Потекло на името Македонија! *update*

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Значи темата е ''Толкување ..." што јас, не наидов на таква тема на форумов.А искрено ни немав намера да пребарувам слични теми кога оваа знам дека е автентична.
Ниту темата ти е автентична, ниту пак препишаниот текст ти е некое ново „толкување“ кое досега не било овде споменато. За да нема повторување на дискусии и поклопување на теми кои третираат исти предмети, неопходно е да постои надоврзување на претходните дискусии.
Тоа се нарекува - форумска култура.

Затоа темата е споена со претходните дискусии околу името на Македонија.
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Мене не ми е јасно,првин Македонци на грчки значеле високи луѓе,па по две недели на некој друг портал ке прочиташ Македонци значеле на грчки планинци...за да по некој месец наоѓаш дека Македонците повторно на грчки значело плави луѓе,односно као демек они не биле плави(ами исти црномурести како Грците) туку правеле мозаици затоа што посакувале да бидат плави ,демек виделе од варварите Келтите кога напаѓале:eek: ....сфаќаш дека нивните толкувања можеш да ги тумачиш само за пред голема нужда ...
Сум читал за тезите за долгите/високи Македонци и за високата Македонија и нејзините планинци и сегде се трудат по секоја цена да поврзат нешто со старогрчкиот јазик.
Но за ова со русокосите прпат слушам. :vozbud:
Некој извор, етимологија нешто?... Однапред благодарам. :)
 
Ф

ФилипМакедон

Гостин
Сум читал за тезите за долгите/високи Македонци и за високата Македонија и нејзините планинци и сегде се трудат по секоја цена да поврзат нешто со старогрчкиот јазик.
Но за ова со русокосите прпат слушам. :vozbud:
Некој извор, етимологија нешто?... Однапред благодарам. :)
Се утепав од барање на блогот.. знам за овој мозаик(долу) се работеше и дебата беше nordic style,nordisation,blondisation така нешто,ако налетам пак на блогот ке ти го пратам,да се посмееш малку...

 
Член од
6 март 2013
Мислења
17
Поени од реакции
10
во учебникот по Историја за I-ва година гимназиско образование, го пишува следново: „За потеклото на името Македонија има повеќе легендарни толкувања. Меѓутоа, меѓу лингвистите преовладува мислењето дека името Македонија произлегува од старомакедонските зборови макос - широк (голем) и дон - земја, што во буквален превод би значело широка (голема) земја“.
Инаку, колку шо знам од старомакедонскиот јазик зачувани се само 150 глоси..
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.311
Поени од реакции
15.473
отворете google translate и напишете world of mother и превод на хинду јазикот(наводно `културно наследство од александровата војска),и стиснете на копчето за звук-компјутерот да го изговори хиндускиот превод.

ќе изговори она што тентов и бошески го тврдат-дека македонија значи-земја(свет) на божицата мајка.

ова можеби го знаете,ама да го напоменам
 
Член од
5 јуни 2013
Мислења
2
Поени од реакции
1
во учебникот по Историја за I-ва година гимназиско образование, го пишува следново: „За потеклото на името Македонија има повеќе легендарни толкувања. Меѓутоа, меѓу лингвистите преовладува мислењето дека името Македонија произлегува од старомакедонските зборови макос - широк (голем) и дон - земја, што во буквален превод би значело широка (голема) земја“.
Инаку, колку шо знам од старомакедонскиот јазик зачувани се само 150 глоси..
потребна е историска ревизија, повторно ревидирање на историските книги кои се напишани од оние коишто се победници, посилни во историските “анали“. Според мене треба да посветиме повеќе внимание и да вложиме повеќе средства во истражување, публикација, валоризација на нашето културно наследство. Велам така бидејќи само ние можеме да го откриеме тоа што другите можеби не сакаат да го откријат или она што не сакаат да го обелоденат.
Запомнете: Она за коешто не се зборува не ни постои!!!
мир
 
Член од
6 март 2013
Мислења
17
Поени од реакции
10
потребна е историска ревизија, повторно ревидирање на историските книги кои се напишани од оние коишто се победници, посилни во историските “анали“. Според мене треба да посветиме повеќе внимание и да вложиме повеќе средства во истражување, публикација, валоризација на нашето културно наследство. Велам така бидејќи само ние можеме да го откриеме тоа што другите можеби не сакаат да го откријат или она што не сакаат да го обелоденат.
Запомнете: Она за коешто не се зборува не ни постои!!!
мир
јас потполно се согласувам со тебе...а дека имат шо да се откриват - имат...еве пример со Охрид...најдоа наоѓалиште од камено или метално време (незнам точно) и над него изградија казино..мислам логикава е 0 -.-''

a инаку, шо се однесвит до историјата..то без ни малку двоумење секој би рекол дека победникот ја пишит..еве...пак пример ќе дам..иако немат ни малку врска со дискусијава, се извинувам..ама само сакам да посочам на то дека секој сакат во најдобро светло да се претставит...сите Јустинијан го знајме како моќен владетел и градител..шо ја издигнал Византија...а од кај ни се првичните информации? Од книгите шо ги пишел Прокопиј, а чии текст бил „диктиран“ од Јустинијан. Ама па овај паметниов Прокопиј, на крајот, ја напишал Тајната Историја, во која ја изложуват целата вистина за Јустинијан, т.е. то е книга во која Јустинијан еден збор немат „издиктирано“, а во истата книга е претставен како суров владетел, и разочарувачки се информациите кои таму ги пишит....а + секоја држава една иста историја си ја толкуват на различен начин..сурова реалност.. ://
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
329
Поени од реакции
218
Во средно школо по историја даскалот не учеше дека името потекнува од некој си Македон кој живеел пред едно 7000 години и му бил внук на Амон ра. И нешто овој Македонов бил наводно вмешан во основањето на државата.
Колку е ова точно проценете сами.
 
Член од
6 март 2013
Мислења
17
Поени од реакции
10
Во средно школо по историја даскалот не учеше дека името потекнува од некој си Македон кој живеел пред едно 7000 години и му бил внук на Амон ра. И нешто овој Македонов бил наводно вмешан во основањето на државата.
Колку е ова точно проценете сами.
па и за то си во право до негде...во книгата „Историја на Македонскиот народ“ (институт за национална историја; 2008 год.) запишано е следново: http://prntscr.com/19al95 a сметам и дека е веродостојно, зато шо е поткрепено со факти.. :)

Инаку... http://www.youtube.com/watch?v=2MGQXwrPYKA 04:28 - 05:34..и тука се спомвит Македон, а исто така и фактот дека во историјата постојат 3 мислења за то од кај е името.. :)
 
Член од
1 ноември 2010
Мислења
595
Поени од реакции
241
грците биле пигмеи од африка и логично е ние да сме биле повисоки..можеби се во право..:sneaky:
името може да е од Ромите, ама не и од фабрикуваните автори...
имало 150 глоси...имало топки...
од каде знаеме за нив?
од Лексиконот Суда...
во него, има смешни работи..на пример
Hypatia му пратила писмо на Cyril откога била умрена...
или, опишан е
hydroscope кој не бил тоа, туку hydrometer кој му требал на sick man кој не знаел што да прави со него , ама не бил тоа, туку нешто as a urinometer:) кој го користеле при ферментација за алкохол?.

или бисери други..
Simmias of Rhodes, Grammarian
He was active 406 years after the Trojan war, and according to some, he also wrote the
Archaeology of the Samians....
секако, таму е хомер и компанија, за кои, никој жив не слушнал до 14-15, па и 16 век...
p.s...
интересно, иако наводно на запад Троја приказната била позната во
Compendium historiae Trojanae-Romanae
насекаде ќе сретнеме дека
During the Middle Ages, Homer is lost for the Western World.
150 наводни глоси се измислица, и смешно е да се расправа за нив...

--- надополнето: 23 јули 2013 во 12:05 ---
In 1488 ad Demetrios Chalkokondyles (born in Athens) gained the patronage of Lorenzo de Medici; then he created Homer; Isocrates (in 1493), and of the Suda lexicon (in 1499) in Florence, Italy. He translated Galen's Anatomy into Latin.
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Нешто за најпопуларната грчка теза за потеклото на името Македонија.

Според неа, Македонец значи висок, долгач. Или пак, името се однесува на земјата, па Македонија значи висока, долга (земја); а нејзините жители би биле Планинци. Ова баш и нема некоја логика, ако се земе предвид дека називот Македонија најпрвин се однесувал на Долна Македонија, што е претежно рамна, ама ајде.

Но од каде доаѓа ова име?

Постои само едно спомнување на овој збор, во некоја верзија на Одисејата. Прашање е колку е всушност и релевантна оваа верзија, бидејќи најстарата целосна зачувана верзија на Одисејата е негде од X в., но да претпоставиме дека може да се смета за автентична.

Таму се среќава зборчето μακεδνῆς (македнис), веднаш пред αἰγείροιο (ахирио).

Аἰγείροιο е некоја падежна форма на αἴγειρος што значи (врста на) топола. Постои отсек aigeiros во ботаничката хиерархија. Патем, на современ грчки топола е λεύκα (левка).

Не знаејќи што значи μακεδνῆς (да повторам, нигде на друго место не е сретнат зборот), некој си претпоставил дека, чим ја опишува тополата, веројатно значи висок. Тополите се високи.



Притоа, зборчето се споредува со μακρός (макрос), во смисла голем. И денес нели, оваа теорија е искористена да се покаже грчкото потекло на зборот Македонија и соодветно - грчкото потекло на Македонците. Крунски доказ во полза на хеленизмот во Македонија.

Проблемот овде е што се` се базира на еден единствен збор, кој не се среќава на ниту едно друго место (во ни еден од илјадниците текстови напишани на грчки низ историјата), и тоа во запис чијашто автентичност не може да се потврди со сигурност. Од каде да знаеме дека не се работи за грешка? Дали слепиот Хомер ова го пишувал со своја рака? Дали е грешка при некој од безбројните преписи низ историјата? Недостатокот од податоци оневозможува да се донесат релевантни заклучоци.
Сепак, очигледно дека кога се грчките интереси во прашање, ова е сосем доволно и за решавање на вакви големи историски прашања.
 
Член од
1 ноември 2010
Мислења
595
Поени од реакции
241
Хомер е измислен...и сите други...
ај да замислиме , сите книги во библиотека....
колку само кожи, дрва, камења би требало за сите зборови од т.н. антички автори...
милиони....
а тек копиите...
и како, ни еден не се очувал, а има безброј записи од антиката и по неа?
п.с.
по логиката
мак=макрос зошто не
мак=мак (афион)
зошто не
Mak-Qemt (Alexander the Great)
Mak-Qemt-uafu-semti (Rameses II)
Mak - Qemt - uafu - pet - paut (Rameses IV)
линк
гејците дошле од Египет и го донеле Мак=Крал, кралство...
гледаме, Мак=Рамзес, кој бил Крал пред гејците да дојдат
 

Kajgana Shop

На врв Bottom