Ако, рецимо, јас на пр. сум хомосексуалец, и сум незадоволен од законот на Р.М, според кој не може да се склучи истополов брак, уствари, и воопшто не се споменува дека во МК има ЛГБТ лица, и јас се договарам со 5 другари, хомосексуалци, и 3 другарки лезбејки да излеземе низ градовите во МК, да земиме плакати што укажуваат дека во МК има ЛГБТ лица, зашто МК е демократска држава, и секој има прво да го искаже своето незадоволство, на некој начин. И додека ние сме во посета на Битола, и така мирно лепиме плакати низ град, не напаѓаат некои луѓе. И сега прашање е зошто? Што му пречи на некој нашето искажување на незадоволството од моменталниот закон? Тоа значи дека во МК, ЛГБТ лицата се дикриминирани, зашто хетеросексуалната заедница (не велам сите хетеросекслуаци) не остава хомосексуалци, лезбејки, трансродни и бисексуални лица да шетаат мирно по улица. Али, со време се подобрува ситуацијата, и се повеќе и повеќе се шири ЛГБТ заедницата во МК, за некои тоа веќе не е табу тема, и сосема ги прифаќаат тие луѓе.