Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата 2manyfreaks
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ееееј да бе. Абе стварно треба да крстат нешто по него на тоа досега не ми текнало. А дека е најдобар десен бек на сите времиња Е!!! Нема потреба повеќе да се коментира за него. А имам еден предлог ама не знам како да покренеме инцијатива да се на прави исто како со бројот 3 на Giacinto Facchetti да се пензионира бројот и више никој после него да не носи дрес со број 4 во Интер, како што никој не носи 3-ка после Giacinto Facchetti!
Ако ви текнува бројка со 3 носеше Мухамед Калон(Сиера Леон),
а бројот три е повлечен после смртта на Giacinto Facchetti .
 
Не знам зошто, ама мене Роналдо отсекогаш ми беше антипатичен :icon_neut. Одличен фудбалер, факт е тоа, ама целосно како личност не ми се допаѓал (да не ме разберете погрешно, не станува збор за физички изглед, такви работи никогаш не коментирам :wink:). Да беше целосна личност немаше да си замине од Интер откако се врати во форма на Светското првенство во 2002 година.



Занети е фудбалерот кој го посочувам како пример за совршен играч! Одличен фудбалер, карактер, личност... Буквално се! Алал да му е! Го обожавам човеков!
Гледам доста мислења све дале околу Роналдо, но сепак во неговото напуштање на Интер треба да се знаат сите околности, последна работа е некој да се обвини, а за тоа воопшто да не влијаел. Таков беше случајот и со Роналдо.
еве редоследно само неколку причиниЧ
1. После СП 2002, кога Роналдо се врати во врвна форма, Масимо Морати беше песимист и уплашен да не се повреди повторно , па така однего си заработа 50 мил евра, а знаеме за колку го купи со тоа испадна дека Роналдо играше гратис за Интер, затоа што тој со самата продажба ги извади неговите плати, трансверот од Барса, а на Интер го крена во облаци, Интер добија многу млади фанови ширум светот.
2. Како втор проблем беше аферата со Кларенс Сидорф, според медиумите, тогашната жена на Роналдо му наби рогови и се шпекулираше дека го изневерува со неговиот соиграч Кларенс.
3. Хектор Купер спрема Роналдо се однесуваше диктаторски и понижувачки, пред него добива шанса Вентола и Калон, иако Роналдо во последните 10 кола од таа негова последна сезона се врати во врвна форма и не се чувствуваше неговото долго отсуство.
На крај Роналдо покажа кој е кој на СП и се реши да ја промени средината.
Јас мислам дека ИНТЕР му е должен на Феномено...
А ние фановите на Интер ја имавме таа чест што во нашиот тим го имавме токму него.
Благодарност до Феномено.
 
шева-слободно нека влезе!!!
Мистер марко Матераци е тука да го среди него!:smir:

Што се секирате за Шева, старото другарче би сакал да го чува :wink:
...погледнете го при крај клипчево
 
Адри е креаторот на играта главната конекција помеѓу камбиасо занети и Ибра!
Не е назад таман е на центарот!Ја на пес исто го играм таму и многу добро се снаоѓа кога имам луѓе со продолжен пас одма до ибра и го вадам ибро сам пред гол а ако го остават сам во игра влева топовскиот удар па ако не влезе тука е ибро да ја побутне одбиената!
Сепак на оваа тема ние пишуваме за реалност, а не за ПЕС или ФМ 2008, па да се споредува како играл Адриано таму...
Што се однесува до Круз, тој изигра 15 минути, од тие 15 минути имаше само еден шут после спуштената топка со глава на Ибро...
Да не се лажеме дека Круз изигра добро, ете за негова среќа(а повеќе за наша), шутираше еднаш но прецизно...
И неможе да се споредува со Адриано. Мансини или Ибро, кој сосебе секогаш ја влечаат цела противничка одбрана, а факт е дека Круз незнае да направи еден добар пас или дриблинг, но добар е за вакви прилики кога не им оди на другите , тој да замеша прсти(нозе).
 
Сите знаеме како го чуваше:tv:
Убаво клипче си ставил.
Матрикс е за во затвор, а не за фудбал.
Треба да сме и фер плеј, во сите ситуации што ги видовме Матрикс заслужуваше по еден црвен со по пет натпревари суспензија.
Сепак вакви работи во Англија не поминуваат туку така.
Матрикс(единствен интеров играч што не го поднесувам, а тоа е поради тоа што „многу убаво го чува Шевченко„) дефинитивно е да се натпреварува во Џудо конкуренција.
 
Круз е многу корисен и благодарен играч, знае да ја искористи шансата која му се дава, верувам дека во ваква напаѓачка тактика на Мурињо со Мансини Ибра и Кварезма, Круз многу често ќе ги тресе мрежите. Точно е тоа дека нема дриблинг, или неможе да даде некое екстра додавање, ама човекот има некоја среќна ѕвезда и знае добро да погоди. Мислам дека со Милан лани на двата дуела се запиша во листата на стрелци, и можно е Мурињо да го пушти од почеток заедно со Ибра. јас ја очекувам оваа форманција, Цезар, Маикон, Кордоба, Матераци, Киву, Занети, Камбиасо, Мансини, Кварезма, Круз и Ибра
 
Ако ви текнува бројка со 3 носеше Мухамед Калон(Сиера Леон),
а бројот три е повлечен после смртта на Giacinto Facchetti .

Да не си грешка јас не се сеќавам. А 3-ката е стварно повлечена можеш да прочиташ и сам на www.goal.com пишува во статијата за најдобрите 11 на сите времиња.
 
-----------Цезар------------
Мајкон-киву-кордоба-максвел
------------------------------
---Занети----------камбиасо-
-----------Адриано------------
Кварезма-------------Мансини-
----------Ибракадабра---------

Формацијава е wow. Изгледа одлично, но не верувам дека Мурињо ќе почне од самиот старт толку офанзивно.
Мислам дека Матераци е најсреќен што Шевченко се врати во Милан :). Btw заради фер плеј се надевам нема да го искрши (по којзнае кој пат :wink:).
 
Матераци го чувал Шевченко вие не сте гледале дербињата во тоа време како што изгледа или сете гледате исечоци на јутјуб. како сакаше си го работеше Шевченко на Матераци ако имаше играч партал што не правел тоа е Шевченко 16-17 гола ни има дадено, до кога беше во Милан победа немавме против нив и ај кажете еден натпревар каде Матераци го чувал Шевченко добро и сме ги победиле се сме изгубиле од инат да не збориме. Фала богу си отиде во Челзи и започнавме некоја серија на победи по речиси 6 години пост. Се надевам дека во недела баш нема да почне да се враќа во форма.
 
Milan
pix.gif
----------------Inter
4-3-1-2--- formazioni-----4-4-2
Abbiati------12--------12Julio Cesar
Zambrotta--15--------13Maicon
Maldini------3---------2Cordoba
Kaladze-----4---------23Materazzi
Jankulovski-18-------- 26Chivu
Flamini------84--------4Zanetti
Gattuso-----8---------14Vieira
Ambrosini---23--------19Cambiasso
Seedorf-----10--------33Mancini
Kakà--------22--------8Ibrahimovic
Pato---------7---------9Cruz
pix.gif
Резерви
Dida--------1-------1Toldo
Bonera-----25------16Burdisso
Favalli------19------77Quaresma
Antonini----77------5Stankovic
Еmerson----5-------10Adriano
Ronaldinho-80------45Balotelli
Shevchenko-76-----18Crespo

All.Ancelotti----------
pix.gif
All.Mourinho
Вака би требало да изгледаат составите според италјанските медиуми.
 
Матераци го чувал Шевченко вие не сте гледале дербињата во тоа време како што изгледа или сете гледате исечоци на јутјуб. како сакаше си го работеше Шевченко на Матераци ако имаше играч партал што не правел тоа е Шевченко 16-17 гола ни има дадено, до кога беше во Милан победа немавме против нив и ај кажете еден натпревар каде Матераци го чувал Шевченко добро и сме ги победиле се сме изгубиле од инат да не збориме. Фала богу си отиде во Челзи и започнавме некоја серија на победи по речиси 6 години пост. Се надевам дека во недела баш нема да почне да се враќа во форма.

Прегризи јазик бе одма и помести се од местото!!! Како пишуваш вакви работи 3 дена пред дербито.
 
Да не си грешка јас не се сеќавам. А 3-ката е стварно повлечена можеш да прочиташ и сам на www.goal.com пишува во статијата за најдобрите 11 на сите времиња.
Не сум грешка , Mohamed Kallon играше со број 3 во сезоните 2001/02, 2002/03 и 2003/04

еве и коефициенти на кладилниците:
testatina_300.gif

MILAN - INTER 1X2
2,90-2,95-2,60
--2,70-2,80-2,65
2,80-3,10-2,50
во мала предност го поставиле на Милан

http://www.gazzetta.it/Calcio/SerieA/Squadre/Inter/
линк за можна формација на Интер за во недела.
 
Не сум грешка , Mohamed Kallon играше со број 3 во сезоните 2001/02, 2002/03 и 2003/04

еве и коефициенти на кладилниците:
testatina_300.gif

MILAN - INTER 1X2
2,90-2,95-2,60
--2,70-2,80-2,65
2,80-3,10-2,50
во мала предност го поставиле на Милан

http://www.gazzetta.it/Calcio/SerieA/Squadre/Inter/
линк за можна формација на Интер за во недела.

Brat MIlan e domakin, vo mala prednost e postaven Inter :) se gubis..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom