Ако почнеме да си кажуваме секој посебно што во животот му фали и се смета дека е дискриминиран кај ке биди крајот.
Што си па ти толку посебен или што е толку посебна вашата група па да добие специјални права кои другите ги немаат.
Ете заклучи дека сме исти освем што те привлекуваат личности од ист пол. Јас не барам специјални права за мене.
Зошто ти би барал. Ете исти сме. Ако сме исти значи правилата на игра кои важат за мене би требало да важат и за тебе. Ако не е така тогаш кој е човек а кој е помалце или повеќе човек. Неможеме и ние и вие да бидеме во ист кош и да бидеме исти, ама вие од друга страна да барате специјални права. Не оди тоа туку така.
1. Човекови права се загрантирани со самото раѓање на човекот, а можноста да основаш семејство со тој што го сакаш е човеково право затоа се борам не само за мене и за сите како мене. Впрочем правото со кое што слободно се изразуваш е човеково право и го користиш. Топло препорачувам пред да се впуштате во дискусија земете и изначитајтесе. Страмота само да чаламите и гала да прајте, ама нали?
--- надополнето: 9 мај 2013 во 20:30 ---
Дечко да земеше да ме прочиташ малце повнимателно, ќе сватеше што сакам да кажам, вака од твојот одговор можам да заклучам дека или немаш капацитет или површно ме читаш.
На крајот на краиштата, јас сум на форумов фронтлине на тие што треба да ги убедиш за своите хомосексуални „права“. На крајот на краиштата цела оваа скупина што те подржува тука, со својот начин ме подсеќа на немоќта на една политичка партија, која својата неспособност ја брани со малумноста на народот од кој бара гласови(прилично одигрувајќи во полза на позицијата). Епа дечко се додека ароганцијата и суетата владеат со вашиот мозок хомосексуалното однесување нема да биде прифатено како нормално. Ти не си спремен за разговор, влегуваш во диалог(повеќе монолог) со предрасуди, со етничка дискриминација на цел еден народ.
Мојот труд да го кажам своето аргументирано мислење кое верувај, многу лесно може да се рашири кај противниците на хомосексуални бракови ти го наградуваш со омаловажување, прво дека не си го прочитал, а понатака со разни дисквалификации. Не гледаш подалеку од носот, а се правиш фронтмен на геј движењето тука на форумов. Ако мислењето према хомо заедницата на форумов ја градиш ти и се бориш за нивните права тука на форумов, тогаш и не е чудно што цела заедница е во таква состојба.
Истите работи што си ги пишал горе ги имам објаснето само една страница наназад, но тоа само ДОКАЖУВА колку ти е стало до оваа тема, тука си само да нафрлиш понекое мислење колку да се држи оваа тема на високо место, а не си да водиш диалог. Пошто ако си за да водиш диалог ќе ти биде стало да ги прочиташ мислењата на луѓето, а не само да нафрлаш постови без никаков континуитет.
Епа дечко, ете дадов шанса да ме убедиш, ти ме дискредитираш, зошто да бидам мазохист да воопшто да трошам интелект буквално за глупости, имај си убав живот и многу среќа во борбата, пошто и не гледам друг начин како ќе ги остварите своите барања.
Ако и ти ја читаше темава ќе сватеше дека хомосексуалноста неможе да ја бираш како во продавница. Сакам ваква кола, ама на батерии.
Едноставно се раѓаш, живееш, доаѓаш до период на пубертет и почнуваш да свајќаш зошто како мал пример си сакал да гледаш ова или она... Идиме до моментот каде што почнуваш да се осознаваш и спознаваш својата сексуалност. И оп мајката - ГРЕШНО Е, сите ечат и укаат мукаат како ти си грешка на природата, мрднат, болен, за на бесилка, за тепање, за на електричен стол. Опа тука имаш различен развој на настаните, некои од ваков притисок се самоубиваат, други се похрабри и пробуваат да бидам тоа што се.
Јас оти искрено постираше ќе пробам да бидам што поискрен и поинтимен за себе од овде па надоле.
Земаш и пробуваш да се смениш, се убедуваш дека е фаза, минливо чуство, пробуваш, експериментираш, гледаш само по женски, се сексаш со нив, се правиш ама емоционалното цело време изостанува. Стануваш фрустриран знаеќи дека не е тоа тоа, а низ цел период ја чуствуваш силната емоционална и сексуална желба са истиот пол. Тука пак настапува период вејќе на адолесценција каде притисокот од средината не престанал туку е прогресирачки, дури почнуваат мајтапи како треба невеста да донесиш, па ова она. Тука се јавува и втората депресија која најчесто е поинтензивна од онаа првата кога се спознаваш ама пак потрезвено размислуваш. Почнуваш да се наобразуваш околу тоа што си, се прифајќаш.
После влегуваш во врска го наоѓаш вистинскиот, поминуваш време заедно, сакаш нешто повејќе, сакаш да покажеш колку ти значи, сакаш бре завет да дајш, сакаш да ти биде признат и валиден. Не за пред другите свадба да напрајш, за себе и за него. Да има нешто што кажува, докажува, што ќе остани, напишано.
И тука на велико ти се отвара вратата за тоа колку вистински тежок пат ти претстои. Дал да одам втуѓина, дал да седам тука и да ми викаат а бе цимерти арен е? ЦИМЕР? ДРУГАР?
Сакам бе и јас како ти да стапам во унија/брак било што! Па мое право е да бидам со кој сакам и да оформам семејство. Може деца нема да има ама мое ќе е семејство ќе ми е. Сакаш да ми кажиш дека е неприродно да ја чуствувам потребата да кажам дека може е двочлено - АМА Е СЕМЕЈСТВО:
Мене душава ми е полна, јас ќе го напрам тоа дал тука дал надвор, ама зошто не тука?
Сега искрено дали јас го уживам правото да бидам во брак/унија со тој кој го љубам?