САД војуваат насекаде во светот.
А тоа е опстојувањето на САД како единствена (или како една од две) најмоќни империи на планетава. Ако САД дозволат пристап до таа нафта на други земји, ако им дозволат на други земји да градат воени бази и да го шират своето влијание во тие земји, САД ќе ја изгубат водечката позиција што ја имаат.