Што вели Библијата за Мухаммед а.с

  • Креатор на темата Креатор на темата islam nur
  • Време на започнување Време на започнување
Чорбаџија напиша:
Како мислиш како и колку временски течело откровението на евангелието?

Знаеш ли на кој начин Исус ја примал Божјата Објава и колку траела (временски)?
 
Знаеш ли на кој начин Исус ја примал Божјата Објава и колку траела (временски)?

Не знам. Исус не им кажувал такви непотребни детали на учениците. Тој дури во една прилика им рекол: „Не верувате кога ви зборував за земните работи, како ќе верувате ако ви кажувам за небесните?“ (Исус, ев. Јован 3:12, Библијата)

А ти знаеш?
 
Знам! Никаде во Библијата не е забележано дека Исус ги примал Божјите зборови како што ги примаше Мојсеј заповедите на Синајската планина . А пророштвото јасно си кажува дека Пророкот ќе биде сличен на Мојсеј, кој покрај другото и ќе ги прими Божјите зборови во својата уста.

Но, историјата забележала дека кога Мухаммед а.с. имал 40 години, и кога бил на Планината на Светлоста во пештерата Хира, во благословената рамазанска ноќ Лејлетул Кадр (Ноќта на одредбата), преку мелекот Џибрил ( ангелот Гаврил) му било заповедано од Бога на неговиот мајчин јазик: Икре!”,што значи Читај! “, или Објави! или: Рецитирај!. Мухаммед се уплашил и во својата збунетост одговорил: Ма ене би кари ин! Јас не знам да читам!. Мелекот по вторпат му заповедал, но го добил истиот одговор. Дури кога по третпат ја добил наредбата за читање, Мухаммед а.с. сфатил дека она што се бара од него е да повторува ! И тој почнал да ги повторува Божјите зборови кои што за прв пат му протекле, небаре се ставани во неговата уста:

Читај во името на Господарот твој Кој создава, го создава човекот од грутка крв! Читај, зашто Најблагороден е Господарот твој, Кој поучува со перо, Кој го поучува човекот за она што не го знае. (Куран, 96: 1-5)

Ова се првите пет реченици, стихови ( ајети) кои му беа откриени на Мухаммед а.с. . Веднаш, откако мелекот заминал, Мухаммед а.с. побрзал кон својот дом. Бил видно вознемирен и уплашен, облиен во пот, па кога стигнал дома , ја замолил својата сопруга Хатиџа да “ го покрие“! Тој легнал, а таа бдеела над него. Откако се прибрал, тој и објаснил што виудел и слушнал. Таа го уверувала за нејзината верба во него и за тоа дека Аллах нема да дозволи да му се случи нешто страшно. Дали се ова признанија на измамник? Дали измамниците би признале дека кога некој мелек ( ангел) од Господарот би ги соочил со Порака ( Објава) од Највозвишениот – тие се обземени со страв, и дека преплашени, и облеани во пот, брзаат дома до нивните жени? Секој критичар може да види дека оваа реакција и признание доаѓаат од чесен, искрен човек, човек на Вистината – Ел – Емин ( како што предисламските арапи милувале да го нарекуваат), Чесниот, Правичниот, Верниот.

Во текот на следните 23 години од својот пратенички живот, Куранските зборови биле “ставани во неговата уста “ и тој нив ги изрекувал. Тие оставале неизбришлив впечаток врз неговото срце и ум: - и како што волуменот на Светата Книга ( Куранот) растел, тие откровенија биле запишувани на бројни различни предмети: пергаменти, кожа, дрвени таблици, лопатки од камили, на мек камен за гравирање и во срцата на неговите верни, чесни и искрени ученици ( асхаби). Пред неговата смрт овие зборови биле подготвени според неговите инструкции, според редоследот по кој ние денес ги наоѓаме во Чесниот Кур’ан.

Зборовите ( откровението), всушност, биле ставани во неговата уста, токму како што е претскажано во пророштвото за кое што досега дискутираме: Ќе ги ставам зборовите мои во устата негова.(Повторени закони, 18:18)
 
Знам! Никаде во Библијата не е забележано дека Исус ги примал Божјите зборови како што ги примаше Мојсеј заповедите на Синајската планина . А пророштвото јасно си кажува дека Пророкот ќе биде сличен на Мојсеј, кој покрај другото и ќе ги прими Божјите зборови во својата уста.

Никаде не е забележано ни дека Исус не ги примал Божјите зборови како што ги примал Мојсеј, а ниту пак пророштвото вели дека Исус морал да ги прима Божјите зборови на идентичен начин како што ги примал Мојсеј.
Едноставно Исус јасно вели:
„Зашто Јас не зборував Сам од Себе, туку Мојот Татко, Кој Ме прати, Тој Ми даде заповед што да речам и што да зборувам.“ (Исус Христос, ев. Јован 12:49, Библијата)

А тоа е доволно за да го исполни пророштвото на Бог преку Мојсеј каде што вели: „Ќе ги ставам зборовите Мои во Неговата уста...“
 
Можеби, но тоа сепак не е доволно, бидејќи забележано е Мојсеј како ги примаше Божјите зборови, а исто така и Мухаммед а.с., од друга страна наидуваме на озбилен проблем кој треба да го решиме, а кој го имаме во Исаија, 29:12.

Чорбаџија, искуството на Мухаммед а.с. во пештерата Хира на Планината на Светлоста и неговата реакција на првото Куранско Откровение е точно исполнување на уште едно библиско пророштво кое погоре го спомнав , а кое што гласи:

И му ја даваат книгата ( Ел Китаб, Ел Куран )на оној, кој не знае да чита,... (Исаија,29:12)

...веровесникот, кој не знае да чита и пишува...( Куран,7:158)

И Библискиот стих продолжува:

...и велат: "Прочитај ја"; и тој одговара: "Не знам да читам." (Исаија,29:12)

Куранот е Ел Китаб или Книга, која што му беше доставена ( објавена) на Мухаммед а.с., а овој пак со сигурност беше неписмен, НЕ ЗНАЕШЕ ДА ЧИТА. Во претходниот мој пост неслучајно го наведов следното :

Omer el Faruk напиша:
Но, историјата забележала дека кога Мухаммед а.с. имал 40 години, и кога бил на Планината на Светлоста во пештерата Хира, во благословената рамазанска ноќ Лејлетул Кадр (Ноќта на одредбата), преку мелекот Џибрил ( ангелот Гаврил) му било заповедано од Бога на неговиот мајчин јазик:Икре!”,што значи “Читај! “, или “ Објави!“ или: “Рецитирај!“. Мухаммед се уплашил и во својата збунетост одговорил:Ма ене би кари’ ин! “ Јас не знам да читам!“.

Какво не случајно совпаѓање со Светото Писмо кое што вели во Исаија,29:12:

“И му ја даваат книгата на оној, кој не знае да чита, и велат: "Прочитај ја"; и тој одговара: "Не знам да читам."

Можеби треба да се забележи дека не постоеле Библии на арапски јазик во шестиот век од христијанската ера, кога Мухаммед а.с. живеел и проповедал. Освен тоа, тој бил апсолутно неписмен. Ниеден човек никогаш не го научил ниту еден збор. Неговиот учител бил неговиот Творец:

“ Toj (Мухаммед) не зборува по желба своја, тоа е само Вдахновение што му се објавува! Го поучува Силниот и Моќниот!( Куран,53:3-5)

Без какво и да е човечко учење, тој ја понижил мудроста на мудреците.
 
Можеби, но тоа сепак не е доволно, бидејќи забележано е Мојсеј како ги примаше Божјите зборови, а исто така и Мухаммед а.с.,

Е ако де, шо ако е забележано како Мојсеј ги примал Божјите зборови? Како што кажав, во пророштвото никаде не се вели дека најавениот пророк ќе ги прима на ист начин Божјите откровенија како и Мојсеј, а од друга страна не знаеме како, кога и на кој начин Бог Таткото му дал заповеди на Исус што да рече и што да зборува. Но сепак Исус јасно вели дека:

Јас не зборував Сам од Себе, туку Мојот Татко, Кој Ме прати, Тој Ми даде заповед што да речам и што да зборувам.“ (Исус Христос, ев. Јован 12:49, Библијата)

А ова комплетно се вклопува во пророштвото дека Бог ќе му ги стави зборовите во Неговата уста (мислејќи на Исус).

од друга страна наидуваме на озбилен проблем кој треба да го решиме, а кој го имаме во Исаија, 29:12.

Чорбаџија, искуството на Мухаммед а.с. во пештерата Хира на Планината на Светлоста и неговата реакција на првото Куранско Откровение е точно исполнување на уште едно библиско пророштво кое погоре го спомнав , а кое што гласи:

И му ја даваат книгата ( Ел Китаб, Ел Куран )на оној, кој не знае да чита,... (Исаија,29:12)
...и велат: "Прочитај ја"; и тој одговара: "Не знам да читам." (Исаија,29:12)

1. Зборот „Куран“ не значи книга, туку „рецитација“.

2. Тука не станува збор за пророштво туку за укор. Прочитај го целото поглавје и ќе ти стане јасно. А еве ти го и стихот во неговиот контекст:

Затоа секое видение ќе ви биде како зборови во запечатена книга: ако му биде дадена на некој што знае да чита, велејќи: „Ајде, читај го тоа!” - тој ќе одговори: „Не можам, зашто е запечатена.” А ако му биде дадена на некој што не знае да чита, велејќи: „Читај го тоа!” - тој ќе одговори: „Не знам да читам.” Господ рече: „Бидејќи овој народ Ми пристапува само со устата, и Ме почитува само со усните, а срцето му е далеку од Мене, и неговото почитување научено од човечки одредби, затоа, еве, и натаму ќе постапувам чудно со овој народ - чудно и пречудно: и ќе пропадне мудроста на неговите мудреци, ќе потемнее умноста на неговите умници.” Тешко им на оние што се кријат од Господа, за да ги скријат своите намери, и кои во мрак дејствуваат и зборуваат: „Кој нè гледа и кој нè позна?” Колкаво безумство! Дали се цени глината колку грнчарот, па делото да му рече на својот творец: „Тој не ме направи?” Или грнецот да му рече на грнчарот: „Тој не разбира ништо?”
(Исаија 29:11-16, Библијата)

Значи Бог им зборува дека виденијата ќе им бидат како запечатена книга. Тој што ќе сака да ја прочита, не ќе може да ја чита, без разлика дали знае да чита или не. Значи Бог ќе им испраќа виденија преку пророците, но народот нема да ги препознава тие виденија, зато што во времето на Исаија народот е длабоко навлезен во идолопоклонство, паганство и наместо Божјите заповеди тие следеле човечки преданија.

Во целата книга на Исаија се проткајува таа порака кон Израел (евреите): Чуј Израиле, слушни го тоа што ти го вели Бог, бидејќи ако не слушаш, Бог ќе го сврти лицето Негово од тебе, покај се и врати се при Бог. Никаде нема ниту еден збор кој што асоцира на Мухамед или на Исламот. Приказната со Мухамед е сосем друга и ова не се применува на него.

3. И најпосле пророкот Исаија со право се нарекува „петтиот евангелист“, затоа што тој најмногу пророкува за Месијата (Исус), дека ќе биде погубен заради гревовите на луѓето, а и дека ќе воскресне - и тоа ова пророштво е во неверојатни детали опишано (Исаија 53, Библијата). Од друга страна муслиманите велат дека Исус не бил распнат, дека Тој не го дал Својот живот за гревовите на луѓето, а со тоа и дека не воскреснал од мртвите. Значи Исаија е во тотална контрадикција со она што го зборел Мухамед, со Исламското верување. Оттука бесмислено е Мухамед да го надоврзуваме на Исаија нели? :)
 
Апсолутно нема никаква поврзаност на Мухамед со Исус ниту пак на Куранот со Библијата.
Нема никакви допирни точки, само некој може да филозофира и да бара нешто заедничко но НЕМА.
 
Апсолутно нема никаква поврзаност на Мухамед со Исус ниту пак на Куранот со Библијата.
Нема никакви допирни точки, само некој може да филозофира и да бара нешто заедничко но НЕМА.

Тогаш не си ги читал ни Куранот ни Библијата. :)
 
Муслиман на Арапски значи ``верник`` ``или покорен на БОГ``
Тоа ти и исто како да викаш:......и двајцата биле верници................
Тоа никој не го оспорува, но каков верник бил Исус и што проповедал Исус во споредба со Мухамед тоа е нешто друго
 
Па тоа е тоа што христијаните не можат да го сфатат денеска.
Е сега ќе ти кажам и што проповедал.
Проповедал вера во Еден и Единствен Бог. истото што и проповедал Ибрахим(Авраам) и Нух(Ное) и Давуд(Давид) и Муса(Мојсеј) и на крај она што Аллах го дава како конечно,усовршено,го дава Исламот,го дава Куранот како последна Божја објава и Мухаммед како последен пратеник.
Иса и Мухаммед,верувале,повикувале и му се клањале на ист Бог,кој нема дете,нити супружник нити помагач.
Бог кој ниту родил,ниту е роден,Семоќен,Вечен,Се Гледа,Се Слуша,Створителот на небесата и земјата и се што е меѓу нив,Апсолутниот Господар и никој не Му е рамен и никој не Му е сличен.
Ете тоа проповедале сите Божји пратеници од Адем а.с.(Адам) до Мухаммед с.а.в.с.
Ете тоа е АЛЛАХ,Милостивиот,Семилосниот.
 
Во ред, но библијата зборува дека Исус не бил само еден обичен човек, ниту само еден обичен пророк од низата пророци кои бог ги избирал, Исус има многу специјална улога, всушност тој постоел уште пред да биде создадена Земјата и Луѓето на неа.
Евангелие по Јован 8:58 ``Вистина,Вистина ви велам: Пред да се роди Аврам јас постоев.``
Има уште многу стихови кои го потврдуваат постоењето на Исус пред содавањето на Земјата и луѓето,и Исус проповедал за едно Царство и главната цел зошто дошол на земјата е да умре за целото човештво и да не откупи од гревот направен во Еден.
А сите пророци кои живееле пред нашата ера како што бил Давид, тие само го навестувале доаѓањето на Спасителот - Исус преку еврејската нација.
И Библијата има целосен склад од Битие - првата книга до Откровението или Апокалипсата - последната книга, поврзаност на настаните, околу 300 пророштва од Стариот завет се однесуваат на Исус,и се исполнуваат во Новиот Завет. Целата библија е еден неверојатно Комплетен склад.
Со една тема со една цел.
И сега одеднаш во 6 век се појавува нова книга нов пророк, кој наводно треба да додаде нешто, А веќе се е кажано во Библијата. Значи нема логика да бараме заеднички работи меѓу куранот и билијата.
 
И куранот зборува дека Исус не бил обичен човек,бил пратеник од Бога,куранот ги потврдува сите муџизи(чуда) на Исус,од неговото раѓање без татко итн.

И зошто во христијанството постои рај и пекол ако Исус дошол да умре за целото човештво.??
Како може некој да биде казнет за гревовите ако Исус умрел за тие гревови и ги откупил??

А навестувањето е опасна замка во која упаѓате со тоа што форсирате дека во Стариот Завет се најавува Исус и тн.
како прво,се најавува пророк и слично,всушност цела тема е околу тоа па пролистај ја малку,а јас накратко и логички ќе ти кажам зошто тоа не е Исус,а тоа е само заради една причина:
Не можете да викате дека пророкот кој ќе биде пратен од Бога да е Исус,а од друга страна да викате дека Исус е Бог.
Целата споредба за вас христијаните дека се најавува Исус паѓа во вода кога тврдите дека Исус е Бог.
Или на ваш мистериозен јазик: Бог преку Мојсеј го најавува доаѓањето на Исус кој е исто така Бог,и кој од својот народ ќе бара да го величаат и да веруваат во Бога. Кој е бтв. Еден и Единствен,пошто нели христијанството е една од монотеистичките религии. :)

Тоа дека библијата денес е некомпактибилна призна и Чорбаџија,беше прашан дали денес една држава може да се управува според библиски закони,тој рече дека тоа не е можно.
Бидејќи Стариот завет веќе не важи,а во Новиот завет има само духовни приказни,ништо од реалниот свет.

Ете затоа Куранот е совршен,без грешка,без контрадикција,непроменет 1400 години,затоа што во него е и духовното и рационалното,совршен ред на нештата и апсолутна вистина.
За духовна храна на човекот и за секојдневните потреби,Исламот како религија е способен да управува со цел државен систем,и има решение за секој проблем,додека христијанството како религија не е способно да води држава,затоа денеска имаме држави каде владее комунизмот и капитализмот а религијата е оставена на маргините,идеологијата на комунизмот е атеизмот,а идеологијата на капитализмот е: Цару царево,Богу божије. Биди верник во црква/џамија,ама кога ќе излезеш од таму си роб на парите.
Исламот дава едно ново решение,а тоа е покорност на Тој што не создал.
Аллах во куранот вели: 56. Џинните и луѓето ги создадов само за да Ме
обожуваат. (сура Eз-Заријат)
И се што Аллах створил нему и ќе му се врати. Божјиот Суд треба да биде и на небото и на земјата,а не ние така мали и ситни во споредба со небесата,во споредба со сите небески тела,планети итн. да му пркосиме на Бога,да и пркосиме на Божјата воља,демек ние најпаметни сме биле.
Ако се се подреди на Божјата воља ќе имаме ред,мир и правда.
А се додека не биде така ќе војуваме за територија и нафта, за да на крајот не можеме да ја однесеме во гроб.
Која иронија,цел живот живееш за да заработуваш пари,а кога ќе умреш не можеш да ги земеш со себе во гроб.
Човекот е створен за да си одговори на 3 прашања: ОД КАДЕ СУМ ДОШОЛ,ЗОШТО СУМ ОВДЕ И КАДЕ ЌЕ ОДАМ?
Никој освен Исламот не го дава одговорот на овие прашања,пробај да го побараш одговорот во Куранот.

А сега и овде ќе го повторам истото прашање,повеќе за да си размислиш логично и рационално,доста веќе со мистерии и длабоки филозофии.

Дали Бог може да умре? Ако Може,Бог не може да умре Тој е бесмртен по природа (Пс.89:2; 1Тим.6:16). тогаш не е Бог туку обичен смртник,
ако Не може тогаш Исус не е Бог,бидејќи библијата сведочи дека Исус умрел на крстот па воскреснал.Христос умре за три дена (Мт.12:40;16:21).

Дали Бог може да се види? Ако Може тогаш тој не е Бог,бидејќи библијата ти вели дека Бог нема да биде виден од луѓето, Бог не може да биде виден од луѓето (1Тим.6:16;Исх.33:20). Ако Не може.. тогаш Исус не е Бог,бидејќи е виден,допиран од неговите другари/апостоли и тие луѓе што живееле во времето на Исус.
Луѓето го гледаа Исуса и го допираа (1Јв.1:1 го истакнува тоа).

Убаво размисли,биди фер спрема себеси и одговори си на овие прашања.
Поздрав.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom