Бевме неколку другари на тоа дерби на јужна и ко за "инат" пројдовме низ сите случки од железничка до стадион и назад.
Прво бевте нападнати кај Мавровка од "браќата" брзо се заврши. Потоа кога пројдовте мостот кај жабарот од зградите имаше 20 комити кој ве чекаа и ве нападнаа. Видов само дека маваа со камења и потоа избегаа, што е реално 20 луѓе беа, но изгледаа доста спремни. За враќање исто кај жабарот се подогодивме баш во први редови, и кога гледам некои трчаат по кеј накај мостот, си викам ова комити ги бркаат чкембари. Се доближуваме со другариве и гледам чкембари пред мене трчаат и летаат камења. Се повлековме назад и налетаа претежно помлади комити и пред нив 4-5 желки ги застанаа. Имаше каменување на желките, кои почнаа по малце да се повлекуваат но стигна засилување и се растури групата. Си продолживме накај Аеродром и ете ги пак чкембари од другата страна по кеј. Стигнавме до железничка и баш застанавме да видиме да не има пак некоја фрка. Некои комити од маџер мало фрлаа со камење по чкембари, а овие почнаа да ги кршат излозите под железничка. Имаше и 5-6 деца од страната на Аеродром што маваа со камење по чкембари, но брзо беа разбиени од 5 џандари. Одеднаш Чкембари се стрчаа накај влезот на станицата, си помислив ги нападнале комити од позади, но немаше никој. Повеќето што ги видов ми делуваа избезумени, многу случки им се случија тој ден.