Немири во Турциjа

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Одамна не е пишано ништо на темава, а баш сега има протести во Турција.

"Полицијата во Турција искористи солзавец врз стотиците протестанти кои се собрани во центарот на Истанбул во обида да ги разбие неколкудневните демонстрации.. "
Да не преведувам без потреба, статија на DW , AlJazeera Huffington post
Стотици повредени, двајца мртви.

Пренос во живо од она што се случува(линк 1)(линк 2)


Слики од протестите






#direntaksim
--- надополнето: 31 мај 2013 во 23:13 ---
#occupygezi
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.085
Поени од реакции
1.254
ДЕМОНСТРАНТИ ВО ТУРЦИЈА

Не даваат да се уништат белите дробови на Истанбул

Десетина лица во Турција рано наутро во петокот беа повредени во насилната интервенција на специјалната полиција против неколку стотици демонстранти кои со денови кампуваа во паркот во центарот на Истанбул, протестирајќи против планот на урбанизацијата, јавија турските печати. Полицајците употребила солзавец и воден топ со намера да ги дислоцира протестантите од Гези Паркот на Плоштадот Таксим, кој е централен плоштад во европскиот дел на најголемиот турски град. Новинската агенција Доган соопшти дека неколку демонстранти се повредиле кога паднало скеле на кое бегајќи се качиле.


Инаку, демонстрантите кампуваа цела недела во паркот протестирајќи против планот за урбанизација кој предвидува уривање на стебла во паркот и изградба на нов културен и трговски центар. Од понеделникот жителите на Истанбул, редовните посетители на паркот и еколошките активисти кои го сметаат паркот за бели дробови на овој дел на метрополата, чуваа стража со поддршка на парламентарната опозиција и секојдневно се бореа против силите на редот тврдејќи дека станува збор за незаконски работи.

По петочната интервенција, демонстрантите одново започнаа да се собираат на приодите на паркот со околу 600 стебла.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=C7BE7950A443F74386C26FE07FA09E4C


http://www.plusinfo.mk/vest/94122/FOTOVIDEO-Demonstracii-protiv-sechenje-drvja-vo-Istanbul



 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Од немири за трговски центар ситуацијата се претвори во сенародни немири.
 
Член од
9 април 2011
Мислења
812
Поени од реакции
1.055
Еве галерија од немирите
http://occupygezipics.tumblr.com/



Војската им дели маски за лице на протестантите



Што пренесуваат турските медиуми
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Moја пријателка ми се јави вчера, рече полицијата се однесува бахато и испукува солзавец каде што треба и не треба. Додатно рече, народ имало во секоја улица, значи никако не е безазлен настанов, без разлика која е причината и како се' почнало, крајниот исход е сенароден немир. Некои почнале да откорнуваат коцки од калдрмата и да фрлаат, а полицијата им возвратила со истите коцки при што еден дечко е потешко повреден. Што се однесува до солзавецот, рече само под нејзините нозе паднале четири канистри и едвај останала при свест.

Сега ќе имаат централен митинг во 3 часот и се очекува немирите да се прошират. Носат полиција од цела Турција бидејќи постоечката во Истанбул не може да се справи со ситуацијата.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.625
Поени од реакции
59.481
Секоја чест за турскиот народ. Им покажаа дека никој не може да им го силува градот. Оваа власт во Турција е очигледно опресивна, да тепаш народ за трговски центар треба навистина да си отиден, или корумпиран до коска.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Истанбул денес повторно силни демонстрации, полицијата употребува прекумерна сила во растргнување на демонстрантите.
http://www.jutarnji.hr/www.jutarnji.hr/1106092

Дали дојде крајот на конзервативното владеење на Ердоган?
 
А

Атомската мравка

Гостин
3.jpg


Навивачите во акција..

1.jpg

Во меѓувреме овие што протестираат добија подршка од лекарите

2.jpg
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Над 10.000 луѓе се движат преку мостовите од Европскиот дел и покрај солзавецот и кордоните полиција.

И не се работи за никаков трговски центар, тоа беше поводот, се работи за општото напластено незадоволство од владеењето на Ердоган во кое се поттиснува Кемализмот, а се форсира Исламот. Има и други причини, се разбира.

https://www.facebook.com/zlatko.kovach?ref=tn_tnmn#!/photo.php?fbid=277016679108887&set=a.259644877512734.1073741825.221841217959767&type=1&theater
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.880
Поени од реакции
50.434
Анрхисти, комунисти, хипици цел живот се кријат позади чист воздух и здрава околина за да испуцаат вишок енергија.
Јасно е дека ова е против Ердоган, а ако се знае дека во Турција секоја власт секогаш е на штрек од преврат од страна на војската- можеби ова да е баш тоа.

пс. ги очекувам утре распеани скопјани и сите тие ќофтари што виделе на твитер дека модерно да се солидаризираат да излезат и да глумат реума и револуција .
 
Член од
9 април 2011
Мислења
812
Поени од реакции
1.055
Над 10.000 луѓе се движат преку мостовите од Европскиот дел и покрај солзавецот и кордоните полиција.

И не се работи за никаков трговски центар, тоа беше поводот, се работи за општото напластено незадоволство од владеењето на Ердоган во кое се поттиснува Кемализмот, а се форсира Исламот. Има и други причини, се разбира.

https://www.facebook.com/zlatko.kovach?ref=tn_tnmn#!/photo.php?fbid=277016679108887&set=a.259644877512734.1073741825.221841217959767&type=1&theater
Викаат дека сликата е стара, т.е дека е од некој маратон пред некоја година.
 
Член од
27 ноември 2008
Мислења
1.433
Поени од реакции
341
пс. ги очекувам утре распеани скопјани и сите тие ќофтари што виделе на твитер дека модерно да се солидаризираат да излезат и да глумат реума и револуција .
Кога овие куртоните од твојата држава ќе те опресираат како таму нив (иако веќе се случува) ќе бараш Европа да биде со тебе.

инаку измир :
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.625
Поени од реакции
59.481
Се разбира дека паркот е само повод, чашата е прелеана. Ама ваква реакција сигурно ни на сон не очекувале, им се тресат гаќите сега. Некој од нашиве медиуми пиша дека се случувало „Арапска пролет“ во Турција. Напротив, со т.н. Арапска пролет на власт дојдоа ретроградни сили, како што е оваа на Ердоган која оди до таму да забранува бакнување во јавност. И во Египет на неколку пати опозицијата се обиде да ја врати државата во нормална но безуспешно, барем засега.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.085
Поени од реакции
1.254
Се разбира дека паркот е само повод, чашата е прелеана. Ама ваква реакција сигурно ни на сон не очекувале, им се тресат гаќите сега. Некој од нашиве медиуми пиша дека се случувало „Арапска пролет“ во Турција. Напротив, со т.н. Арапска пролет на власт дојдоа ретроградни сили, како што е оваа на Ердоган која оди до таму да забранува бакнување во јавност. И во Египет на неколку пати опозицијата се обиде да ја врати државата во нормална но безуспешно, барем засега.

Разликата е што во Турција нема такви забрани како во арапските земји..
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.625
Поени од реакции
59.481
Натаму оди работата...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom