- Член од
- 11 јули 2011
- Мислења
- 1.727
- Поени од реакции
- 1.998
Поканил банкарка на состанок со уплатница
Момче од Србија по име Филип, откако ја здогледал една од службеничките, доста корисно го поминал времето чекајќи во ред во една банка, размислувајќи како да ја покани да излезат заедно. И ја поканил, на многу оригинален начин.
На уплатница го напишал нејзиното име Невена на местото примач, во местото за износот ставил „непроценливо“, како валута нацртал срце, по што на местото на бројот на сметката го напишал својот телефонски број и во делот на уплатувач го ставил своето име. Цел на уплатата е „покана за на пијачка“.
Мисијата е делумно успешна. Филип и Невена, сè уште се во „преговори“ кога да излезат.
Креативно и интересно нема што...
Во темава може да се дискутира за некој ваши креативни обиди да поканите личност од спротивниот пол за да излезете на состанок и како поминал вашиот обид...
Доколку имате добитно ливче од кладилница во износ од над 500 денари може на него да пишете задржи си го ливчето и парите само пиши ми ден и време да излеземе на кафе па вашата покана 99% ќе биде прифатена.