sakam da gi prasam muslimanite dali tie go priznavaaat stariot zavet?? celosen?? ako ne zosto ne a ako da togas sto e so site prorostva za Isus i za celiot negov zivot, kako i za smrtta i voskresenieto negovo koi vo Noviot zavet ni se prikazani deka se ispolnile. zasto togas Kuranot go negira toa. najdobronamerno, me interesira Islamot i prasanjeto okolu Isus. neznam mnogu taka da koj znae poveke neka kaze. fala
Фала за прашањето друже.
Да почнеме со ред.
Прво и основно,исламот ги признава и почитува сите Божји пратеници од Адам(Адем) до Мухаммед,та нели од Еден Бог се праќани и Адам и Ибрахим(Авраам),Нух(Ное),Муса(Мојсије),Иса(Исус) и последниот Божји пратеник Мухаммед.
И сите се праќани со една порака,да се обожава само Еден Бог.
Некои од овие пратеници и веровесници биле праќани со Божји објави.
па така на Давуд(Давид) му е објавена книгата Зебур,на Муса(Мојсие) му е објавен Тевратот (Тората) на Иса(исус) му е објавен Инџилот(евангелието) и на Мухаммед му е објавен Куранот како последна Божја објава.
Сите овие пратеници освен Мухаммед се праќани во свое време и за своите народи,а Мухаммед е пратен за сите.
Аллах во куранот вели:
" И Ние те испративме само како милост за световите." ( Ел-Ембија 107 )
Како Бог ги праќал пратениците така и една Божја објава докинувала друга се до конечната,за да разбереш полесно,се правел апдејт
и муслиманите веруваат дека Куранот е последна објава,односно последна верзија на досегашните верзии.
Исламот и Христијанството имаат многу заеднички работи,во Куранот има сура што се вика Мерјем(Марија) и е објаснето се околу раѓањето на Иса(исус)
Накратко: Во таа сура е објаснето раѓањето на Иса со Божја воља,од девица мајка,без татко.
И исламот понатаму ги потврдува сите тие муџизи(чуда) на Иса,дека прозборил во колевка,лекувал луѓе со Божја воља и се останато.
Но каде е проблемот?
Проблемот е дека се разединуваме до моментот кога христијаните велат: дека Исус е бог или дека Иса(исус) е божји син,или дека бил распнат на крст па воскреснал и со тоа била победена смртта.
Значи исламот му дава на Иса големо место и тврди дека тој бил Божји пратеник,но никако дека е Божји син или Бог или свето тројство и слично.
Бог во исламот е Створителот,и независен од своите створенија,нема син ни другар,ни татко ни мајка ни сопружник.
"Речи: Тој е Аллах,Еден е
Аллах е прибежиште секому
Не родил,ниту е роден
И никој не му е рамен."(сура Ихлас)
Оваа сура е дефиниција за Бог во Исламот.
Причината што муслиманите денес не веруваат во Стариот и Новиот завет е тоа што сите тука вмешале прсти,од теолози до научници и секоја година се врши ревизија,дополнување,скратување и слично.
Па денес имаш многу различни верзии на библии,една точна друга погрешна и слично.
Додека кај Куранот е едноставна работата,непроменет е до ден денес и Аллах ветува дека ќе бдее над него до Судниот ден.
И тоа е навистина така,една буква не е сменета откако е завршена објавата.
Значи исламот нема проблем со христијанството се до оној момент кога христијаните ќе почнат да тврдат дека Исус е божји син или Бог,мене тоа ден денес никој не ми го објаснил како 1+1+1 = 1
Или пак ако Исус е Бог и распнат е и умрел на крстот во Петок а воскреснал во Недела,каде бил во Саботата?
Што се случувало на земјата еден ден без Бог?
Или пак ако Бог знае се,а тврдите дека Исус е Бог,зошто кога Исус бил прашан кога ќе биде Судниот ден,Исус одговорил: Тоа не го знам ниту јас ниту ангелите,тоа го знае само Еден Бог.
Но на страна тоа,муабетот ми е дека сме слични до оваа точка кога ние муслиманите велиме дека Иса(исус) е Божји пратеник,и го сакаме и го почитуваме како таков,а вие велите дека е Бог и Божји син,што ние никогаш нема да се сложиме.
Следна спорна работа се иконите,колку јас што имам достигнато со моето знаење на христијанството,во изворното христијанство не постојат икони и светци ниту им се молите на нив. или ако има,на кои тоа светци и икони им се молел исус?
Во исламот нема посредници кога Бог се моли за нешто.
Значи,Мухаммед е последниот Божји пратеник и Куранот е последната Божја објава се до Судниот ден,последна и совршена религија достапна за секој човек и прилагодлива за секое време.
Исламот значи мир,дисциплина,покорност на Бога,следење на Божјиот пратеник Мухаммед спротивно на тоа е неред и покорување на своите страсти,правење на гревови,следење на луѓе кои не го заслужуваат тоа,живеење само за материјалното запоставувајќи го духовното.
Муслиманите живеат за Оној свет,за вечната куќа,Овој свет не треба да биде цел туку средство до целта(т.е. Другиот свет, и задоволството на Еден Бог).
Многу докази има,навистина многу,кој сака ќе отвори очи.. кој не ќе остане и натаму следбеник на своите страсти и непокорност кон Бога,за кои ќе еден ден ќе види какво зло му направиле.
Бидејќи сите ќе умреме и никој не ја победил смртта ниту ќе ја победи,никој од своето богатство не понел во гроб нити ќе понесе,тамо сме сите исти материјално,само ќе се разликуваме во покорноста кон Бога.
Се надевам дека си задоволен од одговорот.
Поздрав.