Законот на Телема

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.254
Поени од реакции
12.265
Не ни пречи во работата, само не е спремна „почвата“ за тоа во Македонија... ќе биде и тоа наскоро. Ветувам...
Ќе направиме да биде сензационално сето тоа... :) Регистрирање на О.Т.О. и во Македонија, библиската земја :D
Да има што да се пишува ;)

За начинот на плаќање членарина, кога ќе сакаш да аплицираш за пристап во Редот ќе ти објасни некој како и што, до тогаш, нема што да се заморуваш... Секако парите поминуваат регуларно и не е оштетена државата - иако не сме регистрирани како организација . :P
Многу се заморуваш со парите ти :) Не вредат толку ;)

А ако сакаш интелектуална надоградба за своето знаење за Редот, не плаќај никому - ете ти го нетот и читај :D
Или барај пристап во A.'.A.'. таму ништо не се плаќа буквално ТАЕН РЕД, не постои никаде!

P.S. Ете и да надополнам во врска со тоа колку е О.Т.О. признаено од „другите“ О.Т.О.-а, слободно посетете ги „странските“ О.Т.О. тела и видете како си постои линкче до нас во Македонија. А и на сајтот на Secret Fire убаво вели:
Secret Fire Oasisis an official body of the O.T.O. serving the Skopje area in Macedonia. It is committed to promotion and promulgation of the law of Thelema in Skopje, Macedonia and beyond.
The Body previously operated as Camp Odin, with relatively limited engagement in group activities, until an unexpected shift of events and responsibilities occurred in 2012 e.v., after which many subsequent changes followed.

Се пишува, ама на англиски :D
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
П.С. Windfucker мислам дека нема политичари... нашите се демо-христијани не се како српските, по оргии и гробишта :P
Еј како zidarski да го читам, ептен политички коректно ми одговараш. Имиња ме интересираат мене...Имиња.

Пример - Хелена Роза, Агим Ибраими, Бранко Црвенковски, Сури од Студени Нозе, Панки итн, итн.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.254
Поени од реакции
12.265
Еј како zidarski да го читам, ептен политички коректно ми одговараш. Имиња ме интересираат мене...Имиња.

Пример - Хелена Роза, Агим Ибраими, Бранко Црвенковски, Сури од Студени Нозе, Панки итн, итн.
А нели рековме дека телемит нема право за друг телемит да кажува дали е инициран или не во Редот?
Ако некој сам си зборува дека е - тоа е негово право... :)
Не прашувај работи за кои нема да добиеш одговор, не зезај сега и ти ;)
Барал имиња... пф :)

Имајте убави денови ако одите на пикник да го прославите Првиот ни Мај :D
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Не ни пречи во работата, само не е спремна „почвата“ за тоа во Македонија... ќе биде и тоа наскоро. Ветувам...
Ќе направиме да биде сензационално сето тоа... :) Регистрирање на О.Т.О. и во Македонија, библиската земја :D
Да има што да се пишува ;)

За начинот на плаќање членарина, кога ќе сакаш да аплицираш за пристап во Редот ќе ти објасни некој како и што, до тогаш, нема што да се заморуваш... Секако парите поминуваат регуларно и не е оштетена државата - иако не сме регистрирани како организација . :P
Многу се заморуваш со парите ти :) Не вредат толку ;)

А ако сакаш интелектуална надоградба за своето знаење за Редот, не плаќај никому - ете ти го нетот и читај :D
Или барај пристап во A.'.A.'. таму ништо не се плаќа буквално ТАЕН РЕД, не постои никаде!

P.S. Ете и да надополнам во врска со тоа колку е О.Т.О. признаено од „другите“ О.Т.О.-а, слободно посетете ги „странските“ О.Т.О. тела и видете како си постои линкче до нас во Македонија. А и на сајтот на Secret Fire убаво вели:
Secret Fire Oasisis an official body of the O.T.O. serving the Skopje area in Macedonia. It is committed to promotion and promulgation of the law of Thelema in Skopje, Macedonia and beyond.
The Body previously operated as Camp Odin, with relatively limited engagement in group activities, until an unexpected shift of events and responsibilities occurred in 2012 e.v., after which many subsequent changes followed.

Се пишува, ама на англиски :D
Ок Хепта. Ова е одговор што мене лично ме задоволува, иако требаше повеќе време да дојдам до него.:)

Не болеше да се одговара на прашањата нели.

Дури и на постовите со написите кои зборуваат само лошо за ОТО вреди да се дискутира, да се негира, да се демаскира, или да се потврди итн.

ТОа е моето мислење за темиве, дека тоа што се прашува треба да се одговри директно без многу философии. Барем мене ми се допадна тоа.

Имав уште неколку технички прашања за организацијата, ќе ги склопам у наредниов период, а во меѓувреме д ане заборавам да прашам, дали во О.Т.О постои било каков ритуал кој изискува да биде одржан на место како гробишта, стара напуштена куќа или планинско место на кое ретко стапнува човечка нога? Ако било кое од овие 3 места е дел од некој ритуал, би прашал зошто е тоа така, и дали може да се објасни со една- две реченици?
Ако не, како дошло до тој мит и со која цел би се дискредитирало друштвото. З а овој дел секако твој субјективен став очекувам, доколку одоговорот е НЕ.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.254
Поени од реакции
12.265
Зборуваш за иницијаторски ритуали или општо за ритуали?
Ниту еден иницјаторски ритуал не се изведува на гробишта (што имаме ние со мртвите?) ниту пак во напуштена куќа (зарем не е уредувањето на местото за работа по пример на универзумот?). За третото - планинско место надвор или направен храм кој што служи за ритуална работа? ;)
Митот за тоа како се пие крв, се има оргии до бесвест, дроги, гробишта, черепи во кои се собира крв и слично е собрано и пренесувано од фантастичната литература... Фантазијата на човекот знаеме како се инспирира од непознатото,чудното - посебно ако се додаде моментот на езотеричноста и стравот!

Од друга страна иако јас не би разбрал зошто - некој може да смислил ритуал на гробишта... но со која цел и зошто - не би можел да ти кажам... Бидејќи мене ми е непознато да некој телемит заминал на гробишта и таму правел не знам што...
Нема потреба од такво нешто - се знае дека ритуална работа се прави на посебно место - храм уреден за работа... Има во Магика, Книга 4 ... може да погледнеш таму во врска со Храмот (има посебно поглавје). Може ќе ти стане јасно зошто гробиштата и не се нешто wow место за магика... Магиката е уметност... гробиштата... не одат во таа слика некако... :D

П.С. И да додам онака мое размислување што ми дојде во моментот: за изведување на Абрамелиновата формула на пример ти треба не само куќа која ќе биде уредена по одредени правила (храм), далеку од луѓе (на врвот на планината како што велиш ти ;) ) , па не знам ти какви бесценети камења и слично... Сето тоа „упатство“ укажува колку треба животот да ти е среден во многу аспекти за да можеш воопшто да размислуваш за преземање на таа операција... Финансиски, психички, духовно урамнотежен... тоа се се етапи (стази) во животот кои мора да се средени и доведени во баланс ...
Онака многупати сето тоа завршува лошо... од брзање, незнаење, его-трипови, играње...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.254
Поени од реакции
12.265
Воља ми е да се зафркавам со болни умови кои мислат дека знаат нешто од магијата а всушност само си садат тикви со ѓаолот...
Волја - не волља...
И да се зафркаваш со луѓе кои се заморуваат со магија - истото и јас го правам :LOL:
Нема ѓавол во телемата.
Барам од модераторите да ми те следат и ако треба да те банираат бидејќи се гледа дека врска немаш од темава и ќе бладаш по истата...
Сонце...
Христијанските концепти на грев и ѓаволи и казнување да ми си ги проповедаш на друго место, разбра? Тука, ќе наидеш на некој будала што од Исус ќе направи чорапи... не си играј со работи кои не ги разбираш... ок? ;)
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Воља ми е да се зафркавам со болни умови кои мислат дека знаат нешто од магијата а всушност само си садат тикви со ѓаолот...
А кој е тој ѓаолот? Некое другарче твое? Ако е твое што им го припишуваш на други. Широко ти поле па сади што сакаш со другар ти.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.268
Поени од реакции
84.374
Еве на кратко одговор на сите прашања:

- Не можат да се негираат достигнувањата на Кроули на планот на магијската иновација.
- Користел дрога.
- Во Телемата има ритуали со секс.
- Во Телемата може да има некој кој користи дрога. Тоа нема врска со Телемата, никаква. Може да има и во фудбалот на пример, некој кој користи дрога, или во филмот или било каде.
- Има сатанистички елементи во Телемата (секако, овде треба да се разлучи кој што подразбира под сатанизам).
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.254
Поени од реакции
12.265
- Има сатанистички елементи во Телемата (секако, овде треба да се разлучи кој што подразбира под сатанизам).
Сите пракси кои немаат ништо со христијанските или муслимански учења според истите имаат сатанистички или шејтански елементи според „ревносниот“ христијанин :) И не може да им се докаже на таквите личности дека нема врска едното со другото... освен да пробаат и да видат „со кој ќе си направат муабет“.

На Прeмин порталот на пример, едно свештено лице си изнапишал есеј во кој вели без срам и перде дека јогата и праксите кои се изведуваат дека е сатанизам... со што покажува со прст кон источните религии дека се што - сатанизам? Сатанистички организации, да им се фрли анатема?
Лудо и глупо според мене...

Затоа и не се заморуваме со ставот на луѓето што е сатанизам што не... во телемата не постои сатана како концепт кој што го има кај христијаните... Не знам телемит кој што се моли на сатаната или му пали црни свеќи и има оргии во црква (како извртување на христијанските ритуали)!

Затоа намалете со тоа сатанизам... :D мене лично не ми смета, само се трудам да разберете дека сатанизмот е сосема нешто друго од телемата и О.Т.О. :)

П.С. Beric Dondarrion , добро одговорено на сите прашања до сега во секој случај :D
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.268
Поени од реакции
84.374
Не само за Кроули, ами и за многу други личности и настани кога се оценуваат од модерна перспектива, која е речиси комплетно резултат на духот на ова време, не се зема во предвид духот на тоа време во кое живееле личностите, во кое се случиле настаните.

Во врска со Кроули и неговото "скандалозно однесување":

Станува збор за поствикторијанска Англија (Британија). Викторијанскиот менталитет сеуште живее и денес, кај некои претставници на одредени слоеви во таа земја. Епа тогаш замислете, колку била викторијански конзервативна, или некој би рекол затуцана, јавноста, таму, на почеток на дваесетиот век. Се кладам дека новинарот кој тогаш напишал за Kроули дека е wickedest man alive, би го пишал истото кога би го видел однесувањето на пола од жителите на планетава денес.

Дрогирањето на Кроули иако, според мене, нема некоја битна врска со неговата работа, сепак треба да се истакне дека течело непречено. Што сакам да кажам?
Тогаш, брале, си можел додека трепнеш, без никаков проблем да станеш зависник од дрога. Нема кој да те спречи. Најлегално ќе си ја купиш како лек за било што (ова хероин, кокаин..). Дури и да ја набавиш баш како дрога (ова за опиум) не би имал никаков проблем.
И односот на луѓето кон дрогата, низ децениите, вековите, исто така е во корелација со духот на времето.

Јас не сум апологет на Телемата и лично би избрал друг пат, но најдобро е луѓето сами да ги (у)видат фактите, и да ги отфрлат невистините, па да си донесат одлука.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Beric Dondarrion Хептаграм XI

Кога реферирате за постоење на Сатанизам во Телемата, за каков сатанизам се однесува од причина што Сатанизмот од Лавеј се појавува многу покасно до Телемата?
Може да се каже дека Лавеј користи дел од филозофијата на Телемата, ама обратно да се каже дека во Телемата има сатанистички елементи малку ми е чудно.
--- надополнето: 2 мај 2013 во 16:40 ---

Ова води кон дефинирање на сатанизмот. Долга и мачна работа.

Моите замерки за Телемата се токму во контекст на сатанизмот во неа.
Е сеа, за мене секој кој врви по Лева патека е сатанист у суштина. Некој ќе ти каже дека тоа е побрз, легитимен, пат, за оние кои не сакаат да губат време. Вистинска прилика за модерниот инстант човек. Телемитите ќе ти речат (најверојатно) дека они не се тоа (Лева патека), а ја мислам дека се. И не само ја.

Тука више доаѓаме до моментот каде имаме уште поголема потреба за дефинирање на тоа што е Лева патека. а тој термин има во главно, две значења, кои не се исти, ама може комотно да бидат дел од една целина - традиционалното и новото значење.
традиционалното објаснување (по индијски тертип) е поврзано со практичните начини на (себе)остварувањето, а модерното е поврзано со суштината, значењето, заднината на процесот на себеоствраување.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Еве на кратко одговор на сите прашања:

- Не можат да се негираат достигнувањата на Кроули на планот на магијската иновација.
- Користел дрога.
- Во Телемата има ритуали со секс.
- Во Телемата може да има некој кој користи дрога. Тоа нема врска со Телемата, никаква. Може да има и во фудбалот на пример, некој кој користи дрога, или во филмот или било каде.
- Има сатанистички елементи во Телемата (секако, овде треба да се разлучи кој што подразбира под сатанизам).
П.С. Beric Dondarrion , добро одговорено на сите прашања до сега во секој случај :D

Зарем требаше да Beric Dondarrion ги одговори овие прашања и тоа у 5 реченици, наместо претставниците на О.Т.О.?:)

И да, после тоа целокупната дискусија ќе се сведеше се на дефинирање на сатанизмот:)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.254
Поени од реакции
12.265
Ла Веј си земал што сакал од телемата... многумина се држат до зборовите на Ла Веј и неговото толкување на Законот...
Ла Веј пак гледано од перспектива на сатанизмот или Левиот пат ај да го наречеме, е детска играчка... :)
О.Т.О. беше „мртов“ одреден период после Кроули и под водство на Fra. Saturnus, тогаш се појавуваат еден куп луѓе кои грабаат за себе што стигнат... но тоа време помина.

Телемата е таква философија што за се може да биде искористена... се зависи од човекот... можеби затоа секој различен став има за философијата...
Телемата учи да го најдеш најдоброто кај тебе, твојата причина за животот на Земјата и да го работиш тоа... И ако прифаќа човек дека има право да ја исполнува оваа обврска непречено, треба да сфати дека тоа важи и за секој друг. Ако ти прифатиш дека си ѕвезда мора да одиш по законите на природата и да се движиш по патека која е во совршен сооднос со другите ѕвезди.
Ако некому ова му е сатанизам, можам само да кажам дека треба подобро и поревносно да се запознаат со философијата и праксите...

Помалку грешки така ќе направиш отколку да се касапиш за да легнеш подобро во некаков си калап за кој што знаеш дека не ти одговара...

П.С. И заморувањето каков бил Кроули: никој не бара од било кој да биде Кроули или да прави што правел Кроули. Тој го имал својот пат, ја извршувал својата волја најдобро што можел... вие немате ништо со тоа. Не знам што се заморувате... ние не велиме како христијаните дека Кроули е безгрешен, како што ете тие ни сликаат слики за Исус. Небитно е каков е Кроули, Исус или Мухамед или Лао-Це! Битна е философијата и праксите и како може да станете подобри и за себе а и за човештвото! Законот не вели: Прави што му е волја на Кроули, ами Прави што ти е волја и тоа нека биде целиот закон. Јасно и гласно! ;)
--- надополнето: 2 мај 2013 во 16:54 ---
Зарем требаше да Beric Dondarrion ги одговори овие прашања и тоа у 5 реченици, наместо претставниците на О.Т.О.?:)

И да, после тоа целокупната дискусија ќе се сведеше се на дефинирање на сатанизмот:)
Чудни се патиштата на Редот... подобро е друг да даде одговор понекогаш.... виша политика ;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom