Законот на Телема

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Член од
14 август 2006
Мислења
45.268
Поени од реакции
84.374
Смешно е да ги споредуваш Кроули, Мухамед и Лао-Це со Господ Бог.
Од аспект на Христијанството тоа е мешање на баби и жаби.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.254
Поени од реакции
12.265
Смешно е да ги споредуваш Кроули, Мухамед и Лао-Це со Господ Бог.
Од аспект на Христијанството тоа е мешање на баби и жаби.
Рековме од аспект на христијанството се е сатанизам и тоа е тоа :)
Сакам да кажам дека премногу се заморуваат луѓето со Кроули каков бил а не што понудил на светот...
Каква философија и какви пракси...

Обидот да се поткопа телемата како философија бидејќи Кроули кој сепак е еден вид пророк :) кој што уживал во оргии или пак конзумирал дроги - е трошење време... :)
Тоа сакав да кажам... ние не правиме светец од Кроули и да му ги пегламе делата... ;)

Јас како телемит не сум Кроули... ниту пак имам желба да правам што правелтој во врска со сексот, дроги и слично ...
П.С. Не сите го прават ова - прикажување на Кроули како зло за да се поткопа телемата, но има такви па јас да ги поправам малку :)
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Мислам дека ве следам и двајцата тука барем до негде во тој филозофскиот пристап, за повеќе да ве разберам ќе треба да прочитам многу повеќе таква литература за да можам да направам конкретна дистинкција и да заземам конкретен став.
Немам никаков проблем со тоа што бил Кроули и кои биле неговите лични избори, од некоја друга перспектива истиот е мало дете во споредба со тоа што правел По, па никој не му фаќа прибелешки за тоа кога се зборува за неговата литература.
Кога спомнувате левиот пат, кои се неговите основни постулати, односно негативности кои не би сакале да се поврзуваат со Телемата?
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.268
Поени од реакции
84.374
Мене ме фасцинира константната тенденција кај луѓето да се занимаваат и им придаваат големо значење на суштински тривијални сегменти, кои ете така, им делуваат контроверзно, бомбастично....
На пример никој не се загрижил дали тоа Телемитите се движат по лева патека или не. Досаден муабет.
Ама затоа дрога, секс, оргии, е тоа се веќе интересни теми.

Но на објективниот посматрач, необременет со табуата, би му било чудно, како баш секс и употреба на дрога, му се трн во око на некој кој ги оценува Телемитите.

Суштината е дека сексуалноста сеуште (макар и во подсвеста на некои) е табу. А тоа е, интересно, затоа што е контроверзно (пошто е табу). Кога луѓето ќе можат најнормално да зборуваат за сексот, бидејќи тоа и е најнормална работа, тогаш нема да има вакви застранувања од суштината и сексот ќе го гледаат како функционален дел од целината, чии делови се и други есенцијални нешта.

Можеби пообјективно би било да се запраша некој, што е поентата, која е причината и заднината на ритуалите во кои се користат сексуални техники како индуктори на енергија?

За дрогата нема што да зборам. Грубо: Марадона се дрогирал и сеа фудбалот, по некоја случајност, да беше полу-тајна/тајна работа, сите ќе мислеа дека фудбалери=копачки, топки, дрога, дресови.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.254
Поени од реакции
12.265
Кога спомнувате левиот пат, кои се неговите основни постулати, односно негативности кои не би сакале да се поврзуваат со Телемата?
Јас не гледам ништо негативно ниту во Левиот пат ниту пак Десниот...
Средниот е најдобар ако мене ме прашувате :D
Дрвото на животот не стои на два столба ами на три ;)
Ако повлече човек на лево ќе го испушти десниот, ако замине десно - ќе му избега левото. Во секој случај ќе му избега рамнотежата која е НАЈБИТНА...

Во Liber Librae пишува:
12. Запамети дека неурамнотежената сила е зло; дека неурамнотежената милост е слабост, која би го дозволувала и поттикнувала Злото. Делувај страсно; мисли разумно; биди Свој.
18. Затоа, како што е кажано, Застани цврсто во Рамнотежата на силите, во средиштето на Крстот на Елементите, Крстот од чие средиште е излезен творечкиот Збор во раѓањето на зората на Универзумот.

Во Liber Tzaddi (извадок) пак се вели:
.’. Но бидејќи некој природно е привлечен кон Ангелот, друг кон Демонот, нека првиот ја засили пониската врска, нека вториот се прилепи поцврсто кон повисоката. Така рамнотежата ќе стане совршена. Јас ќе им помогнам на моите следбеници; онолку брзо колку што ја постигаат оваа урамнотежена моќ и радост толку побрзо ќе ги туркам.

И така :)
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Телема – За должноста​

„Прави што ти е волја и тоа нека биде цел Закон.
Нема Закон над Прави што ти е волја.
…ти немаш право освен да ја извршуваш својата волја.
Прави го тоа, и никој нема да ти каже не.
За чистата волја, неослабена од причина, ослободена од страста за резултатот, секој пат е совршен.
Љубовта е закон, љубов под волја.
Секој маж и секоја жена е Ѕвезда.“ – извадоци од „Книгата на Законот“
  1. Должности спрема самиот себе си
    • Сфати дека ти си средиште на својот сопствен Универзум.
    • Истражи ја Природата и Моќите на своето сопствено Битие.
    • Развиј ја во соодветна хармонија и пропорција секоја способност што ја поседуваш.
    • Контемплирај за својата сопствена Природа.
    • Пронајди ја форумулата на оваа цел или „Вистинската Волја“ во еден израз колку што е можно поедноставно.
    • Прошири го до крајни граници опсегот на својата свесност и нејзината контрола над сите сили кои се туѓи.
    • Никогаш не допуштај мислите или волјата на кое било Битие да се вмешува во твојата сопствена.
    • Немој да го пригушуваш ниту ограничуваш ниеден вистински инстинкт на твојата Природа туку посвети се до совршенство само во служба на твојата Вистинска Волја
    • Радувај се’!
  2. Твојте должности спрема другите поедини мажи и жени
    • „Љубовта е закон, љубов под волја.“ – I:57
      „Дојдете, о деца, под ѕвездите и исполнете се со љубов!“ – I:12
    • „Како браќа борете се!“ – III:59
      „Ако тој е Крал ти не може да го повредиш“ – II:59
    • Избегнувај го секое вмешување во другите волји.
      „Внимавајте никој да не го присилува другиот, Крал против Крал!“ – II:24
    • Настојувај ако ти е по волја да ги просветлиш другите кога ќе ти се укаже прилика за тоа.
    • Обожувај се’!
      „Секој маж и секоја жена е Ѕвезда“ – I:3
  3. Твои должности спрема човештвото
    • Воспостави го Законот на Телема како единствен темел во однесувањето.
  4. Твои должности спрема сите други битија и работи
    • Примени го Законот на Телема на сите проблеми на погодност, корисност и развој.
      Прекршокот на Законот на Телема е злоупотреба на природните квалитети на кое било животно или предмет и одвојување од неговата соодветна функција, која е одредена од увидот во неговата историја и структура.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Ја имам прашање директно до хепта и ипси.
Што фајте од телемава?
Дали ја најдовте среќата? Константа? Што, што фајте? Што би ме натерало?
По прифатени сте од другите, повеќе пријатели, пари? Среќа, љубов, здравје, што? Како телемата ви го подобрила животот и во истото е незаменлива со други ствари?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ја имам прашање директно до хепта и ипси.
Што фајте од телемава?
Дали ја најдовте среќата? Константа? Што, што фајте? Што би ме натерало?
По прифатени сте од другите, повеќе пријатели, пари? Среќа, љубов, здравје, што? Како телемата ви го подобрила животот и во истото е незаменлива со други ствари?
Ако самиот не го гледаш "фајдето", тешко дека друг ќе може да ти го покаже.
Што фајде има планинарот што се искачува на некој врв? По прифатен е од другите? Има повеќе пријатели поради тоа? Повеќе среќа? Тоа му го подобрило животот?

Јас имам многу пати нагласено дека во телемата ја гледам симболиката која дава одговор на вечните прашања: "Кој сме? Од каде доаѓаме? Каде одиме?"
Тие прашања постоеле и пред да знам дека постои телемата, во неа само ги препознав моите ставови во врска со истите.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Ако самиот не го гледаш "фајдето", тешко дека друг ќе може да ти го покаже.
Што фајде има планинарот што се искачува на некој врв? По прифатен е од другите? Има повеќе пријатели поради тоа? Повеќе среќа? Тоа му го подобрило животот?

Јас имам многу пати нагласено дека во телемата ја гледам симболиката која дава одговор на вечните прашања: "Кој сме? Од каде доаѓаме? Каде одиме?"
Тие прашања постоеле и пред да знам дека постои телемата, во неа само ги препознав моите ставови во врска со истите.
Шо дрвиш кур коа ми го разбираш прашањето многу убаво.
Значи, фајде? И шо дека го знаеш одговорот на прашањата кој сме кај сме шо сме? Иако чисто сумњам, али океј.
По среќен си? По просперитетен? По успешен? Што? Или просто тоа што "знаеш" ствари те задоволува? Подобрена концентрација, меморија? Просветлен си? Моеш да лечиш? Демиџ да праиш поише? Шо?
Знам дека ако сам не го гледам фајдето неможе никој да ми го покаже, ама за кое фајде збориме? Тоа те прашувам?
Во што си ти подобар пред и потоа?
Значи за чиста прагматика ти праам муабет.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Шо дрвиш кур коа ми го разбираш прашањето многу убаво.
Значи, фајде? И шо дека го знаеш одговорот на прашањата кој сме кај сме шо сме? Иако чисто сумњам, али океј.
По среќен си? По просперитетен? По успешен? Што? Или просто тоа што "знаеш" ствари те задоволува?
Знам дека ако сам не го гледам фајдето неможе никој да ми го покаже, ама за кое фајде збориме? Тоа те прашувам?
Во што си ти подобар пред и потоа?
Значи за чиста прагматика ти праам муабет.
Јас ти го разбирам прашањето, но очигледно ти не ми го разбираш одговорот. Ти мислиш дека за сите луѓе постои идентично "фајде"? Што мислиш, зошто ти го дадов примерот со планинарот? Што е фајде за него да се искачува на некој врв? Што ќе најде таму? Или можеби самото искачување е фајдето за него? Ти што мислиш?

Liber Al vel Legis I
44. За чистата волја, неослабена од причина, ослободена од страста за резултатот, секој пат е совршен.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Јас ти го разбирам прашањето, но очигледно ти не ми го разбираш одговорот. Ти мислиш дека за сите луѓе постои идентично "фајде"? Што мислиш, зошто ти го дадов примерот со планинарот? Што е фајде за него да се искачува на некој врв? Што ќе најде таму? Или можеби самото искачување е фајдето за него? Ти што мислиш?

Liber Al vel Legis I
44. За чистата волја, неослабена од причина, ослободена од страста за резултатот, секој пат е совршен.
Каков резултат добиваш кога ќе се ослободиш од очекувањата за резултат?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Каков резултат добиваш кога ќе се ослободиш од очекувањата за резултат?
Исполнетост....задоволност од себе си, отсуство на чуството дека нешто недостасува. Така нешто.
Има една поговорка која вели: "Ако најдеш работа во која ќе уживаш, никогаш повеќе нема да работиш":)
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.983
Поени од реакции
12.619
Зошто насетувам кој ќе "праша" нареден прашање :unsure:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom