Жените, поготово образованите нотарки, докторки, забарки, што работат за добра плата ама и оние што се мачат за 200 евра и помалку, тие истите по дома рибаат, за воспитувањето пак тие се главен полицаец, за домашни пишување мажите или незнаат или ги мрзи или фудбал има, за да трпат пола фамилија пак тие се истите, за сите сметки и евиденции по дома пак жената е задолжена во 90% од семејствата и на крај ако бидне некој развод жената е крива - а кој друг ќе е крив?
Жените треба да имаат поголеми права од мажите и треба да сме главни по дома, и еднаш на три месеци без причина треба да ги строиме сите дома за да си го знаат местото и како превентива од развод. И не сум феминистка ни радикална, само сум во право.