Искуства со личен тренер

  • Креатор на темата Креатор на темата Godinski
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
3 април 2013
Мислења
175
Поени од реакции
75
Во основа нели доколку повеќе години тренира човек смета дека знае се и дека не му е потребна дополнителна помош. Ме интересира со цел да се разграничат работите и да знаат сите во Македонија каде и кому да се обратат (гледам премногу интернетџии стануваат фитнес тренери преку ноќ) да споделиме искуства со лични тренери во земјава.

Еве го моето : Во фебруари 2008 сосема случајно добив можност за едно одлично спортско достигнување, но проблемот беше што имав само 3 недели да се спремам, а претходно бев неактивен 4/5 месеци. Се работи за спорт во кој се бара сериозна кондиција и сила. По совет на поранешен спортист (кошаркар) се појавив истиот ден кај Злате на Кеј кај Александар Палас. Ќе кажам само дека 2 недели пред да отпатувам имав уште цела недела пред настанот таму - Злате ме среди физички како што мислев дека не е возможно. Факт е дека не бев 100% спремен, ама од 44 фаци од цел свет само 11 успеавме меѓу нив и јас така што ова му го должам на Злате. Се разбира имаше и ментален дел односно бев решен дека ќе успеам и ментално мислам дека бев најсилен. Чисто информативно од 44'цата физички бев сигурно меѓу последните.
 
Мислам дека е убава работа да имаш личен фитнес тренер ако ти дозволува џебот, слично како и Порше 911, јахта во средоземно море и стан во Охрид.
 
добро е личен тренер ама ако нема пари може да се купи некоја книга за 5-10 долари од интернет со има и за вежби и програми и диети
 
добро е личен тренер ама ако нема пари може да се купи некоја книга за 5-10 долари од интернет со има и за вежби и програми и диети
Книги како книги да , добар старт би било , но кога некој човек кој го плаќаш работи со тебе бар 2 часа дневно ... резултатот е далеку подобар и е позабавно.

Личен тренер је права ствар!
Многу голема работа може да заврши , и за аматери и за професионалци мада кај нас е тешко изводливо , бидејќи потребно е многу време и труд како од страна на тренерот така и од "кандидатот" ,а сето тоа се плаќа , како што кажав ретко кој може да си дозволи да има личен тренер.
 
Ако се занимаваш со било што професионално сигурно дека ќе платиш за најдоброто...Штеди работи прекувремено прај што ќе прајш ама напрај го како треба
После годините и успесите ти ќе си личен тренер некому, не сум спортистка само да се замешам да не останите без мене :)
 
Убо е ама тренер стварно да се разбира од то шо го збора , оти денес сите се тренери и профеционалци да не зборам за нутриционисти. Со чоек стварно шо си ја знај работата секако дека ќе имаш поголем напредок отколку сам да експериментираш кои вежби исхрана се соодветни за твоето тело килажа и слично ,иначе можиш да имаш поќе зијан од ќар .Арно ама кај нас ретко кој можи да си дозволи приватен тренер . Гледам сега и по теретаните прават некои програми за вежбање ама не ми се луѓево многу за вежбање со чест на исклучоци .
 
За децава би избрала само успешен спортист или поранешен спортист да им помага кога ќе си изберат нешто за себе
 
Злате е човекот за тоа.
Еден од најдобрите фитнер тренери кај нас, ако не и најдобар.
Штета само што преку лето можеш да го начекаш кај нас.
 
За децава би избрала само успешен спортист или поранешен спортист да им помага кога ќе си изберат нешто за себе
Ако си бил успешен како натпреварувач во одреден спорт, немора да значи дека ќе си и исто така одличен педагог и дека знаеш како пренесеш знаењето на другите.
 
Ако си бил успешен како натпреварувач во одреден спорт, немора да значи дека ќе си и исто така одличен педагог и дека знаеш како пренесеш знаењето на другите.

Се согласувам целосно. Пример Мурињо нема топка шутнато како фудбалер, а е најдобриот и најскапиот на свет. Туку Ѓоровски дај пренеси искуства од МКД имаме ли традиција на лични тренери те слушаат ли клиенти или мислат ако плаќаат се знаат? Што реално мислиш?
 
Се согласувам целосно. Пример Мурињо нема топка шутнато како фудбалер, а е најдобриот и најскапиот на свет. Туку Ѓоровски дај пренеси искуства од МКД имаме ли традиција на лични тренери те слушаат ли клиенти или мислат ако плаќаат се знаат? Што реално мислиш?
Специјалност ми е подготовки за бодибилдинг натпревари, значи хардкор форма :). Сум работел со голем број на такви спортисти во МК и надовр од неа. Оној кој знае што сака и не сака да изгуби пари, не му се исплати да мудрува, кога веќе има ангажирано про тренер. Сум имал милион разни ситуации, што комични, што жални. Но, секогаш сме ја постигнувале целта. Еден период работев со аматери и рекреативци, каде истотака голем дел од нив и денес шетаат мускули по улица Македонија. Но, натпреварувачкиот ББ повеќе ми лежи. Има повеќе наука и жар, од форма за плажа или свадба.
 
На секој му треба ментор за нешто и најголемата пречка како тренер е цената и пристапноста,но никој не прашува колку труд вложува тренерот за да биде се како што треба.
Имаш милион начини за слабеење али тренерот ти отвара пат и животен стил што ти ќе го уживаш,ти зачувува време,пари,а твоето е само да се потиш.
Тренерот треба да знае кога да ти даде предизвик,кога да те натера повеќе да гурнеш,план за исхрана итн.
Се тоа е време потрошено што google може да ти одговори но ќе најдеш многу конфликти
Како тренер моментално во изградба вежбам бесплатно,давам консултации бесплатно и се што барам е да напишат пофалба на мојот сајт за нивното искуство.
Моментално ги собирам луѓето да ми пишат што ги вежбам.
Поздрав и секако да инвестираш во тренер што знае што прави е секогаш исплатливо за долг рок.
http://www.atletiks.mk/personalen-trening/pofalbi
 
znaes kako vikaat those who cant do,teach
 
Според мене личен трењер не е потребен. Живееме во 21 век кога преку интернетот можеме да ги собереме сите неопходни информации за тоа што сакаме во случајов спортот bodybuilding, но треба да бидеме многу птрепазливи зато а што постојат еден куп маркетинк трикови за брзи резултати и чудотворни додатоци во исхрана (лапни 2 и ослаби 5 килa:D ). Мислам за сите што сакаат да живеат спортски живот да бидат во форма а не bodybuilding главна преокупација во својот живот доволно е само инструкторот кој што работи во теретаната и информациите околу нас. Повеќето од финтес трењерите ке фрлат некој мускул ќе проќитаат едно 30 статии и постануваат трењери, делат умови од сите свери како да се Доктори по општа и спортска медицина, ја познаваат одлично анотомијата на човечкото тело, за исхрана се експерти тије се и нутриционисти а во реалноста се обичну луге,,, кога ќе видиш завршил правен работа како личен трењер ...............
Но да нема само критики, мора и да ги пофалам добри се за подршка, инсипрација, мотив и слично но успехот зависи само од самите нас
 
Back
На врв Bottom