Македонскиот јазик од историски аспект

Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Eминентниот француски лингвист д-р Андре Вајан за македонскиот јазик:

"Поимот на словенскиот македонски е нејасен само за оној што тоа не го сака. Словенскиот македонски преставува реалност во таква мера што во XIX век суштествувал еден македонски литературен јазик, јазик на сосема мала учена литература, но на обилна народна литература; и не се работи само за документи на фолклорот какви што можат да се соберат сегде; лирската македонска песна, многу ценета во Србија и во Бугарија, преставува еден автентичен литературен жанр, со реална вредност.


Овој литературен јазик, базиран врз говори што природно се разликуваат малку меѓу себе, немаше време да се унифицира. Меѓутоа негови центри беа Скопје, Tетово, Охрид, Битола (Манастир), Воден , и.т.н. ..."

A. Vaillant, Le probleme du slave macedonian-Bulletin de la societe de lingustique de Paris, t. 39, 2 (Numero 116 ), Paris 1938.
Прекрасно кажано!

Дополнителен доказ - македонскиот јазик во САД, односно во државата Мичиген во 1941 година:





Page 111.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Македонија ми е во срцето

11 март 2013 Емил Ниами

Академик Рина Павловна Усикова е првиот и најистакнат македонист во Русија. На денешен ден одбележуваме значаен јубилеј – 80 години од нејзиното раѓање. Во интервјуто академик Усикова зборува за себе, за својата научна работа, за македонскиот јазик и за својата љубов кон Македонија.



- Г-ѓо Усикова, најпрво би сакале да ги запознаеме читателите со вас, па затоа кажете ни неколку ваши биографски податоци.

Па, вака. Родена сум во 1933 година во Москва. Тоа беа години на превирања во целиот свет, а моето детство практично се одвиваше во ужасите на Втората светска војна. Во 1950 година се запишав на Московскиот државен универзитет “М. В. Ломоносов”, на катедрата за славистика, на одделот за бугарски јазик и книжевност. Факултетските денови поминуваа успешно, така што по пет години дипломирав. Тогаш почнав да се занимавам со коректура и редактура, каде всушност го добив и редакторското искуство. По неколку години бев повикана на замена за бугарски јазик и со задоволство прифатив. Тогаш, мојот ментор, професорот Самуил Борисович Бернштејн, ми предложи да почнам да се занимавам со македонски јазик и да ја напишам мојата кандидатска дисертација на тема од македонскиот јазик. Идејата ми се чинеше интересна, иако пред тоа не бев се сретнала со македонскиот јазик. И така, во 1965 година ја одбранив теза со наслов “Морфологија на именките и глаголите во македонскиот литературен јазик”. Истата таа година за првпат отпатував во Македонија на усовршување на јазикот.

- Како го доживеавте вашето прво доаѓање во Македонија?

Имав среќа ментор во Македонија да ми биде академик Блаже Конески. Тој беше човек со кого навистина можеше прекрасно да се работи. Тогаш живеев во студентскиот дом Кузман Јосифовски, а филолошкиот факултет беше во Тафталиџе, па секој ден одев пеш дотаму во придружба на Ружа Панова, која постојано ме коригираше, така што мошне бргу почнав слободно да зборувам македонски. Она што навистина ме фасцинираше во Македонија беа луѓето, начинот на живеење и така ја засакав оваа земја, така Македонија ми се всели во срцето.

- Што се случи по вашето враќање во Москва?

Во тој период почнав да работам како професор по македонски јазик на факултетот. Најпрво тоа беше јазик под Ц, односно изборен, потоа започнавме со програма под Б, односно како втор јазик, а во 1975 година беше отворена првата катедра за македонски јазик во Русија, кога всушност започна да се изучува македонскиот јазик како прв, односно главен јазик.

- Каков беше односот на тогашната политика кон вас, со оглед на блиските односи што СССР ги имаше со Бугарија во тоа време?

Па, приликите не беа баш поволни. Кога ја напишав првата морфологија на македонскиот јазик на руски, книгата беше одбиена за печат со оглед на тоа дека не постоеше такво нешто за бугарскиот јазик. Така, бев советувана најпрво да напишам прирачник за бугарски јазик. Го прифатив предлогот и како коавтор го напишав тој прирачник, а што се однесува до мојот необјавен труд, смогнав сили и тој беше објавен во Македонија. Навистина тогаш ми беше тешко што не ме објавуваа, но јас тивко работев и подготвував специјалисти кои ќе се занимаваат со македонски јазик. Така денес сум горда што токму од таа катедра излезе прекрасен кадар кој денес навистина професионално ја работи својата работа.
Иако според кодификацијата е многу млад, за многу кратко време изоде голем пат, помина преобразба и денес се наоѓа високо на листата на современи светски јазици.

- Извесен период работевте и на филолошкиот факултет “Блаже Конески” во Скопје. Како ќе го окарактеризирате тој период од вашиот живот?

Во 1993 година дојдов во Македонија и започнав да работам на катедрата за славистика, како професор по руски јазик. Во тој период ја запознав Македонија до детали. Ми се случија и многу пријатни работи како што беше кога МАНУ ме избра за дописен член, а исто така и кога бев прогласена за почесен професор на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во тој период со две колешки од катедрата го напишавме и првиот прирачник за напреднати по превод, кој го користат не само студентите од филолошкиот, туку и од други факултети. Токму тогаш заедно со неколку други колеги од Ломоносов го направивме и големиот македонско – руски речник во три тома кој многу бргу и беше распродаден.

- Кога сме кај вашата научна дејност, кажете ни со кои македонски колеги сте соработувале?

Па, морам пред сè да кажам дека поголемиот дел од моите трудови ги работев сама, така што соавторството е многу малку застапено. Но, во секој случај морам да истакнам дека на моите прашања секогаш беа подготвени да одговорат академик Блаже Конески, академик Божидар Видоевски, професор Лилјана Минова Ѓуркова и други.

- Поминаа многу години од кодифицирањето на македонскиот литературен јазик, какво е вашето мислење за неговиот развој?

Морам да истакнам дека македонскиот јазик, иако според кодификацијата е многу млад, за многу кратко време изоде голем пат, помина преобразба и денес се наоѓа високо на листата на современи светски јазици. Тоа пред сè се должи на кодификацијата, односно на моделот што го избрале кодификаторите. Тука пред сè мислам на оттргнувањето од старословенската основа, за разлика од рускиот и од бугарскиот јазик кои се засновани на неа, во смисла на морфолошки и ортографски правила, а најважно од сè е успешно избраната дијалектна основа.
Секогаш кога сакам да наздравам го правам тоа со две здравици: „За Македонија“ и „За македонските пријатели“.

- А, какво е вашето мислење за македонската култура воопшто?

Можам да ви дадам само индивидуално мислење зашто сепак не сум културолог. Паметам дека уште од моето прво доаѓање во Македонија почнав да одам на театар. Тогаш директор на театарот беше професорот Илија Милчин и тој без билет ме пушташе на секоја претстава и на сите проби. Тоа беше многу интересно, особено пробите, кога ги слушав забелешките на лекторот кој беше присутен таму. Инаку ја сакам македонската литература и многу читам, секогаш кога ќе се појави нов филм го гледам. Всушност, сакам и консумирам сè што е македонско: сакам македонска храна, сакам македонско вино, македонски песни.

- На универзитетот Ломоносов како лектори работеле и многу наши лингвисти, од кои поголем дел денес работат на филолошкиот факултет “Блаже Конески” во Скопје. Каков беше односот со нив?

Интересно е да се каже дека лекторите што доаѓаа кај нас имаа и што да научат. Секако тука е јазикот, но мошне важно е тоа што се запознаа со нашата, руска, методика на предавање на странски јазици, која има свои специфики. Како што констатиравте, голем дел од нив денес работат на филолошкиот факултет и во институтот за македонски јазик. Наши лектори беа Лилјана Минова Ѓуркова, Максим Каранфиловски, Димитар Пандев, Кита Бицевска, Роза Тасевска, потоа Илија Чашуле, кој јас го познавав уште како дете, и многу други. Можам да кажам дека и јас и студентите бевме многу задоволни од нивната работа.

- Со години по ред сте редовен посетител на семинарот за македонски јазик, литература и култура кој традиционално се одржува во Охрид, па кажете ни како сте задоволна и како се чувствувате кога доаѓате на него?

Секогаш сум среќна кога одам во Македонија, а особено кога е тоа поради семинарот за македонски јазик. Секако курсевите за македонски јазик се мошне важни, но незаборавни се дружењата што ги имаме, разговорите со пријателите и колегите од Македонија, а пред сè ме радува тоа што студентите остваруваат контакти и се дружат.

Рина Усикова е автор на над 100 научни публикации и уметнички преводи од македонски на руски, меѓу кои најважни се:

1. Македонски јазик // Граматички особености на западнословенските и јужнословенските јазици, Москва, 1977
2. Македонски јазик, Скопје 1985
3. Македонско – руски речник во три тома, Скопје, 1997
4. Македонски јазик // Основи на балканската лингвистика. Втор дел. Словенски јазици., 1998
5. Граматика на македонскиот литературен јазик, Москва, 2003
6. Македонско – руски речник (40.000 единици), Москва, 2003
 
E

emission

Гостин
Македонски јазик 1930 година, Американски попис. Попишувачите имале детални упатства за тоа како да прашуваат за мајчин јазик на жителите. Имале упатства и во случаи кога името на јазикот се поклопува со името на државата но и случаи кога не се поклопува со името на државата.





Прашањето „Кој е негов мајчин јазик или роден јазик“ треба да биде поставено на секое лице родено во било која странска земја. Под мајчин јазик се подразбира обично јазикот што лицето го зборувало дома пред да дојде во САД. Ако лицето дошло во САД преку некоја друга земја, се бара родниот јазик на лицето или јазикот кој го зборело во родната земја.

Не занемарувајте да го запишете мајчиниот јазик на лицето само затоа што е ист со името на земјата во која е родено. Значи ако некое лице каже дека е родено во Франција и дека неговиот мајчин јазик е Француски многу е важно да го забележите и неговиот јазик и земјата во која е родено.

Не претпоставувајте дека мајчиниот јазик е ист со земјата на раѓање. На пример, не запишувајте мајчин јазик Австриски за лицата родени во Австрија или Унгарски за лица родени во Унгарија особено затоа што Австриски и Унгарски не се јазици. Официјален јазик на денешна Австрија е Германски а на Унгарија, Маџарски. Затоа точно прашајте кој е јазикот што го зборуваат лицата. Не прифаќајте Скандинавски за одговор за мајчин јазик туку посочете точно Дански, Норвешки или Шведски....
 
Член од
1 ноември 2010
Мислења
595
Поени од реакции
241
evropskite jazici se "dijalekti" od pra balkanskiot, makedonskiot substratum...
evropa ne e naselena so helihopteri....
primer
тил=tailgate
котка=cat
крава=cow

ако баталиме дека тил, мачка, крава дошле во еу од индија, јасно е дека т.н. ие јазик е бул+шит...
 
E

emission

Гостин
Јас не сум лингвист. Меѓутоа поради агресивната пропаганда на соседите мора нашите луѓе да сфатат дека не се паднати од небо како што им се сервира. Мора да се сосече пропагандата на оние што сакаат да не нема, затоа се постираат вакви факти, документи, докази. Па потоа ќе може послободно да се разгледуваат теории за прајазиците.
 
