Ако разбереш дека се работи за високо софистицирано модерно ропство и погледнеш како тече животот и колку времето е скапоцено, можеби ќе видиш што сакам да ти кажам.
Можеби ти ќе сфатиш, дека со затворањето на Мц, другарка ми ќе остане без 300 евра месечни примања, од кои штеди за мастер, плаќа семестри, успева да тргне пари за одмор, си купува гардероба и цигари.
Можеби ќе сфатиш дека некој следниот месец нема да знае од каде да позајми 50 евра да си го плати кредитот.
Се додека со такво потценување ги гледаш парите, далеку ќе бидеме од ,,добро,,.
Не заборавај, СТУДЕНТСКА РАБОТА.
Јас студентски работев во САД, и што мислиш, како ме плаќаа? Не само мене, сите средношколци/студенти.
Оние што се вратија со пари, работеа по 18 саати на ден. А на стејтот минималец беше 7.5 плата. Со таа плата, можеби можеш кирија да платиш. Немаш пари ни сметка за телефон.
Нас не плаќаа малце над минималец, 9.5. Толку беше во Мц, толку беше секаде.
Не е тоа работно место за кариера и не знам, издржување на семејство.
За сам себе, додека завршуваш побитни работи во животот, а самата работа не ти е битна.
Сеуште немам запознаено келнер/келнерка, кои имаат по 30 и кусур години, и го работат тоа за егзистенција или можеби себеси се гледаат за 10 години таму. Исто важи за сендвичари, бурекџилници, бутици....
Тоа не е ,,услов,,. Сигурно не те вработуваат само ако си студент.
Но ако видиш кој профил на луѓе имаат вработено, ќе сфатиш дека се сите студенти, повеќе или помалку, или луѓе кои се тука попатно, додека не си го најдат посакуваното работно место.
Јас во Мц, освен менаџерите, немам видено некој постар. Сами бираат таква категорија на вработени.