Екстерно тестирање - па што?

Екстерното е само превенција на толку "добрите" реформи што се спроведоа овие 20-тина години. Зошто во комунизамот немало екстерно ?
И тогаш како и денес петки добивале деца на повидни луѓе, со таа разлика што тогаш тие деца биле 2-4 во еден клас, денес некако е деградирано да се биде учител и бројот на тие деца некако е скокнат на пола клас, а со тоа и останатите деца од класот добиваат помалку протекција.
Јас ја имав таа среќа да завршам по тие програми, почнав основно точно во 91-ва, средно 99 и факултет 2003, реформите ги спроведоа барем за една година покасно. Повеќето од децата што ќе завршат немаат основна писменост, а зошто ?
Не се паѓаат година, не добиваат воспитни и учителите немаат раат од нив бидејќи мислат дека се можат да направат.
Прашајте ги вашите мајки и татковци, или баби и дедовци каков ќотек имаат јадено ако немаат научено лекција или не биле мирни на час и тоа 2 пати еднаш од учителот и еднаш од дома.
И едно екстерно, нема ништо да смени бидејќи тој што знае знае, тој што не знае 2.
 
Да,може да се запише на факултет со школска матура но зависи каде ке конкурираш...На пример колку што имам добро разбрано во Штипскиот универзитет врие од студенти со школска матура, а не знаат една реченица да поврзат...
Се прашувам,зошто се плашаат некои од ова Екстерно тестирање?Обичен тест...
Читам зборувате за поклонетите оценки.Секогаш ке ги има...И ги имало и од порано...Која е поентата цело време да имаш високи оценки а сега кога дојде време за матура и воедно за екстерното тестирање се плашат?Зар не веруваат во своите способности?Или е некој друг проблемот...
Протест бе?Нека има,јас сум за имање на ова испрашување...Чисто да се види кој навистина се трудел сите 4 години а кој "бубал" само кога било за поправање на оценка.
Гледам паника се креваше...И погрешија што укинаа.Баш нивното негодување треба да им отвори сомнеж на оние кои го организираат ова.
 
Целиот образовен систем е неефикасен. Да, ќе научат децата и ќе положат екстерно бла бла голема работа, ќе продолжат со школувањето и што? Оние што ќе завршат средно а не сакаат да продолжат на факултет или немаат услови за исто така треба да имаат некое образование со кое ќе можат да работат. Па на оваа "држава" исто така и требаат општи работници мајката, ако сите сме дипломирани кој ќе работи на тие места каде се потребни среднисти. Е пак дипломираните ќе работат на места каде се потребни техничари, среднисти, итн затоа што нема да има такви сите се на факултет, затоа нема везе овој наш образовен систем, дури тогаш ќе бидете фрустрирани од нефункционалноста на целиот наш систем на сите нивоа во "државава".

Па уште се фалат во Македонија многу образовано населението, всушност без никакво знаење и без стручен кадар. Особено изразено на магистерски студии во последниве години, сите магистри станааа, напишаа десет семинарски, а едвај се појавија на фалултет или пак некоја истражувачка дејност да направат недај боже.

Екстерното оценување е најмал проблем, може и само малтретирање на децата. Промена која навистина треба да се направи е да се имплементира систем кој во текот на образованието ќе ги насочи ученците кон одредена струка и всушност ќе работат додека се образуваат и без надоместок ако треба но кога ќе завршат со образованите да се способни да ја работат работата за која учеле а не да не ги примаат на работа затоа што биле без искуство. Најдобар пример - Германскиот образовен систем.

Нормално треба некој да размислува со главата и да донесе закон кој ќе се имплементира на терен. Еве во фирмите со земјоделска дејност да мора да има вработено двајца дипломирани земјоделски инженери и петмина земјоделски техничари на пример, во електро фирма исто така одреден број на дипломирани и техничари се разбира во зависност од големината на фирмата, обрт на средства итн...Но само еден може да е проблемот што ова не е средено вака. На некој му одговара да е хаос и да не се грижи за иднината на луѓето кои живеат овде.
 
Не туку тропајте зелени, А се сеќаваш како беше пред да одиш на факс, пред да одиш во средно... кога имаше 12 години и дали тогаш беше спремен да одиш на вакво тестирање или заборави како ги добиваше оценките со кој се запиша во средно, а подоцна на истиот начин и на факс?
Како може да споредуваш деца од 11-14 години со студенти.
Порано навистина се учеше.Може не сме знаеле за чиста 5ка меѓутоа разликата била во една оцена,од таа што ни ја ставале,до таа што сме ја заслужувале.Сега не е таков случај.Колку луѓе знам само што имале цела година двојки и кецови,и завршувале многу добри.Сметам дека екстерното е добар показател за вистинското знаење на учениците спрема нивните оцени,али факт е дека тоа нема да функционира тука.И смешно е екстерното,на заокружување со еден очигледен одговор,исто како и матурата.Факт е дека сите можеа да стигнат до двојка на матура.
 
Ја незнам што толку џева се крена ? Страв ли им е дека ќе им ги откријат на децата поклонетите оцени ? Крај краева и на заокружување се тестовите, а воедно може и да се препишува исто како и на матурата што може ( во некои школи ). Не се притресувајте.


Епа ако веќе сакаат стварно да видат дали оцените се заслужени или поклонети тогаш овие тестови и не се мерило за тоа.Што ако некој има до толку среќа се да погоди на тепка на заокружување?Можда би требало да има некое тестирање но на овој начин мислам дека не може да се види кој како научил.Постојат доста фактори кои може да придонесуваат да ученикот добие различна оцена во текот на годината и на есктерното.
 
Епа ако веќе сакаат стварно да видат дали оцените се заслужени или поклонети тогаш овие тестови и не се мерило за тоа.Што ако некој има до толку среќа се да погоди на тепка на заокружување?Можда би требало да има некое тестирање но на овој начин мислам дека не може да се види кој како научил.Постојат доста фактори кои може да придонесуваат да ученикот добие различна оцена во текот на годината и на есктерното.

Кога полагав јас матура прашањата беа многу двосмислени што можеше да се случи и да си уверен дека го знаеш одговорот но всушност не бил тој...
А многумина кои полагале државна матура и биле одлични сите 4ри години на крајот пагаа по предмети по кои имаа петки сите полугодија..
Ама не може бе,не може некој тек така цел период да си поминува а некој кој се трудел да има слаби оценки.
 
Едноставно работите функционираат на тој начин секаде и во секое поле. Едни ќе се мачат за да постигнат нешто, а други од мали ќе го имаат на тацна резултатот без никаков труд. Кој под каква ѕвезда е роден. Правда тука нема :)
Точно, но потребно е нешто да се превземи за да се среди малку нашето насушено образование. Освен во 2-3 средни училишта во поголемиот дел од земјава се пишуваат оцени на велико. Кога учениците ќе стигнат на факс се понеписмени и попрости од нивните баби. Ова се должи на имбецилите кои фатиле катедра во некое средни и ништо паметно не им предавале. Барем јас мислам дека со екстерново тестирање можи да се види каде чкрипат работите и евентуално да се поправат (ако се има воља). Не е работата да се казнуваат децата оти не се воопшто криви, целта треба да биди да се направат подобри услови за идните генерации со казнување на професорите чии резултати не се задоволителни и тоа да резултира со вработување на квалитетен кадар во иднина. Ако не се преземат вакви чекори тогаш џабе е екстерново тестирање. Затоа не ги оправдувам протестите, ако целта е само бирократски да изгледа дека правиме нешто (какво што всушност е целото наше школство) тогаш нека ме извинат децата и поарно нека пијат кафе отколку да се нервираат со дополнителни тестови.
Дека ова ќе го поправи непотизмот што е раширен во земјава нема бидејќи тој постои низ цел свет ( не сме ние Македонците најпаметни да ги измислиме ) но барем треба да го подобри квалитетот на наставата.
 
Ма ајде оваа теорија половинта што ја кажувате од порано што сте учеле дека многу строго било и не ви ставале поклонети оценки пред 10-15 години нема врска, секогаш го е имало и тоа. Еве јаслично сум втора година и екстерно полагам автоматика и информатика, јас сум за екстерното, но не на овој начин, ајде да речеме еве јас сум стручни предмети(информатиката не е, ама по тоа што се уче на мене како стручен ми доага) стручните предмети неможеш да ги бубаш и ако не си учел редовно тешко дека на крај ке узвадеш добра оцена. Но на пример да земеме Историја, па се знае у стручните школи историја секој ама баш секој е учел, учи и ке учи само за оценка, пошто не му врше некоја голема работа во понатамошната кариера, а богами и да сакаш да учиш зџа знаење е богами не можеш сите тие податоци и години да ги запомтиш, дури и професорите не ѓи памтат сите па пред часот се подготвуваат и ги повторуваат лекциите. Е сега се паѓаш екстерен Историја а си имал 5-ка цела година, си раскажувал лекции преку цела година, а се разбира после 2-3 недели преку сила ја забораваш таа лекција, е сеа дојди па научи минимум 150-200 години и други податоци.

Ке повторам јас сум за екстерните тестирања, и јас сум изреволтиран од подарените оценки на децата на "боџованите", но со овие екстерни ништо неможе да се смене. Ако тоа дете полага пример македонски и математика, тие ќе му ги стават послаби, а другите ке ги надуат пак.
Ако сакат да го проверат знаењето и оценувањето да го направат реално, па од мене еден предлог: професорите на којшто им е работа да предаваат, и кога ке дојде време за тест според програмата (после секоја тема) нека си има некој си "екстерен" тест и според тај тест нека стават оценки , така професорите нема да имат никаква врска со оценките и барем се надевам нема повторно да има "надуени" оцени.
А овој начин на екстерен богами е малтретирачки, како што реков стручните се памтат ама општо-образовните малку потешко.
И теоријата на факултетлиите коишто велат ке ве видам кога ке дојдете на факултет 300 страни или колку ти јас знам за 2-3 дена, епа другари не е исто 300 да ги научиш за 3 дена на 15 години и на 20.
 
Полагам екстерно во понеделник,не ми е ни страв ниту ништо затоа што ниту една оценка ни ми е поклонета,другарка ми што е ќерка на мајка вработена во државен факултет се скина од плачење.Оценките на ова девојче се сите високи оцени и минимум две четворки,девојчето цела година дали има два пати одговарано на табла мене секој час ме стануваат раскажувам по две лекции и пак имам двојка,за разлика од неа што има 5-ка :sick:
 
Нај јака анегдота, која го отсликува квалитетот на моменталното наше ВИСОКО образование.

Застанува на автобуската станица во Штип, Автобус на „Берово Транс“, кој што сообраќа на релација Берово - Скопје.

На застанување, кондуктерот им соопштува на патниците:

- Стигнахме, во Штип.
- Имаме 15 минути пауза:

- Кој сака, може да оди во WC,
- Кој сака може и кафе да пие, а
- Кој сака може и некој „Испит да положи“ на некој факултет.

- А, ако го ногу бива, може факултето и да го заврши, не е проблем за 5 минути од паузата и да закасни. Ќе го причекаме. :pos::pos::pos:
 
А што мислите дека со екстерното тестирање ќе им се стави крај на гомнариите што се прават? Па еве ако му пишале на некој 5ка а требало 3ка он за тестот фино лепо ќе си научи... Свашта човече... И ако некој што има 5ка киксне со 3ка на тестот професорот ќе биде тука крив?

За подобра контрола подобро би било да ги проверуваат дневниците па таму да се види како има 1 1 1 1 и на крај 4 или 3...глупости
 
Ајде бе, и прашата шо беа како пример беа смешни, пр. Што е глагол во реченицата, кое од следните соединенија е вода,мислам смешни прашања, и да сакаш не можеш да утнеш.
А верувајте дека има многу такви кои не знаат а имаат 5ки. Е затоа треба и сум за.
 
А што мислите дека со екстерното тестирање ќе им се стави крај на гомнариите што се прават? Па еве ако му пишале на некој 5ка а требало 3ка он за тестот фино лепо ќе си научи... Свашта човече... И ако некој што има 5ка киксне со 3ка на тестот професорот ќе биде тука крив?

За подобра контрола подобро би било да ги проверуваат дневниците па таму да се види како има 1 1 1 1 и на крај 4 или 3...глупости
проблемот е тоа што разгалените детишта кај мене во школо никогаш не ги прашуваат секој ден мајките им доаѓаат во школо не доаѓаат секој ден на први час и ниту еден неоправдан имаат, таман работа да им стават единици мама и тато зашто давале пари..
 
јас полагав примени за во средно, приемни за факултет. Од она што паметам полуматурата беше ужасно тешка, полагавме македонски и математика и дури наставниците се согласија дека било тешко. Башка што тогаш се полагаше материјал од 5-8 одд што значи 4 години материјал на 13 годишни деца. За факултет приемните исто беа 4 години материјал по два предмети. Ок може ова е лошо за наставниците што може да им влијае на плати ако некое дете што може и заслужило оценка потфрли. А децата не ги жалам, нека учат така се калеше челикот.
 
Чек на факс кога ќе одат и кога ќе решаваат учебници од 1000 страни за три саати и кога после тоа ќе имаат усно полагање.Барем така беше додека бев на ЕТФ, сега незнам како е, tbh.
колега ... ти немаше екстерно тестирање, а заврши факс ... што мора овие деца да имаат ... факултетот беше (сега не знам дали е ... некои викаат се купуваат дипломи на приватниве универзитети) филтер на тие што реално добиле оцена во средно од тие со врски ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom