Барам човек, човек.

  • Креатор на темата Креатор на темата Geezer
  • Време на започнување Време на започнување
Само едно ке кажам за полицијата A.C.A.B.
 
Јас оддамна се откажав од барање човек, човек. :)
 
Некогаш сакам да сум се родел на некое друго место, ноншалантен, со мозокот на пасење. Навистина.

...

Трула држава, нефункционална. Гледаш да бидеш оптимистичен, ама мислам дека нема спас. Кога државата е таква, барем луѓето да се поинакви. Ама кога и таа и луѓето се толку оштетени и им се вградени погрешни вредности, ти иде едноставно да ја запреш планетата и да си слезеш од неа.
Прашувам, каде отидоа луѓето, луѓе. Каде отиде човекот, човек, каде отидоа оние вредности правилни за кои во паралелен универзум веројатно некој и пари дава за нив, но не може да ги добие.
Се надевам дека каде и да отишол, ќе се врати. Дотогаш, останете живи и здрави.

Браво за постот. У врска со дискусијата понатака, дискусијата за западот и слично, само би кажала дека веројатно тука е полоша ситуацијата. Тука можеби луѓето се пољубезни меѓу себе на секојдневна база отколку на запад, таков е менталитетот и навиката уште од раѓање. Но тоа не значи финоќа. Кога станува збор за тоа да се помогне некој, што подразбира да се пожртвуваш на било кој начин за друг, тука е проблемот, и тука повеќе од запад, веројатно, според следниве две причини. Зошто луѓето секој ден се во борба за егзистенција, а и не се третирани добро од другите, напротив се малтретирани и од работодавци, и од администрација, и од здравствени работници. У ситуација каде ништо не ти е поклонето, каде сам се бориш, а наспроти логика според која трудот треба да вроди со плод, нема баш фајде. Нормално ќе бидеш исфрустриран на крај, истовремено себичен и плашлив. Оттука и интензивното држење на луѓето кон ''своето''. Затоа нема да ви станат у автобус, и без разлика што проблеми имате, секако и нема да ви отстапат место во редица што чека. Секако, не треба да се исфрла фрустрацијата преку негрижа, цинизам и себичност. Едноставно луѓето треба да сфатат дека штознам, за секој ќе има парче од колачот. Дури и да нема во грубото секојдневие, па луѓето се научиле на компетитивност и мислење на себе, тогаш бар во неволја, треба да се навратат на нешто што значи човечност.
Значи ја не ги осудувам многу, само ми пречи што бројката на "отсутни" е толку голема, што на крај не останува никој присутен на местото на настанот, иако нели сите се тука.
 
Зошто барате човек, човек? За да плукате на таквите?

Човек, човек, не е предмет на плукање. Некој штом искрено бара таков човек, а е и самиот таков, нема да го плука.
 
Некогаш сакам да сум се родел на некое друго место, ноншалантен, со мозокот на пасење. Навистина.

Прашувам, каде отидоа луѓето, луѓе. Каде отиде човекот, човек, каде отидоа оние вредности правилни за кои во паралелен универзум веројатно некој и пари дава за нив, но не може да ги добие.
Се надевам дека каде и да отишол, ќе се врати. Дотогаш, останете живи и здрави.

Ај да пробам да помогнам во потрагата со набрзина склепано „упатство„.:)
За почеток, не ги барај по држави, региони,националности... Што се вика не ги барај „групно„ туку „поединечно„. Затоа што тоа е индивидуална одлика, не чопоративна. Муабетите за општества на „човеци, човеци„ се само мачкање очи и ништо повеќе.Уствари не ги барај никако, тие сами се појавуваат :).

Тоа ако мислеше да бараш човек,човек генерално. Ако идејата беше да бараш „човеци,човеци„ само во милата ни државичка е тогаш... тогаш тука се луѓето, никаде не отишле. Само можеби биле помалку отколку што сме мислеле :(.

Со среќа во потрагата :).
 
Едно да си знаете , на денешно време , повеќето се тука за тебе само кога ќе имаат корист.. а не кога ќе сакат да ти помогнат со вистинско лице.. друго--- зборувате за дечишта од 10 години кои немале култура , ве подсмејувале, не ви кажувале добарден или ве провоцираат? епа дами и господа , за сето тоа се криви родителите..зошто бе ние тогаш на тие години , 10-11-12-13-14-15 , не е битно, знаевме да кажеме добар ден или добра вечер на постар човек? знаевме тогаш да кажеме фала ако некој не услужи и ни пружи нешто во нашите раце и ние се радувавме на тоа и бевме презадоволни..зошто баш ние знаевме да се радуваме на најмалите нешта и од радост да не можеме да заспиваме по цели ноќи од шо не копкаше во стомак од толку шо ни беше убаво..знаеме сите добро зошто е тоа така..така не воспитаа нашите родители..така сме научени..на едноставна култура..јес да сум и ја бил во тие пубертетски години , сум правел глупости, сум грешел безброј пати несвесно, не сум бил и јас китка за миришање. ама никогаш не сум ја имал таа НЕКУЛТУРА како денешните пичови шо ја имаат во себе..едноставно..само корист, алчност и омраза имаат во нивните очи..ништо повеќе..за крај ќе кажам, малолетните членови на кајгана нека не се навредуваат..не станува збор за секој од нив.. општо го напишав ова..за жал тоа е суровата вистина..
 
Како прво Државата ја прават луѓето. Кога имате станари кои не се грижат за влезот во кој живеат, очекувате за нешто повеќе да се грижат? Себичноста за жал е се поприсутна кај возрасните со што,нормално, ќе се пренесе и на децата. Самите видете пријателите Ваши како ги воспитуваат децата. Дали ги караат дека не смее да тепа другарчиња, да крши и уништува играчки, да го поздрави соседот со Добар ден? Не. Е па кога ќе порасне сигурно дека нема да му биде гајле дали е соседот или некој друг во невоља. Исто и тоа дете кога ќе биде вработен во Полиција нема поинаку да се однесува. А немојте да се залажувате дека во некоја понапредна земја би се потепала Полицијата или пак луѓето. Сепак, за се основа е човекот - или го има или го нема.
 
во државава живеат луѓе ама ретко кој е човек.
дегени, секој за себе си гледа. ако некој реши да се самоубие т.е. да се фрли од некаде овие од страна уште го снимаат со мобилните или си врват по улица како ништо да не е, место да викнат некој апсика да помогне или тие да се обидат да му помогнат, зборувајќи му убаво. утре може тие или некој нивни близок ќе се најдат во таква ситуација. сите имаме проблеми и сите можеме да се најдеме во таква ситуација, ама затоа треба да постои во секој од нас барем малку човечност за и тебе утре да ти помогне некој друг.
колку пати имам видено постари луѓе или ќе паднат или едвај одат или не можат да преминат улица абе никој жив не ги ферма. а ја не можам, не сум таков.
сум првел глупости и може некој ќе рече ваков сум или таков, лош или одвратен ама душата ми е чиста. многу ми е жал за стари лица кога ќе ги видам сами на улица или во парк или било каде.
и не е вака само во македонија туку општо во светот е така.
во поголеми држави пак бетер е.
поарно да си живееш во некое племе, по шумине, по селана некаде. таму барем ќе те ценат и ќе ти помагаат кога имаш невоља и барем знаеш дека имаш прави пријатели
 
Темава ме потсети на една реплика на татко ми кога некој ќе му каже: Еден човек...(тоа и тоа направил или кажал)...татко ми често знае да одговори - Кој човек? Јас човек одамна немам видено...
Мене најмногу од се ми е жал што се повеќе и повеќе има вакви примери со деца кои покажуваат толкава суровост спрема некого, а сум ја осетила и на сопствената кожа. Застрашувачки е тоа што поимот дете, наместо да го поврзуваме единствено со пријатни доживувања и убави, чисти емоции, се поврзува и со вакви настани што предизвикуваат одвратност.
 
А бе и кога сакаш да помогнеш луѓето со скептичен поглед те гледаат.
Мене ми се деси пред неколку години, да и ја понудам мојата помош на една девојка, да и помогнам во носење на торбица. Ја знаев само на изглед оти ми беше комшика во другата зграда, најверојатно студентка. Ја видов дека се мачи и дека и беше тешка, едвај ја носеше, и пријдов и ја прашав, може ли да ти помогнам со торбицата. И она коа ме опули едно чудно, како од марс да сум падната. Ме изгледа од глава до пети и ми рече не, не ми треба. Добро и реков и заминав. Кога влегов дома излегов на тераса, оти сакав да видам кога она ќе стигне до пред влез. И требаа 15 минути после мене да стигне. Едвај одеше со таа тешка торбица во раце. Да ја прифатеше мојата помош ќе и беше полесно носењето. Ама вака се искилави. Не ја обвинувам за тоа што не прифати помош, ја разбирам дури, затоа што луѓето секогаш имаат задни намери.
Сепак и по таа случка, ако видам дека на некој му треба помош, а јас гледам дека можам да му помогнам, подавам рака. Најчесто кога ќе видам мало дете само на улица, обавезно го застанувам и го прашувам со кој е и каде е тој што го чува во моментот. За среќа до сега не ми се десило да налетам на изгубено детенце, па да мора да одам во полициска станица со него.
 
Вечер сам сум дома, ќе дојдеш да ме почуваш? :X3:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom