Crazy in Love
Here's looking at you kid.
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.859
- Поени од реакции
- 25.413
Верувај ми дека би се запрепастил од фактот дека таквите ситуации не се воопшто ретки.Не, тоа се екстремни и ретки случаеви не се ни тема на муабет, ако ја тепа нека се разведе.
Она што е јасно е дека женската суета оди на се повисоко ниво, колку повеќе права имате (а ги имате како "браќава") се посебични станувате и се повеќе барате...многу нездрава појава која води до се почести разводи и деструкција на семејството.
Бракот не е едноставен, секоја релација и однос во животот не е едноставен. Јас сум од луѓето кои безрезервно веруваат во љубов и се надевам дека ќе најдам човек со кој ќе се будам секое утро и со кого ќе изгледаме неколку дечиња, меѓутоа тоа не значи дека ако стапам во брак треба да дозволам некој да ме понижува, да ме навредува и да ме третира како да не сум човек. И психичко малтретирање не е за оправдување. Да не се разбереме погрешно, ако жената го прави истото у смисол психички малтретира, цел живот хистериша и сл. и ако мажот не е среќен сметам дека треба да ја остави. Да живееш со некој со кого не си среќен (константно, со години) без разлика на тоа дали си машко или женско се сведува на садо-мазохистички однос во кој едниот малтретира, другиот трпи.
Или замисли мажот или жената да се коцкари, па све да прокоцкаат, свесно? Дали е тоа здрав брак?
Не се пропил одеднаш, не почнал одеднаш да ја тепа... грешно ги сфаќате ситуациите. Почнува со по две-три пива секој ден. Па тие стануваат 10 пива, па после 30 пива и 3 вина итн, итн... тоа е постепено и прво не се приметува тоа, се приметува обично за жал кога ситуацијата станува алармантна. Или замисли коцкар, па да прокоцка све. Има некои не пијат, не тепаат, ама за ништо не се поддршка и психички го омаловажуваат партнерот постојано. Има и такви жени. И не сметам дека мажот треба да остане во таков брак, исто како што не сметам дека и жената треба да остане во таков брак.Само малку да е девојката нормална, за 1 одмор ќе сфати со кого си има работа (обратно, и момчето). Човек може да се воздржи едно попладне, но за една недела...башка фактот што денеска девојката излегува, слободна е во изборот, може да се информира од повеќе извори за момчето како и да се информира за многу нешта околу бракот ги прави овие теории за жената жртва во бракот просто чудни. Кога ќе кажат дека зетот одеднаш се пропил или почнал да ја тепа...тоа одеднаш не влегува у шема на приказната. Збораме за нормална девојка од нормално просек семејство.
За мене разводот би бил последна опција, ма да, јас сметам дека ако еднаш ме удри, ќе го направи тоа пак. Не дај Боже па тоа да го прави на децата...