Шеријатот е збир на правила,регулативи,учења и вредности со кои се управуваат и користат муслиманите.
Тоа е верски закон втемелен на Аллаховата објава,Куранот
Негови извори се:
1. Куранот ,литералните зборови на Аллах изречени со Неговото Знаење и мудрост.(последната Аллахова Објава),
2. Суннетот на Мухаммед а.с..Суннетот ги вклучува зборовите,делата и дозволите на Пратеникот а.с..Суннетот е забележан во книгите Хадисите(изреките и обичаите на Мухаммед а.с.).,
3. Иџма-консензус на исламските научници,
4. Кијас-аналогиска дедукција,
5. Иџтихад-сопствено расудување,и
6. Маслахатул-мурселе-јавен интерес.
7.Урф-Традиција
Џихад:
Поимот џихад во арапски јазик значи вложување на труд и напор во сите акции и активности во борба за одржување на напредокот и благосостојбата, како за поединецот така и за заедницата. Глаголот "џахеде" значи да се трудиш, оспособиш, припремиш за се што е позитвно. Во оспособувањето за извршувањето на животната мисија, која исламот ја одредува и пропишува за човекот не е доволна само стручна припрема.
Ова ти е најјубавата дефиниција,проблемот е што денеска зборот Џихад, од медиумите се користи за негативно представување на муслиманите.
Џихадот не значи само убиј ги неверниците,како вие денес имате представа.
За муслиманите,џихадот кој е обврска е Џихадун-невс или борба со самиот себеси,борба со своите страсти,откажување од негативните работи и пороци,правење добри дела,покорност на Бога итн.
Втор вид на Џихад е Џихаду бин-невс,тоа е борбата кога имаш непријател,некој кој те нападнал или те загрозува.
Аллах во куранот вели:
"И војувајте на Аллаховиот пат против оние кои војуваат против вас, но не преминувајте ги границите, Аллах, навистина, не ги сака оние кои претеруваат." (сура Ел-Бекаре,190)
За џихад си има строги услови и прописи,не е така едноставно.
--- надополнето: 30 мај 2013 во 22:14 ---
))
календарски,9 јули.
Но може да биде и ден подоцна.