Македонски специјални единици (полициски и воени)

Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.443
Тогаш спреми се да оснатеш смирен дури и кога ќе те прашаат дали имаш девојка, зашто ако одговориш дека имаш ќе ти речат дека сега она се ебе со друг а ако речеш дека немаш пак добиваш одговор како:па нормално види се колку си грд која ке те сака,да поздравуваш дрво, да му мочаш на другарчето до тебе во чизма и да ти мочаат во чизма и така да се шеташ цел ден, да глумиш куче и лаеш по криволак како ненормален, да правиш по минимум 500 склека дневно не одеднаш ама сега 20 па потоа 30 итд, да трчаш по минимум 10 км дневно, да спиеш по 30 минути и да те будат со топовски удар итд.

еден совет, кога ќе отидеш исклучи го мозокот, не мисли на ништо друго освен дека сакаш и можеш да станеш волк, зашто ќе паднеш физички, сите паѓаат дури и најспремните а кога тоа ќе се случи скоро 80% паѓаат и на психа.
... киднапирање, тепање и репетирање на пиштол вперен во глава итн итн...

И да, физички можеш да се спремиш, ама психички ако не те бива... нема тука менување.

И за КОГО сето тоа ? За да ме има како на сликата погоре, и никој да не ме ебава ни 2% ?

Специјалец- ДА, ама не тука.
 
Член од
26 септември 2011
Мислења
539
Поени од реакции
2.369
01.05.2013, 16:15

Сведоштво на Сашо Гилевски-Качо, преживеан кај Вејце. Гореа како свеќи

Битолскиот бранител кој го преживеа нападот, раскажува за масакрот во 2001 година. Го чекам денот кога вистината за масакрот во Вејце ќе се дознае и убијците ќе бидат изведени пред лицето на правдата

БИТОЛА - Жалење, мачнина, болка, гнев, револт, сомнеж... измешани чувства го обземаат Сашо Гилевски-Качо, еден од преживеаните бранители на масакрот кај селото Вејце во 2001 година, во обидот да се присети на настанот во кој беа масакрирани четворица битолски бранители, негови другари и соборци. Марјан Божиновски (27), Кире Костадиновски (24), Бошко Најдовски (25) и Илче Стојановски (24), на 28 април пред 12 години, крвнички беа убиени во заседа од група терористи, додека го контролираа теренот кај Вејце. Тројца од нив живи гореле, а на четвртиот му бил разнесен гркланот. Гилевски се сомнева дека масакрот бил планиран и наместен. Го чека денот кога вистината за Вејце и убијците и предавниците ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Марјан, Кире, Бошко и Илче веќе ги нема, но спомените за нив се' уште живеат. Па дури и оние мрачни спомени за нивната смрт, нивните соборци никако да ги избришат од потсвеста.

Сашо Гилевски, или како што битолчани го препознаваат како Качо, е еден од оние сведоци на мрачниот настан од пролета 2001 година, кој со голи раце ги кревал мртвите тела на своите соборци. Тој и денеска работи во битолската полиција и еден од основачите на здружението „Достоинство“. Сега, по толку изминати години од ужасот, го теши помислата што барем не се забораваат нивните имиња, иако, како што вели, многу работи останале нерасчистени за ова крволочно убиство, а многу правдини се искривени. Со треперлив глас и очи во кои постојано навираат солзи, сеќавањата за Вејце ги започнува неколку дена пред кобниот ден кога битолската посебна единица од полицискиот состав замина на задача во Тетово, во период кога сите воени дејства биле прекинати. Битолчаните го држеле цел тетовски регион, патролирајќи два пати на ден. Плановите за следниот ден ги добивале вечерта околу 21 часот, од првиот човек на касарната во Тетово. Но, како што се присетува Гилевски, ноќта пред масакрот немало наредби. Плановите каде ќе се движат патролите ги добиле невообичаено, утрото, само десет часа пред кобниот настан. Патролите биле контролирани од припадници на АРМ, полицијата и од посебната единица „Волци“.

„Само два дена по пристигнувањето во Тетово, добивме дојава дека ќе биде нападнат нашиот пункт кај спортската сала, но иако ги засиливме нашите позиции, ништо не се случи. Следниот ден имавме нова дојава од извесен рибар дека над реката Пена кај Бродец имало движење на дваесетина терористи. Оваа пријава СВР Тетово ја достави до нашиот командант. Тој ден, на 28-ми, задачите првпат ги добивме утрото, па така ги направивме и патролите. Како командир на вод во првата патрола, заминав за Шипковица - Бродец, додека во втората патрола Селце - Вејце, меѓу другите беа и четворицата битолчани“, раскажува Гилевски, сеќавајќи се дека масакрираните битолчани биле во второто возило од колоната, а единствено оние од четвртото возило успеале едвај да им побегнат на терористите. Така, ги вметнува и зборовите на Марјан, кој во патролата требало да замине со последното возило, меѓутоа самиот побарал да биде со другарите Кире, Бошко и Илче: „Командире, може да се сменам и да одам со возилото каде што се момците од мојата генерација?“, Марјан го прашал Гилевски.

Гилевски почнува да раскажува во детали за времето пред масакрот, прецизно наведувајќи го и часот и разговорот што го правеле Марјан, Кире, Бошко и Илче пред да паднат во стапицата на смртта.

Многу јасно се сеќава на часот пред своите соборци да ги испрати на последната задача.

„Точно во 17 часот патролата ја напушти касарната, јас ги проверив дали се облечени и подготвени како што треба. Полицијата имаше и лично и автоматско оружје. По 45 минути, еден од колегите доби дојава дека потролата е нападната и дека има ранети полицајци. Лично Илче Стојановски ни јави дека терористите ги нападнале. Значи бил повреден, но жив. Во истиот момент дадов тревога. За пет минути бевме подготвени и тргнавме на местото на нападот“, зборува Гилевски, додека емоциите се' повеќе го надвладуваат.

Неизвесноста за тоа што се случило кај Вејце и дали нивните соборци се живи, траела точно една час, кога спасувачите, нешто повеќе од триесетина бранители, стасале на местото каде што патролата била нападната.

Траги од крв, чад и пепел, трупови, тела што горат била првата слика на која наишле бранителите.

„Кога стигнавме до првата ‘лада‘ од патролата, видовме дека на неа е

дејствувано со бомба, имаше шрапнели. Се движам чекор по чекор во неизвесност дали бранителите се живи, да не се ранети, не знам дали напаѓачите се' уште се таму. И веднаш една од дилемите е пред мене, Илче лежи под возилото, се гледа само до колена. Во ногата имаше голема рана. Се наведнав и почнав да го влечам, кога го свртив на лицето, што да видам, гркланот му беше разнесен, откорнат... Се шокирав. Не знаев каде да ги ставам моите прсти за да видам дали има пулс. Не можев да се воздржам. Свеста ми се заврти, почнав да повраќам“, се присетува на морбидните сцени Гилевски и продолжува со зборувањето несакајќи да испушти ниту еден детаљ врежан во неговата меморија. Само неколку минути подоцна вниманието му го привлекол еден од колегите кој почнал да вика и да се држи за глава.

„Истрчав, ама што да видам: Марјан, Кире и Бошко горат. Малку потаму лежеа мртви и припадниците на ’волците’, тие не беа запалени. Очигледно беше изживувањето врз нив. Беа удирани со кундаци по лицето, на еден мозокот му беше истурен, очите им беа вадени со нож. Беа потурени со газија, мирисот се чувствуваше во воздухот. Бошко и Кире лежеа еден до друг во пламен, а Марјан беше малку понастрана од нив. Гореа како свеќи“, зборува Гилевски и веднаш кај него се буди револтот, па нишајќи ја главата, продолжува „Она што го видов не го прават ниту ѕверовите. Она нормален човек не може ниту да го помисли. Ако е војна и ако убивањето е нормална работа, она што им се случи на нашите беше ненормално“.

Ужасот со кој се соочил водот на командирот Гилевски продолжил кога скршени од болка едвај собрале сили да ги подигнат јагленисаните и разнесени тела на битолчаните, да ги стават во возилата и да ги однесат до тетовската касарна. Благодарејќи на тоа што многу добро се познавале меѓу себе, успеале да препознаат чии се запалените тела.

„Знаев дека Кире имаше прстен со црн камен. Марјан го препознав по висината, а Бошко по тоа што беше покрупен. Толку беа јагленисани, што кога ги подигавме на едниот му се откачи ногата. Каде и да ја ставев, раката ми пропаѓаше во месото. Кревајќи ги, сите прсти од рацете ми беа изгорени, ама самиот си ветив дека ќе ги однесам Битола за достојно да бидат погребани. Нема да ги оставам на ѕверовите и дивите животни во планина да ги растргаат“.

По шокантните слики од грозоморниот чин, паднал моралот, но и пораснал гневот кај водот на Гилевски. Единствено на што размислувале било како да се одмаздат за нечовечноста направена врз четворицата другари од Битола. Најголем дел од водот биле ученици на полициското училиште во Скопје, во исти клупи седеле, едноставно растеле заедно. Од намерата за одмазда едвај биле возвратени. Сепак, исто како и тогаш пред 12 години, и сега Гилевски се сомнева дека патролата била предадена на непријателот.

„Другарите на Марјан, на Бошко, на Кире и на Илче сакаа одмазда за ѕверските убиства. Со сила ги одвративме од намерата. Ама не знам зошто и мене ме јадеше сомнежот дека масакрот беше наместен. Многу работи кога подоцна ги анализирав, беа сомнителни. Прво што реагирав беше зошто патролата оди на терен со ‘лада нива‘. Тоа не беше безбедно. Натаму, зошто времето и релацијата за движењето на патролите беше соопштено утрото, а не вечерта? Како тоа рибар ни дава информации каде се движеле терористите? Кој во војна во место каде што има воени дејства оди на риби?“, се прашува и сега Гилевски, поткрепувајќи ги сомнежите и со неговите непотврдени информации од колеги дека заседата била првично наместена за првата патролата, претпладнето, кај Шипковица, во која бил и Гилевски, но бранителите наводно не стасале до местото каде што се криеле терористите. Движејќи се по реката Пена терористите наместиле нова заседа кај Вејце, и успееја во тоа.

За Гилевски, ангажманот по конфликтот не завршува, туку тој е активно ангажиран уште четири години подоцна, се' додека не се стабилизираат состојбите во Тетовско и Кумановско. За да биде иронија поголема, вели дека во Охрид за десетгодишнината од Охридскиот рамковен договор го обезбедувал Ахмети.

Сега, по 12 години од конфликтот, за Гилевски е неприфатливо што Талат Џафери е министер за одбрана. Сепак, вели дека не се откажува од намерата македонските бранители да ги добијат заслужените права од државата. Преживеаните од конфликтот да имаат бесплатна здравствена заштита, зашто здравјето им е нарушено по сето она што поминале во конфликтот, а жртвите постхумно да бидат одликувани.

„Ние од оваа држава го бараме само она што сме го заслужиле. Бараме по едно парче ‘железо‘, орден за храброст да им дадат на убиените“, вели Гилевски.

Иако до 2001 година Гилевски бил еден од најнаградуваните полицајци, бил избран за најдобар сообраќаен полицаец, а во два наврати добил и награди пиштол во 1997 година и во 2001 година од тогашните министри за внатрешни работи, сега, како што самиот вели, е еден од најчесто деградираните полицајци во СВР Битола. Иако и досега се соочувал со дисциплински мерки, и сега повторно е исправен пред истиот проблем, бидејќи јавно го кажал својот став за новиот министер за одбрана.

„Јас сум среќен и горд што во конфликтот во 2001 спасив од смрт многу цивили, етнички Албанци. Јас имам пријатели Албанци, никогаш не сум бил против етничките Албанците во Македонија, јас сум против оние усвитени глави кои не ги избираат средства за да дојдат до целата. Затоа порачувам она што се случи во 2001 да не се повтори“, го завршува своето сведоштво Гилевски.
 
I

IBIZA SOUND

Гостин

kolku sto znam jas toj so drugi negovi kolegi pristignal na mestoto posle pola cas
znaci toj voopsto ne bil tamu koga se slucil napadot
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226

па така и кажува дека не бил тамо
и ги нашол неговите другари масакрирани и запалени
а ако мислш на насловот што пишува ПРЕЖИВЕАН КАЈ ВЕЈЦЕ тоа е затоа што терористите сеуште биле тамо кога пристигнале на помош
--- надополнето: 3 мај 2013 во 01:50 ---
... киднапирање, тепање и репетирање на пиштол вперен во глава итн итн...

И да, физички можеш да се спремиш, ама психички ако не те бива... нема тука менување.

И за КОГО сето тоа ? За да ме има како на сликата погоре, и никој да не ме ебава ни 2% ?

Специјалец- ДА, ама не тука.
многу јасно
Бог нека им е на помош на тие што се тука
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
па така и кажува дека не бил тамо
и ги нашол неговите другари масакрирани и запалени
а ако мислш на насловот што пишува ПРЕЖИВЕАН КАЈ ВЕЈЦЕ тоа е затоа што терористите сеуште биле тамо кога пристигнале на помош
--- надополнето: 3 мај 2013 во 01:50 ---

quote]
da da na toa i mislev
 
Член од
26 септември 2011
Мислења
539
Поени од реакции
2.369
65622_376865089098279_377897590_n.jpg

Драги мој пријатели, споделете ја оваа слика оти никогаш не смееме да ги заборавиме нашите хероји.

На денешен ден пред 12 години загинаа Димитар Двојаковски (29 год.) и Влатко Петров (24 год.), припадници на АРМ кои беа убиени на 3 Мај 2001 година во раните утрински часови од страна на албанските терористи во с. Ваксинце Кумановско.

До денес остана нејасно зошто беа повлечени војниците од пунктот еден час порано и упатени да влезат во селото каде десетина дена претходно беа стационирани терористите и ниту една воена а ниту полициска единица немаше влезено во селото Ваксинце...

Вечните почивалишта се на гробиштата во градот Штип од каде и потекнуваа. ВЕЧНА ИМ СЛАВА!

Во заседата на денешен ден кога беа убиени војниците ДИМИТАР ДВОЈАКОВСКИ и ВЛАТКО ПЕТРОВ (припадници на единицата Шкорпиони) во с. Ваксинце, учествувале над 30 терористи. Се пукало од сите страни, и во таа ситуација е заробен војникот ГОРАН МИТРЕВСКИ кој подоцна е ослободен.
 
M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.302
можно ли е да се знаат точните имиња на злосторниците а да не се судат каква фуромија Capture.PNG
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Член од
26 септември 2011
Мислења
539
Поени од реакции
2.369
Najtragicno e sto ovie podatoci gi imaa vo 2001 naseto razuznavanje,a ne se sankcionirani ovie zlostornici.
 
Член од
1 октомври 2012
Мислења
40
Поени од реакции
46
Тоа е тоа момци, некои луѓе загинаа без потреба а војната не беше вистинска војна туку перење пари, некои луѓе станаа богаташи од таа војна НО тоа не беше крајот верувајте, како екс воено лице сигурен сум дека ќе има и второ полувреме а кога ќе видиме, сето ова неиде вака како што е сега, на албанците не им викаат ништо а на нас македонците ни ебаа мамицата, да се плашат родителите кога ќе го пратат детето во школо за да не го претепа некој итд.
 
M.O.P.

Niggaz were born to kill
Член од
27 јануари 2012
Мислења
1.435
Поени од реакции
1.302
Тоа е тоа момци, некои луѓе загинаа без потреба а војната не беше вистинска војна туку перење пари, некои луѓе станаа богаташи од таа војна НО тоа не беше крајот верувајте, како екс воено лице сигурен сум дека ќе има и второ полувреме а кога ќе видиме, сето ова неиде вака како што е сега, на албанците не им викаат ништо а на нас македонците ни ебаа мамицата, да се плашат родителите кога ќе го пратат детето во школо за да не го претепа некој итд.
спремен сум за игра у второто полувреме .Salute
--- надополнето: 4 мај 2013 во 12:14 ---
1.PNG 2.PNG
 
Член од
18 април 2013
Мислења
35
Поени од реакции
12
момци за време на војната во 2001 повекето припадници на учк биле обучувани од нато има информации и дека американците им прајкале сателитски снимки на албанците за да знат кај да напраднат со тоа минофрачите ама знаиш албанец го обожава оружјето ама не го разбира знам дека и на караулата на ќафасан е фрлена рачна бомба без изваден осигурач :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom