Мора да имаш или формулар или патничко, ако отидеш така ќе те третираат како приватен пациент и ќе мора ти да си платиш сѐ, а можно е и да не те пуштат да влезеш ако налеташ на некој "расположен" на граница.
На сајтот на ФЗОМ има
листа на земји со кои Македонија има склучено договор за здравствено осигурување што теоретски треба да ти даде третман како домашен пациент, но во пракса ти покрива само ептен итни работи (сообраќајка, кршење раце/нозе и слично). За секоја држава формуларот е различен, ги имаш на листата како им се називите.
За да извадиш таков формулар треба да одиш на матичен да те прегледа и да ти даде потврда. Ако си женско треба да одиш и на гинеколог за да се утврди дека си здрава и немаш никакви здравствени проблеми од претходно и потоа одиш на комисија која се состанува еднаш на две недели и таму ти го одобруваат формуларот. Ова е што се сеќавам, ама не сум 100% сигурна за процедурата, најдобро да го прашаш матичниот или да си прашаш во ФЗОМ.
Ако го имаш формуларот од ФЗОМ не ти е потребно патничко бидејќи во сите државни здравствени институции во земјата со која е склучен договорот можеш да одиш со формуларот и да го прифатат. Ако си на привремен престој знам дека треба да одиш во некоја од локалните компании за здравствено осигурување и да извадиш нивна картичка, за туристичка посета не знам како оди, можеби некој друг има такво искуство.
Во однос на патничкото осигурување какво и да земеш сѐ што можеш е да си го избришеш газот со ливчето, а и тоа не премногу успешно бидејќи е мазна хартијата и само ќе ти размачка!

Процедурата со патничкото оди вака: одиш во болница, им кажуваш што ти е, тие ги пишуваат симптомите, ја праќаат листата по факс во централата на твоето осигурување, таму "експерт" одредува дали е тоа на дозволената листа и дали болницата/ординацијата во која си е на нивната листа на соработници и ако се исполнат тие услови (што ретко кога се исполнуваат) ти ги одобруваат трошоците. Јас си ја истрпев таа мака со патничкото кога ми беше неопходен преглед кој чинеше повеќе од 5000 долари кои ги немав во моментот, а во ниедна болница прво не сакаа да ми го погледнат осигурувањето, а после ме одбија зашто не соработувале со таа компанија од која имав осигурување. Два дена подоцна од компанијата ми пратија листа на нивни соработници чии адреси беа во некои делови од градот еквивалентни на Шутка и картон маало-то под Кале

Во секој случај, со оглед на тоа што и едното и другото осигурување не ти покриваат речиси ништо, најдобро е да си имаш одредена сума пари, па макар и некоја минимална, тргната на страна за секој случај.