Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Опелот од „Монструм“ е на полициските алфи?

Opel_Omega_rear_20071109-640x320.jpg


Диме Весков е сведокот кој денеска го предложија адвокатите на обвинетите во случајот „Монструм“. Тој е затвореник и во моментов е во затворот во Идризово, но тврдел дека знае детали на возилото Опел Омега кое беше пронајдено кон границата со Косово, а за кое полицијата тврди дека го користеле обвинетите при ликвидацијата и при напуштање на државата.
Адвокатите тврдат дека токму детали за сопственоста знае предложениот сведок. Неофицијално затвореникот има информации дека возилото е на полициската единица „Алфа“, односно го препознал на телевизија и му текнало дека токму со тоа возило тој бил приведен и пренесуван низ полициски станици.
Неизвесно е дали судот ќе го прифати Весков за сведок на одбраната, но со оглед на околностите сигурно ќе процени дека сведокот има што да каже.
Освен него рпедложен е и градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски кој може да го потврди алибито на еден од обвинетите дека заедно биле на свечен настан. Денеска во судница сведочеа роднини и пријатели на Рами Сејди, еден од обвинетите кои му даваа алиби дека критичниот ден работел во механичарската работилница во Арачиново.
Процесот има уште сведоци за испрашување. А1 Он објави дека двајцата главни извршители кои се во притвор во Приштина е можно да ја одолговлекуваат екстрадицијата со барање за косовско државјанство, но и со судскиот процес кој им престои таму за нелегално поседување оружје.
http://a1on.mk/wordpress/archives/150235
 
Косовскиот министер за правда: Косово не екстрадира свои државјани
Косово не екстрадира свои државјани изјави министерот за правда на Косово, Хајредин Кучи во изјава за SETimes за екстрадицијата на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се обвинети во Македонија за петкратното убиство што се случи кај Смилковското езеро, во април минатата година
kosovskiot-minister-za-pravda-kosovo-ne-ekstradira-svoi-drzhavjani-133827.jpg


Кучи вели дека косовското право се соочува со двајца осомничени, но нивното двојно државјанство може да ги поштеди од екстрадиција.

„Косово не екстрадира свои државјани. Двајцата за кои станува збор се косовски државјани ( а имаат и македонско државјанство)“, вели Кучи.

На Демири и Исмаиловиќ треба да им се суди во Косово за нелегално поседување оружје во моментот коешто им беше откриено кога беа уапсени во Приштина.

Судот во Приштина ќе одлучи за екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ, иако нема краен рок за одлуката.

Исмет Салиху, професор по меѓународно кривично право на Приштинскиот универзитет, вели дека врз основа на домашните закони Косово не треба да ги екстрадира двајцата поради нивното косовско државјанство. Но, како што рече тој, може да има исклучок ако постои меѓусебен договор меѓу двете држави кој предвидува ваква ситуација.

„Во таков случај, дури и косовски државјанин може да се екстрадира во согласност со меѓународниот договор кој го потиснува домашниот закон“, рече Салиху за SETimes.

„Нормално, тие ќе ги разгледаат политичките, националните и безбедносните интереси“, рече Салиху.

Косово и Македонија потпишаа договор за екстрадиција кој досега се одвиваше непречено. Неколку дена по апсењето косовските власти го екстрадираа Шукри Алиу, кој беше осомничен дека им бил ментор на двајцата вмешани во убиствата кај Смилковско, во Македонија, се вели во информацијата што денеска ја објави порталот SETimes.
 
Каде е Горданчето сега да даде една Македонска изјава.
Предавници или патриоти.
 
Тоа што за сите беше тероризам, за Косово е забава покрај езеро. Дури и државата во обид почна да не врти.
 
Катастрофа, ете зошто Косово никогаш не смееше да биде држава. Сега овие ќе одлежат една година затвор таму и ќе ги снема за навек.
 
Ете зошто никогаш не требаше да го признаеме ова шугаво државиче
 
Замисли ситуација истиве да го направеа ова злодело во Бостон и Косово да не им вршеше екстрадиција на џелативе оти биле косовски државјани.
Досега со се министер и цела косовска влада ќе беа во Гвантанамо под сенка.
 
Ќе дојде време, ќе им напраат и споменик на ѓубрињава - ама пак, не се они криви, си ја возат причата......овде е проблемот, ова нашево не е држава...треба да си будала да чекаш Бљерим да се заангажира (пошо е one of them), а уште поголема будала ако мислиш некој од нашиве дека ќе потегне малку повеќе.
Ги заболе ташак нашиве гнаси од политичари да пробаат да искористат авторитет (ако имаат воопшто таков) и да трубат по ЕУ, Стразбур (кај све може) - ко проблемот да е некоја којзнае каква земја, а не една недефинирана криминално-мафијашка територија....
 
колку се прости овие нашиве политичари тоа нешто неверованот е.... косово не екстрадирало нивни државјани и тоа пази.. се бараат поради сомнение за ТЕРОРИЗАМ.... замислете америка да им побараше некој таков осомничен па да видиме дали не екстрадираат - уште дента ке им го донеа...

да се паметни политичариве нека ги испоапсат сите косовари тука што имаат криминално досие па нека им го земат државјанството и нека им ги пратат сите во косово - чим имаат косовско државјанство што бараат тука да праат бељи - чувајте си ги кај вас нека ви бидат ваш проблем..
 
Hahah a

Opsss .....nesto cudno .....a be jas mislam deka e laga ova ...policiata ne pravi takvi nesta za velikden da ubie deca ,ova rabota go napravia islamski radikalisti :pos:
Е браво бе тој робјаш што очи ќе имаше?И мене ме пикале па по полициски возила каде сум имал шанса да видам кое возило е или што е или скраја таблици да запамтиш(мада опелов имал лажни).Па и на телевизија штом го видел опелот одма го познал по што по тоа што имал лево крило или по четирите тркала?Еве и мене ми текна сега.И јас го имама видено истиов опел,комчијата му менаваше лев жмигавец 100% е истиот:facepalm:
--- надополнето: 17 мај 2013 во 13:04 ---
Е што сурати имаат со една кама да земеш и да ги корегираш да заличат троа на луѓе.
 
Сабота, 18 Мај 2013 09:26
Косовските власти не ги екстрадираат Демири и Исмаиловиќ и пласираат лажни информации во јавноста дека двајцата наводно имаат двојно државјанство. Но, и нашето Министерството за правда молчи и не изврши дополнителен притисок или пак не ги искористи "одличните односни и комуникација" со Косово, кои безброј пати досега беа истакнати, пишува Вечер.

monstrums.jpg


Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, обвинети за масакрот кај Смиљковското Езеро, немаат косовско државјанство, ниту пак некогаш поднеле барање да станат косовски државјани официјално потврди косовското МВР.
"Вечер" побара одговор од косовското МВР дали и кога Демири и Исмаиловиќ поднеле барање за косовско државјанство и кога им било одобрено, на што беше официјално одговорено во текот на истиот ден. Во дописот од косовското МВР стои дека двајцата монструми никогаш не доставиле барање за државјанство во Одделението за државјанство, азил и миграција на Министерството за внатрешни работи на Република Косово.
Со ова паѓаат во вода шпекулациите дека Демири и Исмаиловиќ се и косовски државјани и дека тоа е единствената пречка за нивна екстрадиција.
Овие шпекулации ги потврди и подгреа лично косовскиот министер за правда, Хајредин Кучи, кој во средата изјави дека Косово не екстрадира свои државјани и дека монструмите имаат двојно државјанство.

monst.jpg


- Косово не ги испорачува своите државјани. За двете лица за кои станува збор можам да ви кажам дека се косовски државјани, односно имаат косовско и македонско државјанство. Во моментот тие се предмет на судски процес во Косово и тоа ја отежнува екстрадицијата, изјави Кучи за порталот "Сетајмс".
-Сега се поставува прашањето зошто Косово не ги екстрадира двајцата монструми и одлучи да ги држи во притвор и да им суди за далеку поблаго кривично дело во Приштина и која е вистинска цел зад оваа постапка, но и зошто не се придржуваат и го игнорираат договорот за екстрадиција што беше потпишан пред неколку години, пишува Вечер.
Демири и Исмаиловиќ до крајот на месецот треба да се појават во приштинскиот суд, бидејќи се обвинети за недозволено држење на оружје и повеќе од сигурно е дека ќе бидат осудени, што само ќе ја пролонгира и онака неизвесната екстрадиција во Македонија.
Според сите правници и експерти делото за кое се товарат во Македонија, петкратно убиство, односно тероризам, е доволно само по себе Косово да ги екстрадира Демири и Исмаиловиќ дури и ако имаат косовско државјанство.
Затоа станува очигледно дека Косово им пружа заштита на двајцата монструми, собира дневни политички поени, повикувајќи се и раководејќи се на етничката припадност, а во јавноста пласира информации и изјави за наводна борба со организираниот криминал и меѓународна соработка.
Дел од вината што Демири и Исмаиловиќ се се уште во Косово мора да се лоцира и кај нашето Министерство за правда, кое има повеќе од пасивен однос кон случајот ако се земе во обзир дека станува збор за лица кои се бараат за тероризам. Од Кабинетот на министерот Блерим Беџети ниту еднаш не излегоа со информација дека Демири и Исмаиловиќ немаат двојно државјанство, нешто што можеа да го проверат со еден телефонски повик. Изјавите на Беџети беа повеќе од неутрални повикувајќи се на косовските власти, фактот што било најдено оружје при апсењето и дека одлуката зависи од неговиот колега Кучи и тврдејќи дека сториле се што е во нивна моќ.
- Министерството за правда ги презема сите постапки како за сите други случаи, така и во наведениот случај. Во комуникација сме со Министерството за правда на Косово, се уште не сме официјално известени. Но, по сознанијата што ги имаме, факт е дека таму има сторено кривично дело од страна на обвинетите кои се тема на ова прашање за екстрадиција. И факт е дека од правна гледна точка треба да заврши постапката во Приштина. После ќе добиеме и одговор за екстрадицијата, изјави вчера Беџети неколку часа пред "Вечер" да го добие одговорот од косовското МВР.
Министерот дури се дрзна петнаесетина дена да го држи барањето за екстрадиција на своето биро и да не даде одговор на секојдневните новинарски прашања зошто се чека на неговиот потпис.
Во моментот кога барањето беше испратено во Косово, против Демири и Исмаиловиќ веќе беше поднесена кривична пријава и беа сослушани пред истражен судија.
Демири и Исмаиловиќ беа уапсени на почетокот на март во приштинската населба Сончев Рид и им беше одреден екстрадициски притвор. Според обвинителниот акт за случајот "Монструм" двајцата биле непосредни извршители на ликвидацијата на петтемина цивили кај Смиљковското Езеро.
--- надополнето: 18 мај 2013 во 09:56 ---
 
Според овој допис, во кој се тврди дека осомничените немаат косовско државјанство може да се употреби за да се прошири листата на осомничени за случајот Монструм.
Имено, БИЛО КОЈА личност, што на БИЛО КОЈ начин ќе се обиде да прикрие, затаи, уништи докази, лажно сведочи станува СОУЧЕСНИК во истото дело.
Значи, ако двајцава (т.н. министри) гниди, лажеле и прикривале докази дека осомничените НЕМААТ косовско државјанство, се со цел да се избегне екстрадицијата, тие автоматски стануваат соучесници на осомничените. Кратко и јасно, јавниот обвинител лесно може да утврди дали имаат или немаат двојно државјанство, (ако имаат кога е издадено истото) и ако немаат, лесно може да им швркне во една судска пријава за соучество.
 
Се кријате ко глувци. Типично.
 
Министрите се за на Смилковско, жими све.......море цело Косово е за едно Смилковско....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom