еве што најдов
СТРАДАЊАТА ВО ГРОБОТ
Од Ибн Омер, Аллах нека биде задоволен со него, се пренесува дека Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с. рекол: "Страдањата во гробот се вистина. Ако некој би можел да ги избегне тоа би бил С'ад ибн Муаз." Овој хадиз го пренесува Ахмед во Муснед, со веродостоен сенед.
За ова постојат многу хадиси и тоа познати. Зборуваат дека нема никој да ги избегне страдањата во гробот, па дури ниту децата.
Од Енес, Аллах нека биде задоволен со него, се пренесува дека Пејгамберот, а.с. рекол:
"Ако некој ги надминеше и избегнеше страдањата во гробот тоа би било ова момче", т.е. С'ад ибн Муаз.
--- надополнето: 3 мај 2013 во 19:54 ---
ИСКУШЕНИЈАТА ВО ГРОБОТ
Муслиманот е должен да верува во вистинитоста и постоењето на искушенијата во гробот, без дилема и расправија за начинот. Да се верува онака како за тоа не известил Аллаховиот Пратеник с.а.в.с..
Меѓутоа, за оние кои се сомневаат, ќе наведеме пример на човек кој спие и сонува. Тој тогаш може да чуствува бол и тегоба, а исто така може да чуствува среќа и задоволство.
Тој сето тоа го доживува во состојба во која спие, неговото тело е испружено, очите затворени, а како тогаш да не поверуваме во она што не известил Аллаховиот Пратеник, с.а.в.с. за искушенијата во гробот.
Мајката на верниците, Аиша, р.а. Вели:
"Кај мене дојдоа две старици, еврејки, од Медина, и ми рекоа: - Навистина жителите на гробот ќе бидат подложени на казни. А јас не се сложив со тоа", вели Аиша, "па тие заминаа. Потоа дојде Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. и јас го прашав: - Аллахов Пратенику, две старици, еврејки, од Медина беа кај мене. Тие тврдат дека луѓето во гроб ќе имаат потешкотии., така што и стоката ќе слушне. - Јас, вели Аиша, - го видов Пејгамберот како после намаз бара заштита од искушенијата во гробот." (Муслим)
А Есма, ќерката на Ебу Бекр, р.а., вели: - Станал Пејгамберот а.с. еднаш да одржи говор, па ги спомнал искушенијата во гробот со кои луѓето ќе бидат искушувани, па зборувал за тоа, а муслиманите тоа внимателно го следеле. (Бухари)
--- надополнето: 3 мај 2013 во 19:54 ---
ПРИЧИНИ ЗА ИСКУШЕНИЈАТА ВО ГРОБОТ
Постапките кои предизвикуваат казни во гробот ги наброил оној кој вистината ја кажува во веродостојните хадиси – Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. - Мухамед (саллаллаху алејхи ве селлам).
Тие постапки се следните:
1. нечистење од мокрача:
2. сплеткарење (пренесување на зборови со цел за расипување на односите меѓу луѓето – немиме);
3. претерување;
4. лага;
5. отфрлање на к*ран (непридржување за к*ранските принципи);
6. проституција, блуд (зина);
7. јадење на камата.
А што се однесува до кои зборуваат за казнување на сторителите на овие дела, ќе ги наведам следниве:
Се пренесува од Ибн Аббас р.а. дека: "Аллаховиот Пратеник с.а.в.с. поминал покрај два гроба и рекол: - Тие сега се на големи маки, но не заради крупни работи. Потоа рече: - Секако, што се однесува до едниот од нив, пренесувал туѓи зборови, а другиот не внимавал при вршење на мала нужда (мокрење). Потоа земал сурова гранка, ја скршил на два дела и ја посадил на двата гроба и рекол: - Нека им се олеснат маките барем се додека овие гранки се сурови." (Бухари и Муслим)
--- надополнето: 3 мај 2013 во 19:58 ---
КАКО СЕ ЗЕМА ДУШАТА ?
Оние кои, навистина, зборуваат: - "Аллах е Господарот наш", а потоа се истрајни во тоа, им доаѓаат мелеките и им велат: - "Не плашете се и не тагувајте и радувајте се на Џеннетот што ви е ветен ! Ние сме заштитници ваши и во животот на овој свет и во животот на Ахирет. Во него за вас ќе има се што ќе посакаат душите ваши, и за вас таму го има она што ќе го побарате." Какво угостување од Простувачот и Сомилосниот" (Фуссилет, 30-32)
А на неверниците и расипниците, мелеките ќе им се обратат со грубост:
"Ех, само да видиш кога мелеките на оние кои не веруваа како ќе им ги земаат душите, удирајќи ги по лицата нивни и по плеќите нивни:- Искусете ја казната огнена ! Ете, тоа е заради она што го направија рацете ваши. А Аллах, навистина, не е зулумќар кон робовите !"(Ел-Енфал, 50-51)