Како трајно да се реши проблемот со апликациите што работат во позадина (background) на Android 2.2?

Член од
31 јули 2008
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.529
Ке отворам нова тема за проблемов бидејки познавам доста солиден број на корисници што се жалат од ова. Се насобираат голем број на апликации што работат во позадина и трошат од меморијата (а и од интернетот).

Јас лично, на мојот LG Optimus Me неможам да најдам опција за оваа работа, па морам нон-стоп да ги гасам со ES Task Manager.

Постои опција во Settings->Accounts&Sync->Background Data, ја гасам заедно со Auto-Sync, но џабе е.

Како трајно да се реши овој проблем?
 
Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
И мене ме интересира ова, да ти кажам право :)
 
P

Princ

Гостин
Ќе го сменам насловот на темава во: како трајно да се реши проблем што всушност не е ни проблем.
Task killer-ите освен што немаат корист на Андроид, штета нанесуваат. Самиот ОС е дизајниран да ги држи во активност апликациите кои му требаат, а доколку се појави недостаток на меморија да почне да ги убива автоматски процесире. Со користење на Task killer-и троши повеќе батерија Андроид уредот бидејќи постојано тој ќе го реактивира процесот кој му е потребен. Килувај сега една апликација, и после 2 минути пак ќе треба да ја килуваш бидејќи на системот му притребала па ја активирал.
Девелоперите на Андроид убаво имаат објаснато зошто Task killer-ите не се потребни на Андроид туку штета нанесуваат http://android-developers.blogspot.com/2010/04/multitasking-android-way.html
Уште еден извор http://droid-den.com/android-guides/android-guide-should-i-use-a-task-killer/
 
SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622

Јас го користам TasKiller, но не за автоматско менаџирање на меморијата, туку за јас самиот да си гасам апликации. Има безброј статии за тоа дали треба или не треба да се користи Task Killer-и, а од мое лично искуство би рекол дека треба.
 
P

Princ

Гостин
Дали можеш да елаборираш зошто мислиш дека треба? Кое е твоето искуство и од каде таков заклучок?
Еве јас ќе се потрудам да елаборирам зошто таск килерите нанесуваат само штета:
Апликациите кои стојат активни во позадина се апликации кои ги користиш често во текот на еден ден. Пример за тоа е Gmail апликацијата. Или Маркетот (Play Store). Тие апликации се едни од оние што оперативниот систем очекува да се активни цело време, и без разлика што ти ќе ги убиеш сега, тој брат ќе ги крене пак во прва можна прилика па мајка јана нека е.
Кога ти убиваш апликација и системот пак ја крева, и ти пак ја убиваш, и системот пак ја крева... влегуваш во еден магичен круг во кој освен што уредот (мобилниот) ти се успорува бааги (бидејќи терате инает) тој и многу побрзо ја троши батеријата.
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.058
Поени од реакции
761
Од лично искуство на 2.1, 2.2 и 2.3 подобро функционира телефонот без Кеш Клинер и Таск Килер т.е. нормално функционира.
 
SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Дали можеш да елаборираш зошто мислиш дека треба? Кое е твоето искуство и од каде таков заклучок?
Еве јас ќе се потрудам да елаборирам зошто таск килерите нанесуваат само штета:
Апликациите кои стојат активни во позадина се апликации кои ги користиш често во текот на еден ден. Пример за тоа е Gmail апликацијата. Или Маркетот (Play Store). Тие апликации се едни од оние што оперативниот систем очекува да се активни цело време, и без разлика што ти ќе ги убиеш сега, тој брат ќе ги крене пак во прва можна прилика па мајка јана нека е.
Кога ти убиваш апликација и системот пак ја крева, и ти пак ја убиваш, и системот пак ја крева... влегуваш во еден магичен круг во кој освен што уредот (мобилниот) ти се успорува бааги (бидејќи терате инает) тој и многу побрзо ја троши батеријата.
Имам HTC Hero, со Zero Hero Sense 3.5. Одвреме-навреме, а во последно време многу често знае да лагира, значи притискам на touch-от и по 2 секунди го прифаќа допирот, кога ми звони некој, на телефонот му требаат 5-6 секунди да го идентификува бројот, да ја појави сликата и да почне мелодијата, време во кое јас не можам да се јавам, а и неколку пати сум „кревал“ слушалка и телефонот не реагира, и после тоа повикот е регистриран како пропуштен. Ако почнува да заебава, отворам task killer, kill-нувам неколку апликации што не ги користам во моментот (People, Settings...) и добивам значително забрзување на телефонот, без разлика што тие апликации повторно ќе бидат стартувани во позадина.
 
P

Princ

Гостин
Чекај, имаш HTC Hero со 528 MHz процесор и 288MB RAM меморија, а си му плеснал Sense 3.5 и спор ти е? Фала Богу. Јас имам Sensation XE (Dual-core 1.5 GHz + 768MB RAM) и немам такви проблеми ниту пак потреба од Task Killer.
Во нормални околности се нема потреба од Task Killer. Ова е став на девелоперите на Андроид и на луѓе што доволно се разбираат во технологијава. Нормално, овој став не важи кога на HTC Hero ставаш Sense 3.5.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Имам HTC Hero, со Zero Hero Sense 3.5. Одвреме-навреме, а во последно време многу често знае да лагира, значи притискам на touch-от и по 2 секунди го прифаќа допирот, кога ми звони некој, на телефонот му требаат 5-6 секунди да го идентификува бројот, да ја појави сликата и да почне мелодијата, време во кое јас не можам да се јавам, а и неколку пати сум „кревал“ слушалка и телефонот не реагира, и после тоа повикот е регистриран како пропуштен. Ако почнува да заебава, отворам task killer, kill-нувам неколку апликации што не ги користам во моментот (People, Settings...) и добивам значително забрзување на телефонот, без разлика што тие апликации повторно ќе бидат стартувани во позадина.
Мој совет ти е да си го вратиш стариот оперативен систем бидејѓи ќе си имаш Голем проблем.
Јас на HTC p-3300 фабрички со winmob 5.0 му инсталирав winmob 6.5 ама не траеше ни 5 месеци.Му рикна процесорот
 
SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Мој совет ти е да си го вратиш стариот оперативен систем бидејѓи ќе си имаш Голем проблем.
Јас на HTC p-3300 фабрички со winmob 5.0 му инсталирав winmob 6.5 ама не траеше ни 5 месеци.Му рикна процесорот
Па точно заради тоа што и на стариот оперативен ми лагираше, ставив нов. И поради тоа што не работеше bluetooth-от. Барав некој custom rom базиран на Андроид 2.1, не можев да најдам. Башка, коемнтарите за оперативноста на овој ром (на Hero) беа солидни, и затоа го ставив. Ако имате некој предлог за подобар ром (базиран на Андроид 2.х, не мора да е најнов 3.х), дајте некој ум.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.529
Јас сум доста нов во Андроидов и еве сеуште се учам. На GSM Arena во коментарите за телефонов имаше доста луѓе што се жалеа дека телефонот им лагирал, и доста други луѓе ги советуваа дека телефонот е ОК, само треба да користат Task Killer (и да зачувуваат игри и апликации во мемориската).

По мое краткорочно лично искуство, имам забележано дека телефонот подобро работи одкога ке го исчистам Кешот и тие неколку апликации кои ги покренал Андроидот.

Верувам дека и Принц е во право, авторите на оперативниот систем го направиле да биде таков, и секако дека не препорачуваат Таск Килери, и верувам дека појаките телефони немаат проблем.

Но овие малку послабите Андроиди знаат да закочат ако им се насобере многу, така да за секој случај ке ми стои Таск Килерот. Ке пробам да го покористам без него, па ке видиме како ке оди. Ако не, пак по старо....
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.832
Поени од реакции
2.927
одкако ги прочитав постовиве и сега во моментов го бришам(ремоув) таск килер па ќе видам како ќе тера без него инаку користам ХТЦ ДХД рутиран и сменет ром од сенсајшн ХЛ и еве видиме;)
 
Член од
19 јуни 2012
Мислења
404
Поени од реакции
417

и јас мислам дека не треба да се користи Task Killer на телефонот погоре, имам забележано кога ќе "килнам" некоја апликација, за 5 секунди како да кочи телефонот и потоа се враќа во нормала и пофторно се пушта апликацијата, така да... Не користете такви работи
 
Член од
4 септември 2010
Мислења
1.002
Поени од реакции
582
Ами ако имаме рам 256мб? Еве на пример, јас на мојот зте кис лите имам вкупно 152мб рам и кога ќе бидат уклучени гоогле плејстор, фб, незнам гоогле +, слободна рам имам само 35-40 мб, а кога го користам таск килерот рам меморијата ми се ослободува до 60 мб. Е сега, тие повторно се уклучваат. Всушност, мене не ми кочи андроидот, ама маана му е што има само 256 рам одностно 152 мб достапна за користење.
 
Член од
6 септември 2012
Мислења
71
Поени од реакции
21
незнам за другите апликации како е ја иам Clean Master и апликацијата си гази.. 4исти без мука, ете ако коритиш нешто постојано ќе си отштиклираш и толку, 4ува доста меморија... ко4ење во никој слу4ај, ни малце
 
Kajgana Shop

На врв Bottom