Член од
1 ноември 2010
Мислења
595
Поени од реакции
241
a sto ako nekoj postira kontra "fakti"?
zosto ne se postira nesto sto ne negira? toa ne e fakt?

sto e fakt?
fakt e deka , da receme pcenicata, zito e donesena vo EU vo Neolitot...i se prosirila do Rusija...
sporedete gi zborovite kaj slavsite povrzani so toa....
ako jazikot e slavski, zosto togas istite zborovi gi ima vo gejskiot jazik?

kako Rusite gi zemale tie zborovi?

ocigledno, ako zitoto doslo prvo vo MKD, jasno e kako se sirelo, se sirel i jazikot...

zitoto e samo kapka vo more...
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Датум: 19.04.2013

Модерниот македонски јазик влече корени од 18. век



Стандардизацијата на модерниот македонски јазик своите корени ги има во доцниот 18 век, во времето кога се формирале сите словенски идентитети. Тоа е посебен јазик и не држат тврдењата на некои од соседните држави за „вештачкиот карактер“ на македонската нација и култура, тврди професор Кристина Крамер, македонист од Универзитетот на Торонто.

- Има секакви глупости на овој свет. Македонскиот јазик честопати го нарекуваат измислен јазик. Божем, Тито едно утро рекол, нека биде македонски јазик, и биднал. Всушност, стандардизацијата на модерниот македонски јазик своите корени ги има во доцниот 18 век, во времето кога сите словенски идентитети се формирале, додека Отоманската империја се повлекувала од Балканскиот полуостров, изјави Крамер, на предавањето што го одржа во просториите на Обединетата македонска дијаспора во Вашингтон, каде зборуваше за развојот на македонскиот јазик по поделбата на Македонија со договорот од Букурешт во 1913 година.

Според неа, тогаш првпат македонската територија е поделена и природниот развој на јазикот прекинува во тој момент.

- Потоа има разни тенденции за јазикот во разните делови на Македонија. Тоа е многу жално, за Македонија, и за македонскиот јазик, оцени Крамер.

Канадската професорка, која е почесен член на Македонската академија на науките и уметностите, коментираше и за политичката состојба околу Македонија, и грчките барања да се промени името на државата како услов за продолжувањето на евро-атланските интеграции.

- Мислам дека името не треба да се менува. Нема друга Македонија, нема друг македонски јазик. Ако има северен-македонски јазик или горно-македонски јазик, нема да има јужно-македонски јазик. Во целиот свет разбираат дека има македонски јазик, со кој зборуваат сите во Република Македонија, изјави Крамер.


ИЗВОР

.
 
K

King_Stone

Гостин
Датум: 19.04.2013

Модерниот македонски јазик влече корени од 18. век

...
Па нормално дека постоел ама во дијалектна форма тоа никој не го спори.Имало разлики во говорот во Србија и во Бугарија,значи постоела посебност.Но прашање е кога е верифициран и од кого,и зошто се чекало толку време?
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Немој да тресеш глупости за работи за кои немаш поим.
Професорката Кристина Крамер е еминентен лингвист и ти кажува за македонскиот јазик а не дијалект.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Па нормално дека постоел ама во дијалектна форма тоа никој не го спори.Имало разлики во говорот во Србија и во Бугарија,значи постоела посебност.Но прашање е кога е верифициран и од кого,и зошто се чекало толку време?
Што е тоа дијалектна форма?

Од кого треба да е верифициран еден јазик?

Кога велиш “се чекало толку време“ речи ни од кога до кога го мериш времето? Ако можеш објасни ни повеќе за временската рамка во однос на соседните ни народи.
 
K

King_Stone

Гостин
Што е тоа дијалектна форма?

Од кого треба да е верифициран еден јазик?

Кога велиш “се чекало толку време“ речи ни од кога до кога го мериш времето? Ако можеш објасни ни повеќе за временската рамка во однос на соседните ни народи.
Крум Тошев и Блаже Конески во 1945-1950 создаваат македонската литературна форма и македонската азбука,користејќи ја азбуката на Вук Караџич,и делото на Крсте П,Мисирков "За Македонцките работи".Јазикот македонски постоел и пред тоа,ама како народен говор,а не литературен.Србите и Бугарите тоа го сториле во нивните јазици уште во 19 век.Прашањето ми беше по која причина требало да се чека 100-тина години за да се стори истото??
 
E

emission

Гостин
Крум Тошев и Блаже Конески во 1945-1950 создаваат македонската литературна форма и македонската азбука,користејќи ја азбуката на Вук Караџич,и делото на Крсте П,Мисирков "За Македонцките работи".Јазикот македонски постоел и пред тоа,ама како народен говор,а не литературен.Србите и Бугарите тоа го сториле во нивните јазици уште во 19 век.Прашањето ми беше по која причина требало да се чека 100-тина години за да се стори истото??
Ајде прочитај некој текст од бугарија од 19 век како што велиш, види фондот на зборови, азбуката, и напиши овде дали се поклопува со денешниот и со денешната азбука. Исто така како ќе го коментираш тоа што во 1890 година и порано Македонскиот јазик се именува како таков, и во 1920 година американците го евидентираат како таков „Македонски јазик“ во нивните пописи.
 
K

King_Stone

Гостин
Ајде прочитај некој текст од бугарија од 19 век како што велиш, види фондот на зборови, азбуката, и напиши овде дали се поклопува со денешниот и со денешната азбука. Исто така како ќе го коментираш тоа што во 1890 година и порано Македонскиот јазик се именува како таков, и во 1920 година американците го евидентираат како таков „Македонски јазик“ во нивните пописи.
Темава не е за бугарскиот јазик,ама еве ќе пишам и за тоа.Постојат неколку правописи во тој јазик,нормално јазикот како жива материја трпи измени.Првата реформа е Дриновскиот правопис,потоа Иванчевскиот правопис,Омарчевскиот правопис,и последната е во 1945 година со доаѓањето на комунистичката власт која сеуште се користи.Битно е првата реформа,ама тоа во македонскиот јазик се случува дури во 1945 година,прва официјална азбука и правопис,јазик кодифициран во пишана форма.Вук Караџич реформата во српскиот јазик ја прави во 1818 година,Србија сеуште била под турско ропство,неоформена како држава.
 
E

emission

Гостин
Темава не е за бугарскиот јазик,ама еве ќе пишам и за тоа.Постојат неколку правописи во тој јазик,нормално јазикот како жива материја трпи измени.Првата реформа е Дриновскиот правопис,потоа Иванчевскиот правопис,Омарчевскиот правопис,и последната е во 1945 година со доаѓањето на комунистичката власт која сеуште се користи.Битно е првата реформа,ама тоа во македонскиот јазик се случува дури во 1945 година,прва официјална азбука и правопис,јазик кодифициран во пишана форма.Вук Караџич реформата во српскиот јазик ја прави во 1818 година,Србија сеуште е под турско ропство,неоформена како држава.
Не е за бугарски правопис, меѓутоа е убаво за паралела да видиш дека пропагандата на татарите што ја форсираш не држи вода, и најубаво е кога самиот ќе дојдеш до заклучокот.

Дриновски правопис не е официјален правопис, туку е воспоставен од еден човек и се користи ограничено. Прв официјален правопис кој го имаат бугарите е 1899 година, пред тоа сите пишувале различно т.е. било каша попара и со азбука и со фонд на зборови и со правописни правила. Последната стандардизација во 1945 година е таа што се користи денес во Бугарија. И ништо не искоментира и за другите 2 прашања што ти ги поставив. Значи отприлика 50 години век пред стандардизацијата на Македонскиот јазик и правопис.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom