Пефкохори

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Возраст
39
Пефкохори се наоѓа на внатрешната страна на полуостровот Касандра, со прекрасен поглед на заливот Торонеос, а оддалечено е од Солун 107 км. Името го добива по богатата борова шума која го опкружува ( пефко – борово дрво; хорио – село ). Во Грција е познато уште и под името "Kapsochora", бидејќи во минатото неколку пати било спалувано од страна на пиратите. "Kapsochora", значи запалена земја.
99-cmc-grcka-pefkohori_original.jpg
Комбинацијата на зеленило и мирисот на боровите и тиркизно синото море, секако ќе допринесат за вашиот одмор да биде како од бајките. Освен тоа, Пефкохори го красат преубва црква, стариот плоштад, тесни улички со расцветани лимонови стебла, долга песочна плажа, осветлено шеталиште крај море, кое со првите вечерни часови потполно го меннува својот изглед. Тогаш станува центар на сите случувања, а за тоа допринесуваат и бројните таверни, рибни ресторани, пицерии и барови.
Nova%20crkva___Pefkohori___Halkidiki___Gr%C4%8Dka___foto__PlanetaPutovanja.jpg


pefkohori3.jpg
Пефкохори е познато и помеѓу Грците, кои тука често доаѓаат на викенд одмор. Овде има се што може да ви затреба на вашиот одмор: бројни хотели, рент а кар агенции, супермаркети, продавници, амбуланта, аптека, пекара и пошта. За најмладите има салони за забава на деца, луна парк, игротека на отворено...
56737231.jpg

450690.jpg
Ако сакате да поминете одмор во кој ќе бидете ослободени од секојдневните обврски, да уживате во прекрасната песочна плажа, вкусот на грчката храна, мирисот на боровата шума, во звуците на морето, долги прошетки... тогаш Пефкохори е вашиот вистински избор.
il-lungomare-di-pefkohori.jpg
Кога сте во Пефкохори, имате можност да посетите неколку места: Излет на вечната планина Олимп, чудесните манастири Метеори, крстарење по заливот Торонеос и најубавото крстарење покрај брегот на Света Гора, прошетка низ Солун, посета на винскиот подрум Акритас, пештерата Петралона, посета на водениот парк.

Ваше мислење за Пефкохори?
 
Значи најубаво место на краците! Најубава плажа, најчисто е морето во овој предел, има најмногу локали за шетање навечер и има најубави гркињи! :icon_mrgr:
На одмор во Грција идам 14тина години по ред и ~пола од овие одмори ми се токму тука! <3
 
205844_2317888992569_6049366_n.jpg



Јако место е, на шетање сум бил таму, не сум бил сместен. Плажата и водата се топ, градчето онака.
Битно стубот го иам сликано успешно XD
/sigmundfreud
 
205844_2317888992569_6049366_n.jpg


За 1ви мај, кога сум бил ептен малечок, сум се искакал во пелени точно кај стубов. И имам олд скул слики баш тогаш, но незнам кај ми се. :icon_lol:
 
сум бил,убаво е ,целиот прв крак е преубав
 
Сум ги прошетал првиот и вториот крак... Третиот нормално не (иако сум модератор на религија, сепак не сум геј :pos:)
Со друштво најјако сум поминал Калитеа... (диско, миско, кладилници, стриптиз барчиња.... :D )
А фамилирајно најубаво, најмирно, и најзелено.. Хањоти...
Пефкохори е исто супер, и можеби има најмногу топлес задници... но не е ништо подобро од другите местенца :)
 
Плажата полна камења (n)
 
На плажа не сум бил , на шетање навечер ми остави супер впечаток . Почист е и поефтин од Ханиоти и Калитеа , барем мене така ми се виде !
 
Se mislam pomegu Pefkoxori i Kalithea...Vo Kalithea ima edno novo family hotelce na plaza koja izgeldase ubavo. Anyone koj bil na dvete mesta da dade sporedba.
 
Ваше мислење за Пефкохори?
Скоро се вративме па како за првпат одење на првиот крак, можам да кажам - одлично. Таверни ресторани, слаткарници и фастфуд (земи и ојси што се вели) колку ти душа сака. Има и доста маркети, одлично снабдени. Ако го споредувам со Неи Пори, поживо место е, поголемо, но со помали плажи (Неи Пори е со ептен широки плажи) и што е фалинка за тие места на првиот крак (немало слушам ни во Ханиоти), без тушеви и чешми на плажа. Споредено со Ханиоти и Полихроно, Пефкохори лично повеќе ми фати око заради водата, синозеленкаста, бистра и без камења и ежеви (освен веднаш до пристаништето). Водата ме потсети на онаа кај Сарти, на вториот крак, слична боја и бистра. Што беше најбитно, цело место беше многу чисто.
Цените беа од 3-5 евра по лежалка/пијалок, гиро за понети беше 2.2 до 2.5 евра, храната по ресторани класична од 8-12 евра. Се на се убаво.
 
Може ли некој да ми каже дали Пефкохори е ок за со мало дете? мислам на гужва, ветрови ово оно?
 
Јас се мислам од калитеа,полихроно,ханиоти,пефкохори, значи цела надолжна линија , каде е најбистра водата и на плажите да не се се со лежалки и да нема толку многу гужва, и да не е толку скапо, ефитно да е и одпирлика да не знае колку е студио за двајца?
 
Јас се мислам од калитеа,полихроно,ханиоти,пефкохори, значи цела надолжна линија , каде е најбистра водата и на плажите да не се се со лежалки и да нема толку многу гужва, и да не е толку скапо, ефитно да е и одпирлика да не знае колку е студио за двајца?
Плажите се кристални на сите 4 места, меѓутоа се поскапи од паралија и лептокари и има гужва, ама многу поубави.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom